Комуникацијата: на форумов и надвор од него

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување
Во принцип јас не сум многу отворен со луѓето. Кажувам работи али не во целост. Немам доволно доверба. Затоа и се разликува форум - реалност комуникацијата. Вака на форум само дрндам на сите можни теми али не си кажувам се како што знам а во вистинскиот живот најчесто обожавам да слушам и понекогаш да се убацувам со мои приказни или заклучоци. Тука може сум тапа со финти и слично но во реалност тоа е малце поинаку.Ова го кажав без трошка на егоизам, зашто тоа сум јас всушност.
 
ја сум тој шо сум.. дали тука .. дали у веце.. дали на вонка со кого било како било.. такада...
 
Хммм... Колку прекрасна тема. Што се фолираат сите дека се исти и на форум и во вистински живот? Демек светици сме сите, сите сме скршени индивидуи, сите постови во врска со љубовта ни се колку сме заљубени, колку не повредиле. Па побогу, 50% од активните членови кажуваат работи што не ги мислат за репутација, за да се допаднат на некои членови, за сите да помислат: Леле, колку созреани личности постојат. Јас еве кажувам, покомуникативна сум на форум, затоа што и немам баш некоја отворена комуникација во живо, не можам да го остварам оној контакт со очите додека зборувам со некои што и не ми се така блиски. И за еден пост одвојувам 10-15 минути, за да го обмислам убаво, да не истрескам глупости, додека пак во живо е поинаку, на лице место ми текнуваат работите што сакам да ги кажам.

Муабет за на бања.

Кој ме знае може да потврди, каков сум на форум таков сум и во живо, океј во живо можеби помалце кењам али ипак го правам тоа доколку увидам дека човекот не е за серење. Имаше една болест (пак и го забораив името) која баш конкретно го објаснува тоа делење на форумски лик и реален лик. И баш е забавно да ги гледаш тие што патат од таа болест. Ама еден ден ко ќе грабнам неколку на аплаузи, ќе биде село гори баба си ја чеша :)
 
Каков сум на форум, таков сум и надвор. Можеби има некоја мала разлика пошто сепак едно е пред монитор друго е очи во очи да праиш со некој муабет или да дискутираш за нешто.
 
Дали сте отворени за комуникација и споделување на вашите чувства, мислења и ставови само на форумов или истото го правите и во вашиот живот надвор од него (и од интернетот).

Се надевам дека ме разбравте, поконкретно објаснете ги разликите на вашата комуникацијата преку нет, поточно еве преку форумов и комуникацијата со луѓето кои ве опкружуваат

Каде се чувствувате послободни да изразите чувства дали преку форумов каде повеќето луѓе не ве знаат или пак за истите да разговарате со пријателите околу вас?


п.с темава не ја поставив во психологија и филозофија за да не навлегуваме во некои такви дискусии, туку еве во општи муабети за едноставно да кажете дали има разлика за вас и каква е таа разлика меѓу комуникацијата по нет (да се задржиме на форумов) и комуникацијата со вашите пријатели кои секојдневно ве опкружуваат
На почетокот полесно ми беше да комуницирам надвор од форумов, но со текот на времето се ушалтав и овде. Со текот на времето, и интимата и некои работи кои можев да ги споделам само со моите пријатели, решив да ги откријам овде. Форумов премногу ми помогна во комуникацијата и тоа да не се двоумам кога треба да се изразам во секојдневниот живот. Наместо да се подготвувам за писмена работа по македонски, јас дискутирам на форум. И верувале или не, тоа ме ослободува од стегата да искажам се што мислам по писмен пат. Разликата во мојата комуникација на форумов и тет а тет, се состои во тоа што на форум, морам да изберам точно соодветни зборови за да ја искажам емоцијата. А кога зборувам во реалноста, тоа можам да го доловам и преку мимика.
 
Со тие што сум блиска и се знам подолго време.. уста не затворам.
Со тие што тек се запознавам или се знам два три дена ... уста не отворам :),така да за разлка овде на форумов со непознати сум покомуникативна отколку во живо,а понекомуникативна во однос на старите пријатели.
 
па прилично ист, еднаш еден другар на мсн ми вика“абе ти си Итар Пејо на Кајгана? му викам “шо’’? ми праи copy paste од еден пост и ми вика “не се праи луд ова е твој муабет’’ :)
Иначе ко за изразување тапа ми е што фаците тоновите и слични ствари не се пренесуваат овде :P.

ваљда ја разбрав темава :)
 
На почетокот полесно ми беше да комуницирам надвор од форумов, но со текот на времето се ушалтав и овде. Со текот на времето, и интимата и некои работи кои можев да ги споделам само со моите пријатели, решив да ги откријам овде. Форумов премногу ми помогна во комуникацијата и тоа да не се двоумам кога треба да се изразам во секојдневниот живот. Наместо да се подготвувам за писмена работа по македонски, јас дискутирам на форум. И верувале или не, тоа ме ослободува од стегата да искажам се што мислам по писмен пат. Разликата во мојата комуникација на форумов и тет а тет, се состои во тоа што на форум, морам да изберам точно соодветни зборови за да ја искажам емоцијата. А кога зборувам во реалноста, тоа можам да го доловам и преку мимика.

Јас па обратно во однос на болдираното. Колку повеќе сум на форумов толку поблиска станувам со форумџиите и не ми е сеедно како ме гледаат, како ме доживуваат, па се` поизразена ми е самоконтролата и не можам да си ја дозволам онаа искреност која ја имав на почетокот. Се обидувам да вметнам повеќе позитивност во размислувањата овде.

Во однос на второво, да. Форумов ми има помогнато и те како за градње на ставот и слично.
 
Тоа што го мислам го кажувам и на форум и надвор во реалниот свет :smir:
 
"У живо" сум многу по слободен и директен одколку на форум, не дека на форумов кажувам нешо шо не мислам, туку некој ствари едноставно ме мрзи да ги пишувам и ги преќутувам, и муабетот на форум ми е различен зашо сум многу саркастичен, и иам сјебана смисла за хумор, коа само у живо може да се долови, на форум некого можам да навредам, па затоа избегавам..не дека многу многу се замарам дали ќе навредам..
 
И на форумов и надвор од него се чувствувам слободна да изразам мислење. Комуникацијата никогаш не ми била проблем, а како на форумов, така и во реалноста уживам да докажувам поенти и да се надмудрувам :icon_lol:

Никогаш не сум се стегала, овде да пазам што ќе напишам да не не им се свиѓа на читателите, или надвор од форумов, да се потиснувам кога сакам да се искажам. Не.
Единствена разлика е тоа што тука можам многу поелоквентно да се изразам зошто дадено ми е време за обмислување на граматички и лексички правилни реченици што имаат смисла. :) Во живо може некогаш да забрљам кога сакам нешто да кажам, а го кажувам поглупо од тоа како сум сакала да звучи. :)
 
Прилично сум ист и на форум и у живо само у живо појке зборам а овде помалку оти ме мрзи да пишам:toe:
 
Прилично сум ист и на форум и у живо само у живо појке зборам а овде помалку оти ме мрзи да пишам:toe:

isto.
а бе ајде ќе се објаснувам на форум... пиши си мислење и чао. Па ќе пишувам еден километар и 5 страни за да објаснам на некого што сум сакала да кажам. Како не бе...
Така си сфатил, твој проблем, мој не е во никој случај.
 
Искрено...на форумов сум каде каде поопуштена од колку да кажувам за мој проблеми на некој близок тука сум тотално отворена и 100% искрена иста како и надвор од нет и кога ми е тешко можам да напишам и притоа некој да ме утеши без да знае која сум и да не се плашам дали некој зборел за мојот проблем на други или сл.Тука ја имам целата слободна на изразување и мислење и баш ми е топ си најдов и многу френдови луѓе со слични мислења :pipi:
 
Прилично сум ист и на форум и у живо само у живо појке зборам а овде помалку оти ме мрзи да пишам:toe:

Не да ме мрази да пишам ... Заправо прескокнувам да дам мислење на некои 70 % од работите кои ми изгледаат интересни ...
Од мрза , и со светлата помисла во главата : „ Кој ке штрака по тастатура сега “
Иначе во однос на слободност на израз итн ... исто шо би кажал во живо исто кажвам и тука ... Заправо во живо ке кажам многу поке ( најчесто во диатробна форма , при што прво ке разгледам повеке страни на приказната , ке ги оправдам и оспорам сите ... и На крајот како заклучок ке го кажам мојот став . АМА ТОА во живо пошто немора да го куцам на тастатура .)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom