Twilight

Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Да го обработела подобро немаше да светкаат вампирите :)
Ама мање битно тоа, типката направила совршена комбинација на работи што пали кај толпата: романса во која мажот е мистериозен,недопирлив и надвор од овој свет; вампир е(еден од најчестите фетиши кај жените) и ја сака како што секоја девојка сака да биде сакана. Што повеќе ти треба за милионски тиражи? :)
Башка тоа не знам што се запнале сите за стилот, па што очекувавте? Да го збогати англискиот јазик како Шекспир или да руши полови бариери како Џејн Остин? Јеа рајт! Девојката на разговорен начин си доловува емоции што се лесни за читање и секој ќе се „пронајде“. It's as simple as that.
И дај не ја зимајте при срце фамата за книгиве, едноставно релаксираат, набрзо ќе се појави нешто друго, што се секирате :)
 
N

Nephthys

Гостин
од кога бројот на копии стана мерило за тоа дали нешто е добро или не?
Ова значи дека ако некоја книга се продаде во милионски тираж денес дека не вреди ништо,затоа што нели е бестселер а бестселерите не ги бива.

Кога Коељо стана бест-селер автор, секој може да биде писател.
Тогаш напиши и ти нешто,пошто гледам ти иде пишувањето,па направи милиони како Коељо-ем ке се прославиш.:wink:
"Вероника реши да умре","Алхемичарот" и "Крај реката Педра седев и плачев" не се лоши книги и носат некоја порака за оној кој не ги чита површно.

Стефани Мејер е добар раскажувач,сепак според мене ликовите треба подобро да бидат разработени.Добро раскажано и површински навлезено во психологијата на главните ликови,за другите такво нешто нема.
Интересни книги кои се читаат во еден здив во секој случај.
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Хари Потер и Самрак се споредувани зошто имаат слични елементи. Всушност, Роулинг беше таа што ги постави темелите на она надприродното, на тој тип литература. Потоа искочија приказните за Нарнија, Ерагон, Спајдервик и во кои спаѓа и Самрак.
Вампири, врколаци.. сето тоа е Потер фактор.
Ако ги прашаш филмските шефови што им е побитно, квалитетна приказна или концепт што ќе ги наполни кино салите, нормално ќе го одберат второто.
Се согласивме дека Мејер има прост начин на пишување, за разлика од Роулинг која го работела цел серијал 17 години, но приказната е добра.. љубов меѓу вампир и девојка. Да го обработела тоа малку подобро можеби..
Изгледа ти не си запознаен со ваков тип на литература, Ј.К. Роулинг не ги постави темелите на фантастичното и натприродното тие постојат долго време уште пред таа да се роди. Нарнија не излезе после Хари Потер туку во 1950 и ред други книги од ваков тип. А натприродната литература не постои од скоро туку уште од времето на античките држави(Сумерија, античка Грција итн.).
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Nepthys напиша:
Критиката не му е смешна со оглед на тоа дека даде издржано објаснување зашто смета дека Сумрак Сагата е копија на Вампирските Дневници од Лиса Смит,кој ги има читано ке знае точно на што мисли,момче.
Зарем навистина го игнорираш она кое се трудам да го кажам. Тиражот не е мерило за квалитетот и тоа е се`. Твајлајт е модерно љубовно романче како оние што се продаваа за 100 динари во време на Југославија и секоја домаќинка ги читаше по автобуси.

Општо на темата, ама со блага посвета на Потер. Многу е глупаво да фатиме да си ги “мериме“ кој е начитан, кој знае повеќе наслови и која е содржината. Поентата на книгите не е таа, тотално е небитно всушност дали вамприте се заљубиле и одлетале или Хари прво бил дете па пораснал и го победил злобниот вештер, туку што тие приказни носат со себе како емотивна вредност за секој од нас.

Исто така, многу е лесно сите да се фатиме за Достоевски за да не не` прогласат за неписмени. И исто толку лесно е да се исплука Твајлајт или Коељо или Дитас. Шунд литературата е како шунд музиката, има улога да опушти, не да образова и натера на размислување.
Од друга страна, сосема во ред е да застане човек позади својот избор од типот на Твјалјат или Хари Потер и цврсто да каже дека му се допаѓа, тоа одразува карактер, став, тоа е одлично. Она кое ја руши евентуалната почит е кога истиот човек ќе каже за друго “фаст фуд“ дело дека е глупаво.
Класиците се класици, тие се недопирливи. Модерната литература, онаа на втората половина на дваесеттиот век па наваму е предмет на истражување на критичарите. Не мислам на оние критичари кои работат за профитабилни куќи од типот на CNN, иако сепак, човекот кој сака да ја истражува културата ќе биде иструен токму со нив, а тие се како светската здравстена организација која го убеди светот дека свинскиот грип ќе не избрише од лицето на земјата за да ги продаде своите лекови и да профитира.

Затоа, сакајте си ги Твајлајт и Хари, сакајте си го и Дитас, ама бидете доблесни да не плукате по други бестселери ако и сами сте фан на бестселер.
Патем, зошто се бестселери, зашто се продаваат во огромен број копии, то ест на огромен број луѓе, што значи дека сите тие луѓе уживаат во она кое им е сервирано, то ест се дел од големата медиокритетска маса. Исклучително ретки се актуелните бестселери кои навистина имаат голема уметничка вредност која еден ден може да прерасне во битно дело на светската литература.
Не, Твајлајт не е едно од нив. Не, ни Потер не е.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.495
Поени од реакции
31.064
Хари Потер и Самрак се споредувани зошто имаат слични елементи. Всушност, Роулинг беше таа што ги постави темелите на она надприродното, на тој тип литература. Потоа искочија приказните за Нарнија, Ерагон, Спајдервик и во кои спаѓа и Самрак.
Вампири, врколаци.. сето тоа е Потер фактор.
Ако ги прашаш филмските шефови што им е побитно, квалитетна приказна или концепт што ќе ги наполни кино салите, нормално ќе го одберат второто.
Се согласивме дека Мејер има прост начин на пишување, за разлика од Роулинг која го работела цел серијал 17 години, но приказната е добра.. љубов меѓу вампир и девојка. Да го обработела тоа малку подобро можеби..
Вака да те поправам. Серијалот ''Хрониките на Нарнија'' е испаднат1950–1956. Трите книги ''Господарот на прстените'' се испаднати прв пат 1954-55.
Хари Потер, Самрак сагата, Ерагон, се ''новитет'', но сепак имаат елементи од Нарнија и Господарот на прстените.
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
153
Поени од реакции
13
Да не ве цитирам сите посебно..
Точно дека сите тие книги се испаднати пред Потер, но им требаше долго време пред да се појават на филмското платно. Не беше намерата да се пренесе едно интересно литературно дело, туку да се ќари Потер феноменот што владее во светот. Бидејќи Нарнија ги има сите елементи кои го направија Потер хит.
Кој ја знаеше Самрак пред да се појави на филмско платно? Или било која книга што ја набројав? Кога повеќето видоа колку профит може да оствари таков филм со надприродности, сите книги се прославија по водството на Потер. На самата Нарнија и требаше 47 години за некој да слушне за лавот, вештерката и плакарот.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Да Fantasy за ова си во право сето ова почна по излегувањето на Хари Потер и сето ова више отиде можеби подалеку од колку што треба па видете славните више почнаја како вампири да се прават да бидат бели ко бес крв :(
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Сте слушнале за Vampire Diaries? Што ќе биде ако Стефани прими тужба за плагијат?
 
N

Nephthys

Гостин
Зарем навистина го игнорираш она кое се трудам да го кажам. Тиражот не е мерило за квалитетот и тоа е се`.
Не те негирам.
Се согласувам со твојата констатација,само сакав да нагласам дека не мора да значи дека ако некое дело се продаде во голем тираж во денешно време дека не вреди ништо.

Сте слушнале за Vampire Diaries? Што ќе биде ако Стефани прими тужба за плагијат?
That was exactly my point.
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Што сакате зборете ама Господарот на Прстените е најдобра fantasy книга и плус филмот е најдобар од горенаведените. А Самрак е само м*** за бурези.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Ова значи дека ако некоја книга се продаде во милионски тираж денес дека не вреди ништо,затоа што нели е бестселер а бестселерите не ги бива.

Тогаш напиши и ти нешто,пошто гледам ти иде пишувањето,па направи милиони како Коељо-ем ке се прославиш.:wink:
"Вероника реши да умре","Алхемичарот" и "Крај реката Педра седев и плачев" не се лоши книги и носат некоја порака за оној кој не ги чита површно.

Стефани Мејер е добар раскажувач,сепак според мене ликовите треба подобро да бидат разработени.Добро раскажано и површински навлезено во психологијата на главните ликови,за другите такво нешто нема.
Интересни книги кои се читаат во еден здив во секој случај.
Дали напишав за оние кои не ме разбрале да не читаат понатаму, и да продолжат да уживаат во геј литературата? Дали ти тоа го прочита?

Кога не ми ја сфати поентата, зошто воопшто реплицираш? Кај реков јас дека секоја книга со милионски тираж не чини?

Која е поентата на "Вероника..."? Ако случајно некогаш случајно си во Словенија и те убива монотонијата, и пробаш да се убиеш, и по некоја неверојатност преживееш и си сместена во институција за умоболни, не очајувај, може ќе ја најдеш љубовта на својот живот, тип кој 2 страни пред крај испаѓа дека е сосема нормален а ти си таа која сопствениот доктор ја лажел дека има 7 дена преостанат живот? Прекрасно, зарем не?

Ако ти, или било кој уживате во таквите приказни, тогаш е океј. Но тоа што се продале во милионски тираж и напалени тинејџерки свршаваат на вампирот не е мерило за тоа дека книгата е добра. Остај го на страна тоа што ликовите не се разработени, приказната не чини. Девојка се заљубува во вампир, и следуваат нивните авантури. Тоа треба да е темата, а не цела приказна.
 
N

Nephthys

Гостин
Дете,многу агресивно настапуваш на една тема за која не си доволно зрела.
Очекувано е така плитко да ги доживуваш работите и да го банализираш до тој степен Коељо бидејќи и повеќе од очигледно е дека не можеш да ги сватиш пораките кои ги носат таквите книги.
Ако се оди според твојава логика тогаш и Хемингвеј за тебе е банален или во најдобар случај просечен бидејки пишува книга за еден рибар кој лови риба цело време и плови низ морето.Фолкнер и неговиот модернистички пристап ке ти изгледа на неповрзано скокање од тема на тема.
Поради таквиот начин на размислување Хаклебери Фин која се смета за зачетник на дистикната американска книжевност-бил сместуван на полици за детска литература.
Толку од твоето познавање и банализирање на американската литература.
Американците немале потреба да пројдат низ сите стадиуми и движења кои ја окарактеризирале Европа од многу причини кои не се тема на овој пост.
Доволно е смешно твоето тврдење дека немале ренесанса,бидејќи за ренесанса во Америка немало потреба,затоа што Америка е населена во 16 и 17 век а европските доселеници со себе веќе ги понеле ренесансните идеи и на тој начил и дале на Америка предност над Европа.

Кога зборам за Сумрак и писателските способности на Стефани Мејер бесмислено е да се повторувам.
Каква е таа геј литература?Кои се нејзини карактеристики?Немој само да претпоставуваш дека знаеме што се случува во твојата глава бидејки сите ние имаме различни дефиниции.
И гледај да напишеш еден пост во кој нема да ја покажеш твојата фрустрација со хомосексуалците.
Ако некој погрешно те толкува тоа значи дека не си доволно јасна и концизна во пишувањето,расфрлан ти е постот на сите страни.

Ова е форум и секој може да реплицира,правила овде не можеш да поставуваш-тоа можеш само дома.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
26
Поени од реакции
7
Патем, зошто се бестселери, зашто се продаваат во огромен број копии, то ест на огромен број луѓе, што значи дека сите тие луѓе уживаат во она кое им е сервирано, то ест се дел од големата медиокритетска маса. Исклучително ретки се актуелните бестселери кои навистина имаат голема уметничка вредност која еден ден може да прерасне во битно дело на светската литература.
Не, Твајлајт не е едно од нив. Не, ни Потер не е.
Извини, но Хари Потер се токму од оние бестселери што имаат уметничка вредност. Многу си грешка во размислувањето! Хари Потер воопшто не е комерцијален!!!

Тогаш напиши и ти нешто,пошто гледам ти иде пишувањето,па направи милиони како Коељо-ем ке се прославиш.:wink:
"Вероника реши да умре","Алхемичарот" и "Крај реката Педра седев и плачев" не се лоши книги и носат некоја порака за оној кој не ги чита површно.
Коељо е еден од најлошите и најкомерцијални писатели на сите времиња. Носат порака за оној кој не ги чита површно? Па, ДА!!! Зарем не знаеше дека секоја книга носи некоја порака доколку не ја читаш површно (и ако сакаш да најдеш порака)? Дури и еден обичен и прост Самрак?!
 
N

Nephthys

Гостин
A што тебе толку те ремети Самрак?
Од каде толкава огорченост кон една книга?
Да ги имаше прочитано сите книгите на оние писатели кои погоре ги наброја немаше да се фатиш ко слеп за стап за Хари Потер и немаше да давиш како е Хари Потер најдобар,ненадмашлив и како за 60 години ке биде литературна библија.

Коељо не е поврзан со насловот на темава,ако сакаш да го дискутираш отвори нова.
Јас не мислам дека е посебно добар писател ама не е ни толку лош како што пробувате да го претставите.
И да,Хари Потер е комерцијален:wink:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
A be!
Twilight e lesno cetivo na modernata amerikanska Stephen King i James
Paterson itn literatira!

Interesno cetivo, ne vo kategorija na Romen Rolan ili Emil Zola, no sepak ne e ni Ditas!

Harry Potter za mene isto taka e del od taa grupa na moderna mass
media produkcija na cetiva!
I da komercijala e!
Kako i Twilight!

No, Tolkien! Toa e druga prikazna:

"in the english speaking world there are two types of persons: ones that have read the Lord of the Rings and the ones that have YET to read it!"

Ova od zadnata strana na izdanieto koe go imam jas doma (a bidejki sum clen na Tolkien 10 000) znaci del od mala (globalno) grupa lica koi gi imaat citano i proicuvano site Tolkienovi dela nad 100 pati (bukvalno) cinam deka imam pravo da recam deka e del od svetskite klasici!!!)).

A Elbereth Gilthoniel
silivren penna miriel
o menel aglar eleanath!
na-chaered palan-diriel
o galadhremmin ennorath
Fariulas, le linnathon
nef aear, si nef aearon!

Namaríe! Nai hirulalye Valimar! Nal elye hiruva. Namaríe!


I wil now take my solemn bows having said my short but well placed piece of my mind!
/Garfield se poklonuva i zaminuva so gordo isoraveno celo i cekor na mudrec/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom