Twilight

N

Nephthys

Гостин
Терај, следна тема на листата да ти предложам, Кочо Рацин, типот нема ни сто илјади копии продадено, катастрофа е, ќе го уништиш со два реда муабет за Хари Потер. :helou:
Не ти е фер споредбава,споредуваш поезија и проза.
Мене лично Хари Потер и Кочо Рацин ми немаат допирни точки.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Поентата, девојко, е дека не може да се докажува квалитет врз основа на продадени копии. И Мили Ванили продадоа илјадници копии, ама пееја на плејбек и со позајмени гласови на некои грди но моќни пејачи.

Не дека го сметам Твајлајт за врвот на уметноста, ама негативна критика од обожавател на Хари Потер на сметка на Твајлајт е смешно ко слон кој танцува.
 
N

Nephthys

Гостин
Критиката не му е смешна со оглед на тоа дека даде издржано објаснување зашто смета дека Сумрак Сагата е копија на Вампирските Дневници од Лиса Смит,кој ги има читано ке знае точно на што мисли,момче.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
26
Поени од реакции
7
WoW е сега ме погоди во левата патика со твоите познавања од литературата. :pos2: Не кажав ништо против Хари Потер ниту пак го успорувам фактот што го имаш наведено, само треба да разбереш дека не сите имаат ист вкус.Таа ми беше поентата. И немој да мислиш дека си единствениот на овој свет кој има читано плс. Па одозгора ќе импресионираш со набројување на големите класици како што ги имаш наречено. Не летај бре брат.
Па, со оглед на тоа што ти се допаѓа Самрак не те сметам за многу начитана личност, искрено! Поздрави од мене :)

Twilight Stephenie Meyer English 4 2005–2008 85 million. Бидејќи го мериш квалитетот по продадени копии, велиш дека 85 милиони копии се мачја кашлица а?
Како да завртиш, Твајлајт го напаѓа човек кој е вљубеник во Хари Потер, лик од книга која спаѓа во жанрот детска фантазија. Терај, следна тема на листата да ти предложам, Кочо Рацин, типот нема ни сто илјади копии продадено, катастрофа е, ќе го уништиш со два реда муабет за Хари Потер. :helou:
85 милиони од кога е излезена книгата, а Хари Потер ти е 16 милиони примероци 24 по излегувањето на седмиот дел и тоа САМО во САД. А Хари Потер можеби спаѓа во жанрот детска фантазија, но само за првите 3 делови. Од четвртиот нагоре, можеш да кажеш се освен дека е детска. А поезија со проза не се споредува, со што покажуваш колку си „одличен“ познавач на литература :)

Критиката не му е смешна со оглед на тоа дека даде издржано објаснување зашто смета дека Сумрак Сагата е копија на Вампирските Дневници од Лиса Смит,кој ги има читано ке знае точно на што мисли,момче.
Благодарам за поддршката, барем некој разбира што сакам да кажам :)

П.С. И како објаснување на сите Самрак фанови, кога веќе ја споредуваат со Хари Потер, (што стварно нема допирни точки, според мене): Стефани Мајер напиша книга; Џ. К. Роулинг создаде свет!
 
Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Моето чувство за квалитет не е развиено само од Хари Потер, туку од големите класици како што се Шекспир, Достоевски, Толстој, сестрите Бронте, Остин, Балзак, Шели, Редклиф и многу многу многу други квалитетни имиња (ако воопшто знаеш кои се).
Не сакам да навлегувам во коментари за Хари Потер зашто не ме заинтересирала ниедна од книгите да ги прочитам, обеси ме ако сакаш, гајле ми е.
Ама едно не ми е јасно, како можеш да споредуваш класици со бум бестселер според кој се прават хит филмови?!
Тешки имиња паднаа на дискусија за тинејџерска романса што јас ја сфатив најлефтерно и така и ги прочитав книгите, од разонода. Сакав да си го ставам мозокот на пасење и да и' дозволам на некоја дебела Американка да ми опишува емоции испреплетени со некои нејзини фикс идеи за вампири и шејпшифтерс и се'.
Што има сеа ја да се праам паметна дека сум праела анализи на Бронте или дека сум се восхитувала на драми од Шекспир, тоа е мешање баби и жаби.
Остај ги бестселерите да си бидат тоа што се- разонода за пошироките маси ;)
 
Тоа е штосот со повеќето луѓе: мислат дека Хари Потер е некој бестселер како и другите! Но, верувајте ми, како што ние денес обработуваме Шекспир и Балзак, така децата за едно педесет години ќе ја обработуваат Роулинг како класичен писател - што всушност и е :) Поздрави
 
N

Nephthys

Гостин
За тебе Роулинг е подобра писателка од Достоевски,Толстој,Бронте,Хемингвеј,Маркес,Чехов..?
 
Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Тоа е штосот со повеќето луѓе: мислат дека Хари Потер е некој бестселер како и другите! Но, верувајте ми, како што ние денес обработуваме Шекспир и Балзак, така децата за едно педесет години ќе ја обработуваат Роулинг како класичен писател - што всушност и е :) Поздрави
Што сака нека биде Роулинг за сто години, јас само ти кажав да не се јачаш дека си начитан класици на тема за разводенета тинејџерска литература.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Ај да ве прашам вас погоре што се расправате за тоа дали вреди Хари Потер повеќе од геј романсата на вампири, од кога бројот на копии стана мерило за тоа дали нешто е добро или не? Ако ретардирани американци што прескокнале периоди како ренесансата, барокот, романтизмот, реализмот итн. сакаат одеднаш да се образоваат и мислат дека сите книги имаат некаква вредност, па ги купуваат, дали тоа значи дека Коељо би требало да е на исто ниво со Достоевски? И едниот има продадено многу копии, и другиот има.

Доколку не ми ја сфативте поентата, престанете со читање тука. Слободно дружете си се со вампирите, читајте си такви книги за пополнување слободно време и мислете дека ја разбирате светската литература.

Значи, бројот на копии на една книга не е мерило за тоа колку нештото е добро. Денес може да се напише фасцинантна книга од реална гледна точка и да не биде добро продавана како што ќе биде некоја Твајлајт книга кај што 500 страни не се случува ништо, затоа што светот и неговото чувство за литература не е способно да ги перцепира нештата какви што се, сурови, да ги сфати настаните во една реална приказна на сопствен начин и во наредните 3 месеци да размислува за таа сурова приказна. Тука влијае и уште еден фактор - тинејџерките кои збеснуваат по лигави приказни и се палат на вампири, па затоа еден автор може да направи профитабилен бизнис и да направи пари затоа што знае што да и даде публиката.

Хари Потер никој не може да седне и да го напише одеднаш. Вложено е труд во делото, и, колку и да не ми се свиѓа морам да признаам дека е срамота да го споредувате со Твајлајт. Кога Коељо стана бест-селер автор, секој може да биде писател.

Ми се гади кога ќе видам како напалени тинејџерки воршипуваат геј приказни со вампири, кога тие се и воедно, единственото нешто што го прочитале.
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52

Е да имаш право, девојќите се лупаат од земја во истиот момент откако ке го слушнат зборот twilight, почнуваат хистерично да врескаат како да добиле кравјо лудило итн. Мислам дека проблемот е во тоа што оние девојќи кои го прават ова претерано се соживуваат со ликовите од книгата, а тоа не ќе е на арно. Така да не се трескајте многу од земја бидејќи вампири не постојат, а не пак такви кои светкаат или пак брзусловно сакаат грди девојќи и слични срања.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
26
Поени од реакции
7
За тебе Роулинг е подобра писателка од Достоевски,Толстој,Бронте,Хемингвеј,Маркес,Чехов..?
Тоа не го реков воопшто. Само реков дека еден ден ќе биде вреднувана исто како и погоре споменатите. Не си ме разбрал/а.
После се, Хари Потер е само едно добро дело, и покрај тоа што е серијал од седум книги, додека другите имаат повеќе такви. :) Поздрави

Ај да ве прашам вас погоре што се расправате за тоа дали вреди Хари Потер повеќе од геј романсата на вампири, од кога бројот на копии стана мерило за тоа дали нешто е добро или не? Ако ретардирани американци што прескокнале периоди како ренесансата, барокот, романтизмот, реализмот итн. сакаат одеднаш да се образоваат и мислат дека сите книги имаат некаква вредност, па ги купуваат, дали тоа значи дека Коељо би требало да е на исто ниво со Достоевски? И едниот има продадено многу копии, и другиот има.

Доколку не ми ја сфативте поентата, престанете со читање тука. Слободно дружете си се со вампирите, читајте си такви книги за пополнување слободно време и мислете дека ја разбирате светската литература.

Значи, бројот на копии на една книга не е мерило за тоа колку нештото е добро. Денес може да се напише фасцинантна книга од реална гледна точка и да не биде добро продавана како што ќе биде некоја Твајлајт книга кај што 500 страни не се случува ништо, затоа што светот и неговото чувство за литература не е способно да ги перцепира нештата какви што се, сурови, да ги сфати настаните во една реална приказна на сопствен начин и во наредните 3 месеци да размислува за таа сурова приказна. Тука влијае и уште еден фактор - тинејџерките кои збеснуваат по лигави приказни и се палат на вампири, па затоа еден автор може да направи профитабилен бизнис и да направи пари затоа што знае што да и даде публиката.

Хари Потер никој не може да седне и да го напише одеднаш. Вложено е труд во делото, и, колку и да не ми се свиѓа морам да признаам дека е срамота да го споредувате со Твајлајт. Кога Коељо стана бест-селер автор, секој може да биде писател.

Ми се гади кога ќе видам како напалени тинејџерки воршипуваат геј приказни со вампири, кога тие се и воедно, единственото нешто што го прочитале.
Тотално и апсолутно се согласувам со тебе! Тоа со статистиката беше само указ на тоа дека Хари Потер е најпродавана книга во историјата на литературата, ништо повеќе. Сосема сум согласен со тоа што велиш дека делото не се вреднува по број на продадени примероци. И Паоло ти беше добар пример. Човекот нема врска. Го пишува токму тоа што луѓето сакаат да го прочитаат, и да бараат некои скриени значења во неговите глупави и прости реченици. И добро е што сфаќаш дека Хари Потер е подобар од Самрак, затоа што ми се блуе кога луѓето ги споредуваат тие две дела, искрено. Немаат никакви допирни точки! Срдечни поздрави до тебе :)
 
G

Giggles

Гостин
Па, со оглед на тоа што ти се допаѓа Самрак не те сметам за многу начитана личност, искрено! Поздрави од мене :)
А реков ли некаде во постовите дека сум фан на Самрак??? Да не поседуваш некоја скирена моќ да читаш туѓи мисли?
Ако некој не се согласува со твоето мислење не мора веднаш да се чувствуваш навредено, едноставно прифати го фактот дека не секој има исто мислење како твоето.Впрочем за тоа и постојат форумите,за да споделиме мислења ,а не да се обидуваш да ми докажеш нешто за кое веќе си имам изградено свој став.
Поздрав :smir:
 
По муабетот баш како фан звучиш, а дали си - не знам. И, не, не плаши се немам моќ да ги читам мислите на луѓето, далеку од тоа.
Инаку, не сакам никој да убедувам или да му наметнувам мислење, само ептен ме бодеше во очи кога во Уметност, литература и јазик видов тема каква што е оваа - Самрак! Стварно не може да се сврсти ниту во уметноста, ниту во литературата, а за јазикот на кој е напишана книгата да не зборуваме!
Поздрави и од мене :)
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
153
Поени од реакции
13
Хари Потер и Самрак се споредувани зошто имаат слични елементи. Всушност, Роулинг беше таа што ги постави темелите на она надприродното, на тој тип литература. Потоа искочија приказните за Нарнија, Ерагон, Спајдервик и во кои спаѓа и Самрак.
Вампири, врколаци.. сето тоа е Потер фактор.
Ако ги прашаш филмските шефови што им е побитно, квалитетна приказна или концепт што ќе ги наполни кино салите, нормално ќе го одберат второто.
Се согласивме дека Мејер има прост начин на пишување, за разлика од Роулинг која го работела цел серијал 17 години, но приказната е добра.. љубов меѓу вампир и девојка. Да го обработела тоа малку подобро можеби..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom