Twilight

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Филмо го имам гледано не ми е ништо посебно а книгите немам ги читано а и не сум во план да ги читам не ме привлекува таа приказна за вампирите.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Па сеа зависи за кого за мене не се неш посебно интересни Филмовите со вампири
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
тинејџерите, се расчитаа книги секој ден гледам тинејџери кој наместо да ги читаат лектирите и некоја друга литература сите само самрак ја земаат или полна месечина или како и да се вика, а филмот сите го гледаат заради главниот актер
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Значи не е до филмот туку до актерот е

до тинејџерска шема е потоа сето другото си оди само по себе,не во ред е филмот вистина ама со сето тоа не знам како да го наречам навлегување во филмот ми стана и одбивен и не го гледав а помалку да ја прочитам книгата, а филмот некако и емо ми такви корени ми влечи тоа ти е причина плус за да не го гледам
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
до тинејџерска шема е потоа сето другото си оди само по себе,не во ред е филмот вистина ама со сето тоа не знам како да го наречам навлегување во филмот ми стана и одбивен и не го гледав а помалку да ја прочитам книгата, а филмот некако и емо ми такви корени ми влечи тоа ти е причина плус за да не го гледам
Па да во право си до тин шемата а све почна од Хари Потер
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Па да во право си до тин шемата а све почна од Хари Потер

ама пак ако гледаме од друга страна и позитивно е се расчитаа и почнаа да одат во библиотека почнаа да читаат,потоа може ќе му се јави љубов кон читањето и ќе продолжат со други книги,Хари потер не можеме да го споредуваме со Twilight, заради што Twilight е буквално тинејџерска тема, љубов разочарување, каде што тинејџерите се наоѓаат во некој од темите обработени во филмот а во Хари Потер не е така
 
Член од
27 март 2009
Мислења
26
Поени од реакции
7
Значи вака луѓе: на сите што ви се допаѓа Самрак - немате поим од книжевност и литература (no hard feelings)!
Како може да ви се допадне книга каде што нема никакви случувања и заплетот се случува и се решава на последните 50 страници?! Искрено, мислам дека светот е отиден стварно наваму-натаму! Да се нема чувство за квалитет и да го задоволувате умот со толку прости нешта?!
Извинете, ама мислам дека сите што го вреднувате Самрак можете слободно да ја напуштите оваа категорија!

(и да ги имам прочитано сите четири дела (зошто, зошто, ЗОШТО?!), и затоа коментирам!)

Поздрави!
 
G

Giggles

Гостин
Можеби и мене не ми се допаѓа Хари Потер,па никому ништо. Ако твоето чувство за „квалитет“ е поразлично од другите, тоа не значи дека си попаметен од останатите на кои им се допаѓа Самрак. И твоето „no hard feeling“ воопшто ништо не менува.

Edit> Наменето за Potter.
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
За Harry. То грнчару потполно се согласувам со тебе и јас ги имам прочитано сите делови и мислам дека не се нешто посебно, му доаѓа нешто како шпанска серија со вампири. Но секој си има различен вкус за овие работи поготово девојчињата кои буквално се лупаат од земја на филмот и книгите. Без навреда но мислам дека постојат многу подобри љубовни и\или книги со вампири од "Самрак".
 
Моето чувство за квалитет не е развиено само од Хари Потер, туку од големите класици како што се Шекспир, Достоевски, Толстој, сестрите Бронте, Остин, Балзак, Шели, Редклиф и многу многу многу други квалитетни имиња (ако воопшто знаеш кои се). А што се однесува за Хари Потер, преводите на делото на латински и старогрчки можат да се споредат со „Илијадата“ или „Одисеја“ и дека е најдоброто напишано дело во историјата на модерната литература. Што уште, седмиот и последен дел од Хари Потер серијалот е најпродавана книга во историјата, со 16 милиони примероци во првите 24 часа само во САД, додека последниот дел вашиот „уважен“ серијал Самрак беше продаден во 1.3 милиони примероци во првите 24 часа, на глобално ниво. Статистиката зборува се. И дали навистина треба да споменам дека секој ден на продадени Хари Потер книги по просек се зголемува за 5000 примероци дневно?
Поздрави! :)

Така е! И дали треба да напоменам дека Самрак е само препишена? Не сфаќајте во буквална смисла на зборот, но Мајер само ги преработила веќе постоечките книги за вампири на Лиса Смит, серијалот од пет книги со наслов Дневниците на Вампирите. Во Дневниците на Вампирите, Елена е девојка која е депримирана поради смртта на своите родители, но во училиштето се запознава и вљубува во најмистериозниот ученик од сите, вампирот Стефан. Додека Елена и Стефан се запознаваат се повеќе, таа полека почнува да се сомнева дека Стефан крие нешто од неа, дека таа го привлекува повеќе од било која друга девојка, дека го возбудува нејзината крв. Ring a bell? Единствената разлика помеѓу Самрак и Дневниците на Вампирите е тоа што Смит си ја знае работата како писател и ги напишала во време кога не снимале филм од секоја книга што ќе излезе од печат, додека Мајер само си „тресе“ работи што ќе и паднат на памет. И да, Дневниците на Вампирите следат некој добро осмислен заплет, за разлика од некои книги каде што се се случува само во последните неколку страници. Поздрави :)
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Можеби и мене не ми се допаѓа Хари Потер,па никому ништо. Ако твоето чувство за „квалитет“ е поразлично од другите, тоа не значи дека си попаметен од останатите на кои им се допаѓа Самрак. И твоето „no hard feeling“ воопшто ништо не менува.

Edit> Наменето за Potter.
Патем Хари Потер е совршенство кога ке се спореди со Самрак. Доста е оригинално и поинтересно.
 
G

Giggles

Гостин
Моето чувство за квалитет не е развиено само од Хари Потер, туку од големите класици како што се Шекспир, Достоевски, Толстој, сестрите Бронте, Остин, Балзак, Шели, Редклиф и многу многу многу други квалитетни имиња (ако воопшто знаеш кои се). А што се однесува за Хари Потер, преводите на делото на латински и старогрчки можат да се споредат со „Илијадата“ или „Одисеја“ и дека е најдоброто напишано дело во историјата на модерната литература. Што уште, седмиот и последен дел од Хари Потер серијалот е најпродавана книга во историјата, со 16 милиони примероци во првите 24 часа само во САД, додека последниот дел вашиот „уважен“ серијал Самрак беше продаден во 1.3 милиони примероци во првите 24 часа, на глобално ниво. Статистиката зборува се. И дали навистина треба да споменам дека секој ден на продадени Хари Потер книги по просек се зголемува за 5000 примероци дневно?
Поздрави! :)
WoW е сега ме погоди во левата патика со твоите познавања од литературата. :pos2: Не кажав ништо против Хари Потер ниту пак го успорувам фактот што го имаш наведено, само треба да разбереш дека не сите имаат ист вкус.Таа ми беше поентата. И немој да мислиш дека си единствениот на овој свет кој има читано плс. Па одозгора ќе импресионираш со набројување на големите класици како што ги имаш наречено. Не летај бре брат.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Моето чувство за квалитет не е развиено само од Хари Потер, туку од големите класици како што се Шекспир, Достоевски, Толстој, сестрите Бронте, Остин, Балзак, Шели, Редклиф и многу многу многу други квалитетни имиња (ако воопшто знаеш кои се). А што се однесува за Хари Потер, преводите на делото на латински и старогрчки можат да се споредат со „Илијадата“ или „Одисеја“ и дека е најдоброто напишано дело во историјата на модерната литература. Што уште, седмиот и последен дел од Хари Потер серијалот е најпродавана книга во историјата, со 16 милиони примероци во првите 24 часа само во САД, додека последниот дел вашиот „уважен“ серијал Самрак беше продаден во 1.3 милиони примероци во првите 24 часа, на глобално ниво. Статистиката зборува се. И дали навистина треба да споменам дека секој ден на продадени Хари Потер книги по просек се зголемува за 5000 примероци дневно?
Поздрави! :)
Twilight Stephenie Meyer English 4 2005–2008 85 million. Бидејќи го мериш квалитетот по продадени копии, велиш дека 85 милиони копии се мачја кашлица а?
Како да завртиш, Твајлајт го напаѓа човек кој е вљубеник во Хари Потер, лик од книга која спаѓа во жанрот детска фантазија. Терај, следна тема на листата да ти предложам, Кочо Рацин, типот нема ни сто илјади копии продадено, катастрофа е, ќе го уништиш со два реда муабет за Хари Потер. :helou:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom