- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Предизборни обвинувања во Шуто Оризари
Коментари (0)
12.03.2009 17:34
Жителите на Шуто Оризари го обвинуваат кандидатот за градоначалник Елвис Бајрам за насилство и самоволие.
Велат своите билборди ги заварувал на јавни огради, сечел канделабри, ја извадил оградата од главната улица во Шуто Оризари и ја ставил во дворот на својата семејна куќа.
„На Амди бајрам синот што се кандидира за градоначалник, оградата си ја поставил кај себе лично дома во дворот.
Каде што треба да додава он зема. Мислам дека не требало вака“, вели граѓани на Шуто Оризари.
На снимките кои ги добивме од жителите се гледаат извадени канделабри зад штабот на Елвис Бајрам. Проверивме во неговата куќа таму навистина има ограда со исти шари како онаа на улицата. Таткото на Елвис и негов шеф на изборниот штаб Амди Бајрам вели тоа не е истата ограда. Тврди оградата кај неговиот син е извадена од негов објект срушен во 2003. година, а заеднички им се само истите шари.
„Може да одите кај Елвис, можда обликот е исти, но дебелината на оваа ограда не е иста. Таа е потенка, помал облик и не е ваква. И други стубови и друго се е. Значи јас ова го демантирам. Ова се глупости. Ова се монтирани работи“, рече Амди Бајрам.
Елвис Бајрам е кандидат на партијата Сојуз на Ромите, чиј претседател е Амди Бајрам.
Извор А1