Сакам да зготвам: ... помош!

T

Tetro

Гостин
Дали ќе може да споделите со мене некој рецепт за тикварник? Многу ми се јаде, ама не знам некој интересен рецепт. :(
Тикварник - рецептот на баба. :)

- Околу 1,5 кг тиква (печена или варена), испасирана
- 3 јајца
- 15 лажици шеќер (многу повкусно е ако е кафеав)
- 1 кесичка ванилин шеќер
- од 0,5 до 0,25 л млеко (количеството е во зависност од сувоста на тиквата)

Се матат јајцата со шеќерот, се додава тиквата, ванилата и на крај млекото, се измешува и се пече. Пред да се пече одозгора може да се стави цимет.
 
T

Tetro

Гостин
Рецепт за сите кромидари, гурмани:

Кромид полнет со грав

Време за подготовка: 20 мин.
Време за готвење: 80 мин.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
  • 2 Главици лук
  • 150 грама Грав
  • 1 лажица Дафинка
  • 200 грама Домати
  • 10 главици Кромид
  • 1 мала китка Магдонос
  • 1 чаша 200мл Масло
  • 50 грама Моркови
  • 20 милилитри Оцет
  • 1 мала лажица Црн пипер


ПОДГОТОВКА:
Исчистете ги главиците кромид и отсечете им ги врвовите околу 2-3 сантиметри. Во зовриена вода во тенџере на оган додадете оцет, наредете го кромидот и варете околу 15 минути. Процедете ја врелата вода од тенџерето па налејте ладна за кромидот побрзо да се излади. Изладениот кромид извадете го од тенџерето, извадете им ги средините, така да останат само по 2-3 надворешни прстени. Средините од кромидот ситно исечкајте ги и испржете ги во тенџере на малку масло. Додадете ги изренданиот морков, сварениот грав, излупениот домат исечкан на поситни коцки, исечканиот лук, ситно исечканиот магдонос и мешаниот зачин. Потоа наросете црн пипер, промешајте и динстајте околу 15 минути. Со добиениот фил полнете ги кромидите, наредете ги во огноотпорен сад, попрскајте со масло, налејте малку вода и печете во загреана рерна 35 минути на 200 степени. Последните 10 минути од печењето врз полнетите кромиди ставете ги отсечените врвови за и тие малку да се запечат.

Пријатно јадење. :)



http://www.kulinar.mk/recepti/Kromid-polnet-so-grav.html
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Ајде дури ме држи расположениево давајте предлози и рецепти за ситни колачиња, по можност чоколадни :)

И да, ако ма некој добар рецепт за бајадера нека биде добар да сподели. Фала многу:smir:
 
T

Tetro

Гостин
И да, ако ма некој добар рецепт за бајадера нека биде добар да сподели. Фала многу:smir:
Бајадера

Потребно:
  • 400 грама шеќер
  • 8 супени лажици вода
  • 150 грама мелени бисквити
  • 150 грама мелени ореви
  • 150 грама маргарин
  • 3 штангли чоколада

Начин на подготовка:
Во тенџере ставаме 400 грама шеќер и 8 лажици вода, потоа го ставаме на рингла за да се стопи шеќерот откако е стопен шеќерот се додаваат бисквитите, оревие убаво се промешува па се вади од оган. Откако сме ја извадиле смесата од оган и го додаваме маргаринот убаво се промешува. Смесата ја делиме на два дела во едниот ставаме 3 штангли чоколада. Потота во помала тепсија се става делот со чоколадата и убаво со рака се натапкува, потоа го ставаме другиот дел и него убаво го натапкуваме. Бајадерата ја ставаме да одстои 3 часа а потоа ја сечеме по желба.

Ќе дојдам утре да пробам. :)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Тикварник - рецептот на баба. :)

- Околу 1,5 кг тиква (печена или варена), испасирана
- 3 јајца
- 15 лажици шеќер (многу повкусно е ако е кафеав)
- 1 кесичка ванилин шеќер
- од 0,5 до 0,25 л млеко (количеството е во зависност од сувоста на тиквата)

Се матат јајцата со шеќерот, се додава тиквата, ванилата и на крај млекото, се измешува и се пече. Пред да се пече одозгора може да се стави цимет.

Шефе, а мора да се стави шеќер? И на колку степени и колку време се пече? :raz:...:kesa:
 
?

..........

Гостин
Zdenka похувана со јајце и лебни трошки, топла се јади со павлака мајонез и пиво... мхмх мераци, пробајте лесно е и брзо се подготвува, на истиот начин може да се приготви и кромид, исецкан во кругови или ленти...

на здравје...:)
 
T

Tetro

Гостин
Шефе, а мора да се стави шеќер? И на колку степени и колку време се пече? :raz:...:kesa:
Не мора шеќер, ако тиквата е многу блага. :)
На температура околу 180-200*C.
За времето незнам баш да ти кажам.
 
Член од
5 јули 2009
Мислења
1.123
Поени од реакции
205
Обожавам бомбици и сакам сам да си зготвам дали се тешки за правенје и кажете некој рецепт :)
 
T

Tetro

Гостин
Обожавам бомбици и сакам сам да си зготвам дали се тешки за правенје и кажете некој рецепт :)
Бомбици со ориз имаш пробано. :)

Потребно:
- 200 гр ориз;
- 100 гр потпечени лешници;
- 100 гр суво грозје;
- 50 гр пропржени пченични никулци;
- 1 портокал;
- 1-2 лажици ликер;
- ванилин шеќер;
- кокосово брашно

Начин на подготовка:
Оризот се вари, а потоа во него се додаваат мелените лешници, сецканото суво грозје, сокот и кората од портокал, ликерот, ванилиниот шеќер и пченичните никулци.
Од се` ова се замесува тесто и од него се прават бомбици. Потоа тие се валкаат во кокосово брашно.
 
Член од
5 јули 2009
Мислења
1.123
Поени од реакции
205
ликерот може да го изоставам ? (бидејќи неможам да поднесам ликер или рум во благо)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Обожавам бомбици и сакам сам да си зготвам дали се тешки за правенје и кажете некој рецепт :)
Рафаело бомбици

Потребни состојки

- 200 гр. мелени бисквити
- 150 гр. кокос
- 100 гр. лешници
- 200 гр. маргарин
- 100 мл. млеко
- 400 гр. шеќер во прав

Подготвување

Во сад на шпорет го ставате маргаринот да се растопи.Откако ќе се растопи, го додавате шеќерот во прав. Оставате да се залади-да биде млака смесата и потоа додавате 100 мл. млеко.
Мелените бисквити ги мешате со 100гр. кокос и ја додавате смесата од маргарин, млеко и шеќер во прав.Мешате додека да добиете еднолична смеса и потоа ја ставате во фрижидер малку да се олади - 30 мин.
Потоа во секоја од бомбиците ставате по еден лешник и ги валкате во останатиот кокос.
Излегуваат околу 50 бомбици од оваа смеса.

БОМБИЦИ СО КИКИРИКИ
* 200 грама Шеќер
* 100 грама Чоколадо
* 80 милилитри Млеко
* 100 грама Маргарин
* 200 грама кикиритки
* 200 грама Бисквити

ПОДГОТОВКА
На пареа растопете ги чоколадото и шеќерот, а потоа додајте ги изронетите бисквити, кикириките и млекото.
Во разладената смеса додајте го маргаринот.
Убаво измешајте ја смесата и формирајте бомбици.


http://forum.kajgana.com/showthread.php?4155-%D0%A1%D0%B8%D1%82%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8/page2#ixzz19XQp1KEz
 

Kajgana Shop

На врв Bottom