T
Tetro
Гостин
Тикварник - рецептот на баба.Дали ќе може да споделите со мене некој рецепт за тикварник? Многу ми се јаде, ама не знам некој интересен рецепт.
- Околу 1,5 кг тиква (печена или варена), испасирана
- 3 јајца
- 15 лажици шеќер (многу повкусно е ако е кафеав)
- 1 кесичка ванилин шеќер
- од 0,5 до 0,25 л млеко (количеството е во зависност од сувоста на тиквата)
Се матат јајцата со шеќерот, се додава тиквата, ванилата и на крај млекото, се измешува и се пече. Пред да се пече одозгора може да се стави цимет.