Сакам да зготвам: ... помош!

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Сакав да прашам, дали некој ја има Цезар салатата правено со worcestershire сосот? Колку се оптимални лажички од овој сос за оброк за двајца? Една, две ...?
 
T

Tetro

Гостин
Сакав да прашам, дали некој ја има Цезар салатата правено со worcestershire сосот? Колку се оптимални лажички од овој сос за оброк за двајца? Една, две ...?
Ајде да не речеш дека никој не сака да ти одговори, досега не сум користел таков сос. Ако имаш дилема помеѓу 1 или 2, стави едно ипол, нема да погрешиш. :)


================================

Еден интересен рецепт ми текна баш сега, ми тргна со кромидот :)

Кромидарник - ролат

за тесто
  • 4 кила брашно, не прашувај зошто, продолжи да читаш надолу
  • 100 грама квасец,
  • еден филџан зејтин,
  • пола литар млеко и
  • една лажица сол и
  • резерва топла вода за ако треба

за фил
  • пол кило кромид
  • една конзерва туна ( 180 грама)
  • една лажица вегета

Кога ќе префрли на ефтина струја, месиме тесто како за леб, па од него се прави ролат со туната. Со останатото тесто, замеси леб, домашен.
180-200*C


Слики од подготовката:







 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Ајде да не речеш дека никој не сака да ти одговори, досега не сум користел таков сос. Ако имаш дилема помеѓу 1 или 2, стави едно ипол, нема да погрешиш. :)

Ти благодарам. :)

И јас по некоја логика ставив една и пол лажица и според мој вкус, совршен беше преливот. За во иднина ако му помогне на некој. :)
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Еден интересен рецепт ми текна баш сега, ми тргна со кромидот :)
мислиш? :pos:
давај ти ваму рецепти за некои ситни колачиња, бајадерата бидна :)
гледам погоре за бомбици, така да фала ви :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Помош. Како на најлесен начин да направам СОЈА за јадење. Значи не е битно каков вкус ќе има туку што побргу и полесно да се направи. Поентата ми е да ги внесам хранливите состојки што ги има во неа. :)
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Помош. Како на најлесен начин да направам СОЈА за јадење. Значи не е битно каков вкус ќе има туку што побргу и полесно да се направи. Поентата ми е да ги внесам хранливите состојки што ги има во неа. :)
печена соја, или печена солена соја...си јадеш исто како кикирики :))
или сојно млеко...имаш готово или во прав па го мешеш со вода го раствараш
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Купив некои соја-гранули од виталија 500гр. Пишува да се остават 10 минути да бабрат. Потоа може така да се јадат или се дообработуваат ?
 
H

HITCH

Гостин
Купив некои соја-гранули од виталија 500гр. Пишува да се остават 10 минути да бабрат. Потоа може така да се јадат или се дообработуваат ?
Малку ти се 10 минути варење на сојата во солена вода. Откако ќе ги свариш треба да ги испржиш. Јас еднаш само имам правено соја шницли. Знам дека убаво ги обарив во солена вода и ги превртев во прашно (исто како риба или поховано месо, само кога правиш поховано месо се става и јајце, а за сојата јајца не ставаш) и ги пржев во масло. Мене не ми се допаѓа сојата. :toe:

Ѕирни овде! Барај по рецептите може да се најде нешто со соја!


Гулаш од соја

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 милилитри Суво бело вино
30 милилитри Сос од соја
100 грама Соја
50 милилитри Масло
2 чешниња Лук
1 ливче/чиња Ловоров лист
3 главица/и Кромид/а
1 Китка магдонос
400 милилитри Доматен сок
1 мала лажица Бибер

Парчињата соја (шницли соја, сецкани на парчиња) и исчистениот корен од магдонос (белиот дел) сварете ги во посолена вода. Ситно сецканиот кромид и парчињата морков посолете ги, па динстајте на маслото и 100 мл. течност во која се вареше сојата. Долго динстајте, додека зеленчукот сосема не омекне, а по потреба налевајте со уште течност. Додадете ја и варената исцедена соја, сокот од домат, пасираниот лук, белото вино, кругчињата морков, соја сосот и зачините. Варете на тивок оган уште половина час до еден час.
Оставете малку да се олади, па послужете.
 
H

HITCH

Гостин
Може некој рецепт за интересни кифлички да споделите? :smir:
 
T

Tetro

Гостин
Може некој рецепт за интересни кифлички да споделите? :smir:
Кифлички со павлака


Потребно:
  • 1.300 гр. брашно,
  • 2 квасеци,
  • 2 филџани масло,
  • 2 филџани јогурт,
  • 125 гр. павлака,
  • 4 јајца,
  • 1 лажица шекер,
  • 1 и пол лажиче сол,
  • маргарин (за премачкување)

Подготовка:
Се стасуваат квасеците со малку вода, шекерот и малку брашно (околу 100 грама). Се меси тесто и се дели на 6-7 делови. Секој дел се расукува, се премачкува со маргарин и сите се ставаат во фрижидер 30 мин. Потоа од секое топче се расукува кора, се сечат триаголници, на средина се става сирење и павлака и се виткаат кифлите. Откако ќе стасаат се полеваат со смеса подготвена од пола маргарин растопен измешан со 1 лажица лебни трошки. Се печат во загреана рерна на 250 степени.

Можете да ги подготвите и премачкани со јајце и посипани со сусам. :wink:
 
H

HITCH

Гостин
Кифлички со павлака


Потребно:
  • 1.300 гр. брашно,
  • 2 квасеци,
  • 2 филџани масло,
  • 2 филџани јогурт,
  • 125 гр. павлака,
  • 4 јајца,
  • 1 лажица шеќер,
  • 1 и пол лажиче сол,
  • маргарин (за премачкување)

Подготовка:
Се стасуваат квасеците со малку вода, шеќерот и малку брашно (околу 100 грама). Се меси тесто и се дели на 6-7 делови. Секој дел се расукува, се премачкува со маргарин и сите се ставаат во фрижидер 30 мин. Потоа од секое топче се расукува кора, се сечат триаголници, на средина се става сирење и павлака и се виткаат кифлите. Откако ќе стасаат се полеваат со смеса подготвена од пола маргарин растопен измешан со 1 лажица лебни трошки. Се печат во загреана рерна на 250 степени.

Можете да ги подготвите и премачкани со јајце и посипани со сусам. :wink:
Го имам овој рецепт! Баш овие ги правев пред 2-3 недели, со разлика што јас не го топам маргаринот, туку сечам еднакви парчиња и ги ставам врз стасаните кифличките. Не ставам 100 грама брашно во квасецот туку две големи лажици. Мислев на рецепт за некои лиснати кифлички. :)
 
T

Tetro

Гостин
Го имам овој рецепт! Баш овие ги правев пред 2-3 недели, со разлика што јас не го топам маргаринот, туку сечам еднакви парчиња и ги ставам врз стасаните кифличките. Не ставам 100 грама брашно во квасецот туку две големи лажици. Мислев за некои лиснати кифлички. :)
Баш сега гледав еден таков рецепт. :)
Бујрум. http://www.kulinar.mk/recepti/Lisnati-pogacki-so-orevi.html
 
Член од
19 март 2011
Мислења
190
Поени од реакции
63
Па ајде навалете со идеи и рецепти за добар зимски сендвич :helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom