Маци-
ragazzo pazzo
- Член од
- 17 април 2007
- Мислења
- 6.185
- Поени од реакции
- 3.516
Топ играч е Касано, ама ич ич не го сакам во Јуве. Слушам и Интер биле заинтересирани за него, па комотно нека иде таму, ке му организирам и превоз. Како што реков, супер играч е Касано ма да што знам, посебен карактер е, знае да крене тензија и да направи проблем. Сум кажал и претходно, нема освоено ништо во кариерата. Ни со Рома, ни со Реал (за Реал не сум баш сигурен треба да проверам), ни со Сампдорија. Со Италија играше за последните два европски шампионати па Италија брзо ја елиминираа... На светското Касано не беше повикан од Липи, за понатаму си знаете... И јас го прочитав интервјуто со Гиљи, и вели: 'youngster Cassano', кој јангстер бре човече Боже, 26 години, а во јули ке напуни 27...
Ако треба јас да бирам таков тип на играч би го одбрал Џузепе Роси. Некни против Бразил одлично изигра, а сум го гледал и неколку пати за Виљареал. Млад е и има многу пред него. Тој и Џовинко одлично соработуваат и ги гледав за Младите на Италија на европското и можам да кажам дека се телепатски поврзани како близнаци. Јасно ми е дека тешко ке се добие и дека Виљареал има ставено некоја клаузула шо е поголема од нивниот буџет ама тоа е. Јас би рекол Џ. Роси!
Едит: Со Рома има титула во Куп 2001 година, а со Реал има Шампионска 2006-2007, ма да таа сезона постигнал 2 гола, така да немал некој голем удел во освојувањето на титулата..
Значи ова е мое мислење и не мора да биде точно и не мора сите да го прифатите али јас размислувам во тој правец.
Во право си за Џ. Роси,многу е добар и подобра опција е од Касано,али не знам зашто Јуве се заинтересираат за него,во моментов не ни треба напаѓачи али мора да се мисли и на тоа во иднина,Трезе цело време се повредува,Дел Пиеро е стар,а искрено ја го сакам Касано,ко прво е многу добар играч,а тоа за темпераментот ќе го среди Дел Пиеро,он е легенда и ќе му каже два три збора,како треба да се понаша,Касано ќе го послуша
