Вчера на соочувањето на пример Мируше Хоџа и Имер Селмани имаа идентично мислење за спорот со името и идентитетот само што Мируше кажа дирекно (со неа немам проблем) додека Селмани насмеано (во негов стил) вртеше од рид на рид и пак го кажа истото.
Не ја гледав емисијата, ама ги читав мислењата на членовите на форумов. На голем дел од нив заклучок им беше дека кој и да е стане претседател нема ТВРД став дека нема да има промена на името. За мене (космополит
) сите тие се исти. За тебе (националист
) твоите не се такви, само моите се. Бидејќи за тебе етничката припадност ти е врежана во умот и без разлика на се таа ти е најважна. Не дека ми смета тоа, биди си тоа што сакаш да бидеш
Нема да гласам за Албанец (или некоја друга националност) затоа што
не сум сигурна дека ќе ги бранат моите (македонски) интереси.
Доколку гледаме уџум во минатото земјава ја имаат водено горе-долу Македонци. И за сите нив имаме по некое или по неколку предавства. Тука не сакам да се осврнам на одредена политичка партија бидејќи во 18 годишна кариера на независна Република, СДСМ и ВМРО поделија власт по 9 години. Но не е важно тоа, важно е што многу голема штета ни направија токму тие, Македонците. Сега да ми простиш ама Александар јас не можам да го оживеам, ако тој ни бил единствениот прав Македонец.
Муабетот ми беше дека мораме заедно да работиме на заедничката иднина доколку ја сакаме. Веројатно си слушнал/а за права и обврски. Ако обврска на Албанец е да почитува химна и знаме, немој да го дистанцираш кога зборуваме за можен претседател на земјава само бидејќи е етнички Албанец. Дај му го и тоа право ако веќе бараш некаква обврска. Се научивме (од многу одамна, до денес) да бараме само обврски а не да даваме права - односно од Албанска гледна точка се научивме да бараме само права а не и да прифаќаме обврски.
Сепак, размисли си за ставот.