Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Jose Mourinho vs Carlo Ancelotti :) Ќе биде интересно.
Важно ќе не даваат на тв или вторник или среда наизменично.И онака овие две утакмици се најинтересни.
И време е да доминираат малку италијанските екипи, доста му беше на Челзи и Манчестер :)
 
Не знам дали ќе им биде доста:tv:
Како и да е,очекувам одлични натпревари,фер и коректни и нормално да победи подобриот.
Само молам Бога да не се погоди некој судија да ги уништи утакмициве..
 
Со оглед на тоа дека Интер и милан го делат стадионот тогаш првото коло ќе го играме една недела покасно.
 
А Јубе со кој се падна? :pos2::pos2::pos2:
 
А Јубе со кој се падна? :pos2::pos2::pos2:

Во исчекување се тие, сеа во 1 ќе ги влечат :)

Него, Челзи ни падна, последни три години јаки екипи ни се паѓаат, али верувам дека Мур ја знае играта на Анчелоти и Челзи па ќе одиме понатака. Анелка, Дрогба, Лампард, Есиен, Ешли Кол, овие ме плашат. Се надевам на подобра тактика и здравје за Снајдер :):)
 
Со оглед на тоа дека Интер и милан го делат стадионот тогаш првото коло ќе го играме една недела покасно.
Не е заради тоа дека го делат стадионот,туку има нов систем на играње од 1/8 финале,ќе има 4 утакмици во Вторник/Среда на 16/17 фебруари и 4 утакмици на 23/24 фебруари.За од 1/4 финале не знам дали ќе се игра така пак и практично ќе може да се следи секој дуел од 1/8 финале.
 
Гледано од аспект на фаворитите Челзи беше екипата која најмногу ни одговара на стилот на игра бидејќи имаат горе доле слична конституција на нашиот тим. Реал и Арсенал имаат многу покреативен среден ред од нас а Манчестер Јунајтед е незгоден како и секогш.

Очекувам конечно да го скршиме мразот кога е во прашање 1/8 - финалето само штета што ќе испадне најдобриот тим што можеше да ја елиминира Барса:pos2::pos2::pos2:

ПС оваа сезона за прв пат натпреварите ќе се играат во две недели со цел да се обезбеди максимизација на приходите од пренос на натпреварите.
 
Има да го шмркнат Челзи, 2 години ги сакам у ЛШ ради Мур и конечно се паднаа, ви гарантирам, букмарк удрете на постов, чувајте го, шо сакате прајте али Интер ги поминуе Челзи гарант.

A и да, зашто да не бидеме задоволни од ждреплкава кога се падна екипа која скоро 4 години нема видено тројфеј освен бедниот фа куп ( остајте што пацерине летаат у облаци ), реков и по мечот со Рубин, само Реал да не им се паднат зашто претерано ке е ( слично ко лани, прво па мушко ), Барса исто неможеа, Јунајтед исто не паднаа така да Челзи е топ, душата им ја знае Мур на пола тим . :smir:
 
Не е заради тоа дека го делат стадионот,туку има нов систем на играње од 1/8 финале,ќе има 4 утакмици во Вторник/Среда на 16/17 фебруари и 4 утакмици на 23/24 фебруари.За од 1/4 финале не знам дали ќе се игра така пак и практично ќе може да се следи секој дуел од 1/8 финале.
ако е така тогаш ке се игра нормално.
 
како сте задоволни ? Најдобрите од Италија против најдобрите од Англија...Многу му парира Интер на Челзи според играта и + старите другарчиња Мурињо и Анчелоти...:vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom