Како прво голема критика до Канал 5, вклучување во утакмица на 1 мин и 15 сек, до 5 минута се чекаше коментаторов да ги каже составите. На дечкиве од Велес не им посветија ни две минути, да ги прашаа нешто како што треба, да им дозволат да кажат дека биле во Италија да го гледаат Интер итн.
Коментаторов катастрофа, вика според формацијата на Интер од авион се гледало дека ќе се браниме, иако настапуваат Ето и Милито. Едно време и преку глава ми дојде од толку гомна јадње, на пример кога досудија фаул над Анри, не ми текнува со кој се судри, иако јасно се гледа на насиот прв стига до топка, а французов се удира од него, според него нема никакви делими тука. Почна да ми недостига игорче искрено!
Кога сме кај натпреварот заслужена победа на БАрса. Мислам дека Интер одигра далеку под својот капацитет, а главна вина кај мурињо. Конкретно за овој натпревар лоша поставеност на играчите, средниот ред беше многу далеку од стоперите кога имавме топка, а овие не се снајдоа најдобро, па само долги топки, а милито ретко кога ке смиреше некоја. Мурињо е кривецот и за шнајдер, треба да се внимава кога се купува играч на позиција на која сме најтенки, да не биде подложен на повреди, и да може да врзе повеќе од 3 утакмици. Се изненадив кога го стави кварезма, иако немасе друг избор на клупа. На важна утакмица го враќа на терен, а со послаби екипи и кога имаме водство го става во 89 мин. Иначе мислам дека на кварезма не му се даде доволна шанса да се покаже, мислам дека може да најде место во овој тим. Заедно со Балотели каков и да е мора да се користат повеќе. Цел среден ред под ниво, се сложувам со Син дека занети повеќе не игра на ниво од порано, и мислам дека треба да се бара замена. Ето имаше желба, се бореше ама и судијава на почеток некако како да зезасе, ама тоа е кога игра Анри.
Иначе ништо не е загубено, следно коло и со нересен резултат може да одиме понатаму, под услов динамо да не тепа. Иначе мислам дека на барса ке и биде доста теско во киев, а и на нас, стандардо се ке решаваме во последни минути.