Прво честитки за супер играта на Барса, и без Меси и Ибра денес покажаа дека се најдобриот клуб во Свет, викендов само ке го потврдат истото.
Е сега за Интер, ако Мурињо имаше лице пред цела италијанска јавност да каже дека играта на Балотели со Рома била аналогна на нула, денес едноставно треба да се погледне во огледало и да каже, мојата тактичка поставеност и замисли против Барса беа еднакви на една голема нула и јас сум тој кој треба да се обвини за овој пораз .
Уште кога ги видов стартните 11 т.е. оние 4 души во средина го знаев исходот, велат човек учи од свои грешки а Мурињо денес ја прави онаа истата ( читај оди со глава кроз ѕид ) што ја направи против Манчестер лани, на сличен начин прво е казнет од корнер ( каде беше човекот на прва статива ? ), нешто слично како и со Видич лани, а после Педро по несмасната реакција на Маикон за 2-0 и резултат кој дефакто во една ваква ситуација Интер не може да го стигне .
Можат многу нешта да се извлечат позитивни од овој натпревар, прво, со таква средина не може да се надева човек на успех во ЛШ, со таков пристап исто, нема шанса .
Во неколку наврати италијанските медиуми се обидоа да исфорсираат поофанзивен систем за Мурињо, со Балотели, Ето, Милито и Снајдер во прв тим а позади нив двајца деструктивци или еден 4-2-3-1 систем, систем кој против Динамо Киев донесе и победа и систем кој ако добро се сеќавате Мур го користеше летоска на дел од пријателските.
Занети и Дејо се веќе потрошени материјали за мечеви од вакво ниво, колку сакајте негирајте го истово ( дел од вас ) едноставно само ке се правите слепи на премногу очигледна работа . И Дејо и Занети како одминува времето се дефакто материјал кој полека треба да се префрла на клупата за резерви, убеден сум дека уште од нареден трансфер рок ке се бараат играчи од тој дел од теренот, mark my words !
Нејсе, потребен беше ваков шамар, потребен беше ваков пораз, пораз кој ке се заборави со само една победа против Рубин Казан, но без разлика од исходот на тој меч дефакто ова е само уште една потврда дека Мурињо треба да промени некои работи ако сака успех и во ова натпреварување, Серија А е мачкина кашлица во споредба со ЛШ . :wink:
И да, хедс ап, ништо страшно, изгубија од едноставно најдобрите и тоа е тоа, реков и погоре, победа во Рубин и овој пораз е заборавен, идеме даље . Тоа што бар мене би ме израдувало како фан на Интер се согледувањата на гореспоменатите грешки и превземање на нешто во врска со истите од Мурињо .
Ајт !
п.с. Има само една светла точка у овој тим денес а тоа е Лусио, без грешка изигра, за ниеден од головите не беше крив и тоа е тоа, незнам колку вредеше ова да се спомене по пораз али вреди зашто беше единствениот кој се остави на теренот.
п.п.с. Реков и пред некој ден за Маикон, нема да фали со Јуве, во големи мечеви нема простор многу за истакнување така да подобро е што повторно капитенот ке игра баш на таа позиција а не во средниот ред со Јуве .
п.м.с. Ако мислите дека го допреле дното денес, ако ова е трагедија за дел од вас, сетете се дека еден од најтрофејните тимови во ова натпреварување денес се пласираше во второто по ранк натпреварување во Европа, тоа е Ливерпул !