Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.979
Поени од реакции
7.119
Како и да е, продолжете така како досега. МанУ двапати ве елиминира во ЛШ и двапати ја освои титулата.:pos2:Вие :toe: ?
 
Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.672
Поени од реакции
790
...И го попушивте у финале! Ама топ... битно Интер го елиминиравте, тоа е најбитно...

Пацер еден.

Ај бриши сеа од тука!
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Еве ви една мала споредба..

Давид Виља - незаменлив играч за Валенсија
Златан Ибрахимович - незаменлив играч за Интер

Давид Виља - тој отворено кажа неколку пати дека сака да си замине, прво за Реал, после за Барса
Златан Ибрахимович - тој кажа дека во Интер се чувствува прекрасно, но сака да ја освои лигата на шампионите, па макар и со друг тим..

Интер - Италија е во финансиска криза, но Интер можи да ја издржи
Валенсија - тие се во голема невоља, на работ на банкрот

Мануел Љоренте - претседателот на Валенсија под сите овие околности не сака да го продаде Виља и не се предава! Одби преку 45 милиони и од Реал и од Барса!
Масимо Морати - прво вика Ибра не е на трансфер пазарот, следно што прави го продава..

Откако Златан ќе си замини ние ќе бидеме тим кој сака да ја освои Лигата на Шампионите без нити една ѕвезда во тимот..
Тоа е малку смешно!!

П.С. За оние кои потенцираат овде дека веруваат во Мурињо и покрај заминувањето на Златан ќе му цитирам една реченица која тој ја кажа изминатата сезона: " Не сум магионичар! "
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Откако Златан ќе си замини ние ќе бидеме тим кој сака да ја освои Лигата на Шампионите без нити една ѕвезда во тимот..
Тоа е малку смешно!!
Чичко ти Мурињо колку ѕвезди имаше во тимот кога ја освои ЛШ со Порто?

Инаку меѓу Виља и Ето'o го бирам Ето без размислување.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.242
Поени од реакции
8.142
Чичко ти Мурињо колку ѕвезди имаше во тимот кога ја освои ЛШ со Порто?

Инаку меѓу Виља и Ето'o го бирам Ето без размислување.
Деко, Карваљо, Фереира, Маниче(Маниш) како и да е, и ред други. Порто воопшто не беше тим за потценување така да колку што беше заслужен Мурињо за таа титула, толку беа и играчите.
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Чичко ти Мурињо колку ѕвезди имаше во тимот кога ја освои ЛШ со Порто?

Инаку меѓу Виља и Ето'o го бирам Ето без размислување.
За каде го бираш Ето? Ние не ги купуваме нив, не се двоумиме меѓу нив.. Едниот ни го нудат, другиот нема никаков контакт со нас..

И како тоа во Порто немаше ѕвезди? А кај имаше? Што подразбираш ти под ѕвезда? Има два вида на ѕвезди.. Едните клубовите сами ги прават, другите се истите тие направени само купени од поголем клуб..
Мурињо ги имаше Карваљо, Деко.. Кој ги знаеше нив пред тоа? А потоа?
Кој ги знаеше Тери и Лампард пред да го купи Абрамович Челзи? Како што се сеќавам Лампард почна да игра односно да дава по 20 тина гола во сезона на 26-27 години..
А во Интер освен Златан гледаш таков друг фудбалер? Можеби Балотели, но е доста млад.. Ако знаеме да го дочуваме.. Ако не ни го купат..
 
Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
а јас го бирам ибра без размислување , но ако решил да си оди негов проблем .... иначе доколку дојде ето нема да изгубиме ... многу. ќе треба уште некој класа играч да се купи касано (се посилни се шпекулациите за овој) и снајдер/рибери. да не спомнувам комплетно менување на играта која досега зависеше од еден играч.
иначе напад касано , балотели и ето ..... bad boys bad boys whatca gonna do when they come for you
 
И тебе ќе те разберев.. и јас ги сакам нив.. Касано, Рибери, Снајдер, Ван дер Варт..
Ама ние не играме Фудбал Менаџер бре! Веќе ги зедовме нови Лусио, Мота и Милито! Ако замини Златан ќе дојдат Ето, Хлеб и некој од останатите, а можи и двајца.. Касано, Снајдер, Ван дер Варт, Робен.. и потоа што? Па не е ова фудбал менаџер.. намести ги само еден ЦБ, еден ДМЦ, еден АМЦ, два ФЦ и пушти ги да играат..
Па треба уигрување ова она.. не е така тоа.. кај се видело да се сменат 4-5 првотимци во една сезона.. катастрофа..
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
За каде го бираш Ето? Ние не ги купуваме нив, не се двоумиме меѓу нив.. Едниот ни го нудат, другиот нема никаков контакт со нас..

И како тоа во Порто немаше ѕвезди? А кај имаше? Што подразбираш ти под ѕвезда? Има два вида на ѕвезди.. Едните клубовите сами ги прават, другите се истите тие направени само купени од поголем клуб..
Мурињо ги имаше Карваљо, Деко.. Кој ги знаеше нив пред тоа? А потоа?
Кој ги знаеше Тери и Лампард пред да го купи Абрамович Челзи? Како што се сеќавам Лампард почна да игра односно да дава по 20 тина гола во сезона на 26-27 години..
А во Интер освен Златан гледаш таков друг фудбалер? Можеби Балотели, но е доста млад.. Ако знаеме да го дочуваме.. Ако не ни го купат..
Како што поминува времево се повеќе удираш со главата во ѕид и тресеш зимзелени.

Деко и Карваљо не беа ѕвезди, никој не ги знаеше пред да тепаат во УЕФА.

Јас ги знаев Тери и Лампард пред да ги купи Абрамович. Прашај ги и навивачите на Челзи да видиш дали не ги знаеле.

Не ми е потребен Златан за да победиме во ЛШ, потребен ми е некој што ќе му даде гол на Манчестер на пример:

Ти текнуе? Или и ова му го наместија другите.

Порто кога стана првак кој беа напаѓачи? Манчестер Јунајтед со Двајт Јорк и Енди Кол?

Ибра е подобар од Ето - подобар е! Нема да имаме играч како Ибра - нема! И јас тоа викам. Викам и дека не мора да имаме. Нема ваљда уште 3 години да свршаваме на голот со Парма.

Ни треба играч кој ќе дава голови со најјаките екипи, а Ето е убиец кога станува збор за дерби - натпревари.

Затоа олади малку. Уште 4-5 дена и ќе знаеме на што сме.

И патем, ако бидне трампата и Ето заигра за Интер, и понатаму ќе го викаш мајмун? Чисто да знам, онака навивачки, колегијално... Навиваме за Интер или за Ибра?
 
Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
И тебе ќе те разберев.. и јас ги сакам нив.. Касано, Рибери, Снајдер, Ван дер Варт..
Ама ние не играме Фудбал Менаџер бре! Веќе ги зедовме нови Лусио, Мота и Милито! Ако замини Златан ќе дојдат Ето, Хлеб и некој од останатите, а можи и двајца.. Касано, Снајдер, Ван дер Варт, Робен.. и потоа што? Па не е ова фудбал менаџер.. намести ги само еден ЦБ, еден ДМЦ, еден АМЦ, два ФЦ и пушти ги да играат..
Па треба уигрување ова она.. не е така тоа.. кај се видело да се сменат 4-5 првотимци во една сезона.. катастрофа..
кажи му го тоа на морати , а што друго ни останува .... да не мислиш дека е ето доволен да го замени ибра ?
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Како што поминува времево се повеќе удираш со главата во ѕид и тресеш зимзелени.

Деко и Карваљо не беа ѕвезди, никој не ги знаеше пред да тепаат во УЕФА.

Јас ги знаев Тери и Лампард пред да ги купи Абрамович. Прашај ги и навивачите на Челзи да видиш дали не ги знаеле.

Не ми е потребен Златан за да победиме во ЛШ, потребен ми е некој што ќе му даде гол на Манчестер на пример:
Ти текнуе? Или и ова му го наместија другите.

Порто кога стана првак кој беа напаѓачи? Манчестер Јунајтед со Двајт Јорк и Енди Кол?

Ибра е подобар од Ето - подобар е! Нема да имаме играч како Ибра - нема! И јас тоа викам. Викам и дека не мора да имаме. Нема ваљда уште 3 години да свршаваме на голот со Парма.

Ни треба играч кој ќе дава голови со најјаките екипи, а Ето е убиец кога станува збор за дерби - натпревари.

Затоа олади малку. Уште 4-5 дена и ќе знаеме на што сме.

И патем, ако бидне трампата и Ето заигра за Интер, и понатаму ќе го викаш мајмун? Чисто да знам, онака навивачки, колегијално... Навиваме за Интер или за Ибра?
Тери не беше купен туку дојде од младинците на Челзи. Муабетот ми беше дека и тој и Лампард не беа некои познати од мали нозе.. да речиме како Руни кој беше веќе ѕвезда со 15-16 години.. овие тек после 24-25 години.. исто како и Деко и Карваљо кои после Порто станаа едни од најдобрите фудбалери тогаш..
Потребен ти бил некој кој може да му даде гол на Манчестер за да триумфираш во Лигата на Шампионите. Поголема глупост немам слушнато. Да ти се мочам јас на тој голот што го дал Ето.. Еден од малкуте кои сам ги изработил.. Али знаеш што е разликата меѓу Ето и Златан? Едниот игра во Барсаа, другиот во Интер.. Значи кога ќе игра Манчестер против Барса тие не знаат кој побрзо да го чуваат, дали Ето, дали Анри, дали Меси, дали Иниеста. Додека во Интер работата е толку проста што и еден 13 годишник што гледа фудбал ќе ја воочи - запри го Златан, ќе го заприш Интер!!
Сега појасно ти е? Не одам јас со глава во ѕид, ти одиш..
Најди ги головите од Ето кој сам ги дал, јас ќе ги најдам од Златан.. па да видиме како ќе излези односот.. да не биде 1 према 50 !
И патем, јас сум таков карактер, или сакам играч или мразам, без разлика дали играл за нас или за некој друг. Го сакам Златан, Маикон, Балотели, Касано, Роналдо, Лампард, Тери, Лусио, Амаури, Меси, Руни, Жерард, Тоти..
Али не можам да поднесам играчи како Ето, Дел Пиеро, Недвед, Фабрегас, Видич, Валдез, Гатузо, Кујт..
Така да Ето ако не си забележал има доста чуден карактер, сака клубот да му посветува доста внимание, сака публиката да се однесува добро, не сака да биде заменет, едноставно доста чуден.. и не ме чуди што Барса сака да го откачи..

кажи му го тоа на морати , а што друго ни останува .... да не мислиш дека е ето доволен да го замени ибра ?
Токму поради тоа што не е доволен само еден да се купи, а веќе купивме 3, а во трансферот на Златко се вклучени 2, и највероватно уште најмалку еден јас сум против тоа! Али незнам што мисли онај Морати.. ова не е начин на кој Мурињо работи..
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Потребен ти бил некој кој може да му даде гол на Манчестер за да триумфираш во Лигата на Шампионите. Поголема глупост немам слушнато. Да ти се мочам јас на тој голот што го дал Ето.. Еден од малкуте кои сам ги изработил..
Реков: Манчестер на пример (Екипи од ранг на Манчестер, најсилни екипи). Не ме вади од контекст ако веќе цитираш.

Еден од ретките кои ги изработил сам? Колку изработи Златан против најдобрите екипи? 0? (Со букви: нула?)
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Реков: Манчестер на пример (Екипи од ранг на Манчестер, најсилни екипи). Не ме вади од контекст ако веќе цитираш.

Еден од ретките кои ги изработил сам? Колку изработи Златан против најдобрите екипи? 0? (Со букви: нула?)
Да нула. Ние игравме против една добра екипа од таков ранг, Манчестер, каде веќе ти спомнав како беше чуван Златан. А колку изработи Ето? Само 1? Со букви еден?
Играа тие и со Челзи ако не памтиш.. Ето мислам дека беше заменет.. од што добро изработи..
А за во првенствата сигурно нема повеќе изработено од Златан..
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Тој „мочан“ еден гол на Ето им донесе титула. Па сега ти види. Да можеше и Златан да даде еден мочан гол со Манчестер, може ќе стигневме и до финале...
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
То „мочан“ еден гол на Ето им донесе титула. Па сега ти види.
Утакмицата како што знам не заврши 1-0, голот беше постигнат во раната фаза, а колку бил заслужен Ето за тоа ќе ти кажат на крајот од годината кога Меси ќе го одберат за најдобар фудбалер во Европа, а и во лигата на шампионите.

Туку доста го дрвиш.. види ја малку реално ситуацијата.. Понудата од 45 милиони + Ето + Хлеб е ФАНТАСТИЧНА!
Али што е проблемот кој не го гледаш?
Мурињо си планираше да биде доведен еден одбранбен, два средина и еден напад. Дојде Лусио, дојде Мота, највероватно другиот средина е Хлеб и дојде Милито. Значи беше планиран Златан да остани. Е сега доаѓа прво Милито и изјавува - ќе ми биде чест да играм во нападот со Златан.
Доаѓа Лусио и изјавува отсекогаш сакав да бидам кај Мурињо и мило ми е што Златан ќе игра во мојот тим, бидејќи знам колку е добар и тежок за чување.
Изјавиве ги имаш на Интер официјалната страна ако не веруваш..

И сега што се случува? И јас би сакал зделка во која ќе замине Златан, за возврат да го земиме Ето + тие пари, ама тоа да планирано од почеток. А не вака да направиме месо мелено од нашиот тим. Едноставно дошол пријателот на Морати, Лапорта, кој мора да го продаде Ето, се нашол во небрано и ајде ние ќе помагаме.

И викаш се согласуваш дека Златан е најдобар..
Па како тоа му го продаваш најдобриот на најдобрите, а притоа очекуваш да ја освоиш лигата на шампиони?

Катастрофална политика на Интер..
Впрочем оние што подолго навиваат за нив како мене нема да бидат изненадени.. си го знаат Интер..

П.С. И викате ќе купиме плеј! Па ако беше испланирано вака од почеток, ќе го доведевме Диего. Сега кој плеј ќе го земиме? Снајдер? Хамшик? Катастрофа.. Оние што ни требаат не се продаваат.. Лампард, Жерард..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom