Не знам, го фалеа цело време, макаршто и јас мислам дека е дудук.
Интер прави грешки што не им дава шанса на млади играчи и може да му се случи да стане како Милан, и да има играчи со просек од 30+ години старост, а тоа не е добро. Пирло и Сидорф се пример за тоа како се станува добар играч во Милан, а Интер ги упропастуваше.
Се смени политиката друже, Сантон, Балотели, доволно е за една сезона. Овој првиов догура и до национален дрес на Куп на Конфедерации, а уште е тинјеџер, другиов важи за еден од најталентираните напаѓачи во Италија, само има '' мал '' проблем со темпераментот .
Самиот Мурињо пред извесно време рече дека има потреба од
млади играчи во тимот, затоа и се носи Арнаутович, романецов и ред други, башка, Примавера тимот на Интер во последниве неколку години е меѓу топ 3 во Италија, т.е. сите млади погони на тимот се на врвот во нивните категории .
А за Пирло, Интер никогаш не го упропастиле, т.е., дечкото дојде од Бреша, значи не е производ на младинската школа на Интер .
Проблемот беше што дојде може во најнезгодниот период на Интер, период кога Роналдо имаше претешка повреда, период кога завршија 8ми, период на смена на тренери и носење дезорганизирано нови играчи . Луческу ( тренерот кој го забележа неговиот талент и тренер кој многу го ценам, без разлика што не се покажа во Интер ) беше отпуштен, Пирло беше позајмен во Реџина и таму имаше феноменална сезона . Лошиот период на Интер, смена на многу тренери, носење нови имиња, делуваа деструктивно врз целата екипа, аналогно и врз Пирло кој прво беше позајмен во Бреша па продаден во Милан на 21/22 години ( не сум сигурен ) што значи, индиректно влијаеле позитивно во неговата кариера . И стојам на тоа, дека без разлика на огромниот талент кој го поседуваше, во тогашниот Интер реално немаше шанса за прогрес, добро за него што замина во Милан, лошо за Интер што шитна таков талент на еден од нивните најголеми ривали . . . уште еден доказ за катастрофалната политика тој период .
