Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ФК Интернационале Милано е италијански фудбалски клуб стациониран во Милано, Ломбардија, кој се натпреварува во Серија А. Повеќе познат е како Интер,...
inter2-dep.jpg
а често надвор од Италија е нарекуван и Интер Милано. Клубските дресови носат црни и сини риги, од каде што и потекнува клубскиот прекар Нераѕури. Интер е актуелen шампион во Серија А и се смета за еден од најдобрите клубови во светот. Интер е член на групата Г-14 која е организација на водечките европски клубови.

Пред Првата Светска Војна

Клубот е формиран на 9 март, 1908 година откако се случил раскол во Фудбалскиот и Крикет Клуб Милан, сега познат како Милан. Група Италијанци и Швајцарци (Муџани, Босар, Лана, Бертолони, Де Олма, Енрико Хинтерман, Артуро Хинтерман, Карло Хинтерман, Пиетро Дел’Оро, Уго и Ханс Ритман, Фелкел, Манер, Виф и Карло Андруси) кои незадоволни од доминацијата на Италијанци во Милан, се одвоиле од тој клуб, што довело до креација на Интернационале. Уште од почетокот, клубот бил отворен за странци што и му дава значење на неговото име. Оригиналниот прекар на клубот на италијански бил La Beneamata (Ла Бенеамата), Галеници.

Интер го освои своето прво Скудето во 1910, а второто во 1920 година. Капитен и истовремено и тренер на првиот златен тим бил Вирџилио Фосати, роден во Милано и брат на Џузепе Фосати (кој го освои второто Скудето). За жал Вирџилио Фосати загинал за време на Првата Светска Војна.

Помеѓу двете Светски војни

За време на немирниот период помеѓу Првата и Втората светска војна, Интер бил принуден да направи фузија со Унионе Спортива Миланезе (уште еден клуб од Милано) и да го промени своето име прво во Амброзиана и на крај во Амброзиана-Интер за да ги задоволи барањата на режимот на Бенито Мусолини. Од гледиштата на фашистите, името „Интернационале“ имало комунистичко значење. Како и да е, Амброзиана го задржала победничкиот менталитет и по третпат била најдобра во првата лига на новото првенство, Серие А, во 1930 година. Следува четврта титула во 1938, прв триумф во Копа Италија (Италијанскиот куп) во 1940 и петта титула во 1940. Во 1942 година, клубот го враќа своето оригинално име, Интернационале Милано.

„La Grande Inter“ (Големиот Интер)

Во годините после војната, Интер го освои своето шестто Скудето во 1953 и седмото во 1954 година. После освојувањето на овие две титули, за Интер следуваше период кој со златни букви е запишан во неговата историја, влезе во ера позната како La Grande Inter (Ла Гранде Интер), Големиот Интер. За време на овој златен период, клубот под водство на аргентинскиот стратег Еленио Ерера стана 3 пати првак на Италија во 1963, 1965 и 1966 година. Најважните моменти во оваа декада ги вклучуваат двата едноподруго триумфа во Купот на Европските Шампиони. Во 1964 година, Интер за првпат триумфираше во ова најсилно натпреварување, победувајќи го во финалето славниот шпански клуб Реал Мадрид. Следната сезона, играјќи на нивниот стадион, Џузепе Меаца, Интер по вторпат го освои Купот на Европските Шампиони победувајќи ја португалска Бенфика. За време на овие славни денови, многу големи играчи го носеа Црно-Синиот дрес: Луис Суарез, Џачинто Факети, Сандро Мацола, Анџело Доменгини, Марио Корзо. Сопственик и претседател на клубот беше Анџело Морати, татко на денешниот сопственик. Тој понуди огромна сума на пари за да ги купи Еузебиу и Пеле; двајцата се согласија да играат за Интер, но политиката замеша прсти. Воените диктатури во Португалија и Бразил одбија да ги регистрираат трансферите, со што обидот на Анџело Морати за Дрим Тим пропадна. Во 1967 година, Интер загуби со 2:1 во финалето на Купот на Европските Шампиони од шкотски Селтик.


Извор: www.deportivo.com.mk
 
PREKRASNO:aplauz:GORD SUM STO SUM INTERAS I MILO MI E ZA MASIMO MORATI KOJ USPEA BAREM MALKU DA JA DOSTIGNE SLAVATA NA SVOJOT TATKO SUM VERUVAL I KE VERUVAM VO MASIMO I VO IDNINA KE VERUVAM I VO NEGOVIOT SIN .KLUBOT IMA CELA DINASTIJA NA SOPSTVENICI A NE KAKO DRUGITE KOI MENUVAAT PRETSEDATELI SEKOJA MESECINA.KOGA KE SE PRISETAM KOLKU BESE OCAEN MORATI KOGA IZGUBIVME OD LACIO VO POSLEDNO KOLO I JA IZGUBIVME TUTULATA SFATIV KOLKU OVOJ COVEK GO SAKA INTER .PO PROTESTITE SE POVLECE OD PRETSEDATEL DOJDE FAKETI NO MORATI OSTANA GLAVEN SPONZOR I SOPSTVENIK .PO SMRTTA NA FAKETI DOJDE NA CELO NA INTER I OD TOGAS DOJDE ERATA NA VTORATA ZLATNA ERA NA INTER

INTER FOREVER!!!!!
 
^^^ Многу смешно.

Инаку интересно се радуваа Маикон и Цезар, повторно. Им посакувам трофеј во купот на конфедерации. Двајцата се гордост на Интер.
 
^^^ Многу смешно.

Инаку интересно се радуваа Маикон и Цезар, повторно. Им посакувам трофеј во купот на конфедерации. Двајцата се гордост на Интер.
Најдобри се на своите позиции.. незаменливи во ИНтер. Се надевам дека Маикон останува и наредната сезона заедно со Ибра и со неколку добри засилувања ќе му се исполни неговата а и наша желба да ја освоиме Европа!

Агентот на Едерсон изјави дека бразилецот нема да дојде во Интер :(

А ние се интересираме за Дидиер Дрогба. НЕ знам шо ќе ние е ако остани Ибра. Па и да замини не сум сигурен дека би бил најдобра опција. Има 31 година што е многу за шпиц. И Милито е тука некаде па не знам што ќе правиме со двајца дедовци во нападот. Балотели ќе го сипи просекот.
 
Најдобри се на своите позиции.. незаменливи во ИНтер. Се надевам дека Маикон останува и наредната сезона заедно со Ибра и со неколку добри засилувања ќе му се исполни неговата а и наша желба да ја освоиме Европа!

Агентот на Едерсон изјави дека бразилецот нема да дојде во Интер :(

А ние се интересираме за Дидиер Дрогба. НЕ знам шо ќе ние е ако остани Ибра. Па и да замини не сум сигурен дека би бил најдобра опција. Има 31 година што е многу за шпиц. И Милито е тука некаде па не знам што ќе правиме со двајца дедовци во нападот. Балотели ќе го сипи просекот.
:tapp::tapp: Пак ли ке пропуштиме екстра играч,класа како Едерсон,идеалната десетка за во Интер .....:nesvest::nesvest:
Ако не доага овој сигурно Деко ке дојде во Интер,во пакет со Карваљо.

-За Дрогба не ми се верува дека ке дојде,треба Ибра да си оди,само најобична шпекулација е ова :smir:
 
:tapp::tapp: Пак ли ке пропуштиме екстра играч,класа како Едерсон,идеалната десетка за во Интер .....:nesvest::nesvest:
Ако не доага овој сигурно Деко ке дојде во Интер,во пакет со Карваљо.

-За Дрогба не ми се верува дека ке дојде,треба Ибра да си оди,само најобична шпекулација е ова :smir:
Не знам зошто не ја искористиме стоногалкава, и онака тие прикажаа интерес за него..
Patrick Vieira: I’ll Return To France If Inter Don’t Want Me

За карваљо се интересира и Реал, па тоа може да значи подигање на цената на овој играч. Во тој случај треба да се откажиме. Доколку се расфрламе со пари за одбрамбен играч тоа треба да биди за некој помлад, но сепак докажан како Бруно Алвес или Запата.
 
читам Интер се интересира за Лука Тони?
 
Се согласувам со тебе,им го даваме гратис :pos2::pos2:
Играч кој зема 6 милиони годишно а седи само на клупа требаше одамна да се ослободиме од него. Освем тоа и работата на медоциснкиот тим на Интер ќе биде значително намалена... Мислам дека по заминувањето на Виера ќе организираат прослава! :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom