Иксрено незнам зашто толку безпотребно кревате прашина, кога самата атмосфера во тимот е на одлично ниво т.е. најдобро сезонава .
Ај да ги разјасниме причините зашто Интер буквално ништо не може да изгуби со евентуалното заминување на Ибра .
Единствена опција во овој случај сите ние ја гледаме во Барса, екипа која нема навика да има повеќе од еден играч кој ке го цица нивниот буџет, башка што истата настојувала секогаш да се отргне од таквите ( Рони беше последниот пример ) .
Кога стануваше збор за новиот договор на Барса и Ето, излегоа шпекулации дека Ето со сигурност ке замине од Барселона бидејки неговите барања се превисоки за овој тим, веднаш потоа fcinternews.com излезе со информација дека Ето може да се пресели во Интер бидејки неговите барања за плата не би биле проблем за Морати .
Во една ваква ситуација, во Барселона едноставно нема место за Ибра, не покрај Ето, секој кој доволно добро ги познава Барса како тим би ви го потврдил истото . Од една страна, немаат ама баш никаква потреба за уште еден напаѓач ( нападот им функционира беспрекорно ), од друга, ако веќе го носат Ибра, ке се откажат од Ето зашто Барселона во ниеден случај не би трошела пола од својот финансиски буџет за двајца играчи, а да се откажат од играч кој сезонава до овој момент постигнал вкупно 29 погодоци нема логика, нели ? Тие не сакаа да му го продолжат договорот на Ето иако сезонава е брилијантен, баш поради висината на неговите финансиски барања, а камоли покрај Ето, во тимот да донесат играч од типот на Ибра
. :smir:
И еве, Ибра летово станува играч на Барса, тогаш со сигурност ви тврдам дека во спротивниот црно-син табор доаѓа Ето баш поради болдираниот дел горе, нешто што мене воопшто не ми пречи .
Во еден пост на претходната тема за Интер уште пред отпуштањето на Манчини ( ме мрзи да го барам истиот ) реков, Мурињо е тренер кој Ибра ке го направи гол - машина и еден од најдобрите, истото бев уверен дека ке се случи, и еве, сезонава добивам потврда . Споредете го Ибра во времето на Манчини, и Ибра во времето на Мурињо и ке уочите една огромна разлика . Сега сетете се на Дрогба од Челзи, што беше истиот додека Мур беше негов тренер, што е по неговото заминување од Лондон .
Ако Ибра замине во Барселона, факт е дека Ето доаѓа во Интер, го губиш Ибра, но добиваш нова гол машина, башка добиваат и огромна брзина во играта со Ето, плус постирав претходно дека ќе се дрзнат и за Диего наредниве недели . . . така да наредната сезона, вака или онака, Интер ке биде класа тим во споредба со оној кој го имаат оваа сезона, или оној тим кој се градеше во ерата на Манчини . . . нешто што сеуште се осеќа во сегашниот Интер, за жал .
Од една страна ви уочувам дека Барса нема никаква потреба од Ибрахимович ( а тоа е единствениот тим со кој се поврзува ), од друга, дека Интер дали со или без Ибра од наредна сезона ке го има најдобриот тим во од кога сте почнале да навивате за клубот . ФАКТ !