Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не одговарајте на провокации, некои немаат причини за радост за својот тим, па се радуваат на маките на туѓ . . . тоа е очај . :smir:
 
Честитики за вашата игра и карактер но сепак победи подобриот и оној кој ги искористи своите шанси.И среќата можеби беше на наша страна но сепак играчи како Адријано и Ибрахимович мора да погодуваат.Стативата и пречката колку што се дела на некаква среќа до толку се грешки и непрецизност на нив двајцата.А тоа во такви натпревари се враќа како бумеранг.
Од друга страна прецизноста при ударот со глава на Видиќ и нафрлувањето на Руни кон Роналдо се доказ плус дека во такви утакмици сите треба да бидат 100% сконцентрирани.Ибрахимович иако играше многу добро сепак кога влезе во шанса не ја искористи,а исто важи за за Адријано.На тоа се сведува фудбалот,на давање голови.
Поздрав и се гледаме наредната година.
:helou:
П.С. треба да го чувате Мурињо.100 пати сум кажал дека за да еден тим има успех мора да има квалитетен менаџер долго време,а таков е Мурињо.Успесите ќе си дојдат покасно но сигурно ќе дојдат
 
јбг ... изгубивме ... поквалитетниод среден ред на противникот и нашата неефикасност не коштаа пласман. така да вината е е кај нас. единствена добра е работа е за разлика од лани имаме тренер кој нема да дозволи распад систем после ваков пораз
 
Тоа е момци, среѓата ви сврте грб, како и на сите Италијански екипи во осминафиналето. Да се надеваме на подобро претставување следната година а сега да си ги подвиткаме опашките затоа што англичаните не уништија 3-0 и сите италијански претставноци се во аут.
До Коста Интериста ПОВТОРНО на италијански е ANCORA па ако сака може да си го поправиш потписот.
Спортски поздрав:smir:
 
Се согласувам дека игравме одлично и дека имавме шанси, а немавме среќа, но тоа не смее да направи да замижеме пред фактот дека на некои играчи треба да им се укаже да имаат поинаков пристап кон играта, а други како Виеира, НЕ СМЕАТ веќе да бидат дел од првиот тим на Интер. Да влезе против тим како Киево на 15 минути пред крај, кога водиме 2-3 разлика, ок е, ама да започне против Манчестер, при резултат 0-0??? Катастрофална грешка.
 
Читам наназад неколку страници и се смеам со фановите на Милан, просто се потврди онаа изјава на Мурињо, сите се задоволни што испадна Интер. Па не ги цитрајте, нивниот патетизам велам ПАТЕТИЗАМ ги носи до ова ниско ниво и дереџе, проста раја...

Иначе Nightwalker : Виера беше внесен демек поради неговото искуство со англискиве екипи, и просто бев уверен дека ќе игра синоќа. Но тој ништо не оправда, затоа сигурен сум дека на лето ќе си замине и ќе ја остави таа плата да ја делат оние играчи кои што се залагаат максимално на терен, оние кои вистински вредат за да го носат нашиот дрес.
 
Само едно полувреме ве надигра Јунајтед, тоа беше првото на Џузепе Меаца, во останатите три бевте најмалку рамноправни. Тоа е тоа, ви треба подобар среден ред и можеби уште еден стабилен централен дефанзивец. Мислам дека Мурињо веќе знае што треба да направи, што да купи а што да продаде и следната сезона ќе биде многу подобро.
Фан сум на Челзи, ама фан сум и на Мурињо, па затоа и прокоментирав.
 
Тренерот на Интер, Жозе Мурињо го искористи испаѓањето на својот клуб од Лигата на шампионите повеќе за пресметка за италијанските…:nesum::nesum:
 
Честитики за вашата игра и карактер но сепак победи подобриот и оној кој ги искористи своите шанси.И среќата можеби беше на наша страна но сепак играчи како Адријано и Ибрахимович мора да погодуваат.Стативата и пречката колку што се дела на некаква среќа до толку се грешки и непрецизност на нив двајцата.А тоа во такви натпревари се враќа како бумеранг.

Од друга страна прецизноста при ударот со глава на Видиќ и нафрлувањето на Руни кон Роналдо се доказ плус дека во такви утакмици сите треба да бидат 100% сконцентрирани.Ибрахимович иако играше многу добро сепак кога влезе во шанса не ја искористи,а исто важи за за Адријано.На тоа се сведува фудбалот,на давање голови.

Се согласувам 100%. Тоа е тоа во вакви натпревари - утре никој нема да се сеќава на пречките на Ибра и Адриано - само на тие 2:0. Сепак мислам дека многу солидно изигра Интер... Нема збор дека за да се освои ЛШ треба среќа и во ждребка и на натпреварите, но сепак мислам сами сте криви што уште во групи не земавте прво место. Втората да се игра дома е достаа голема предност според мене.
 
Само едно полувреме ве надигра Јунајтед, тоа беше првото на Џузепе Меаца, во останатите три бевте најмалку рамноправни. Тоа е тоа, ви треба подобар среден ред и можеби уште еден стабилен централен дефанзивец. Мислам дека Мурињо веќе знае што треба да направи, што да купи а што да продаде и следната сезона ќе биде многу подобро.
Фан сум на Челзи, ама фан сум и на Мурињо, па затоа и прокоментирав.

Да, Мурињо знае и најдоброто доаѓа допрва. Фергусон го гради оној тим 10 години, а Мурињо неколку месеци, тука е разликата.

Тренерот на Интер, Жозе Мурињо го искористи испаѓањето на својот клуб од Лигата на шампионите повеќе за пресметка за италијанските…:nesum::nesum:

Збогум на интер:smir:

Димитар еве на што мисли Мурињо ^
 
Прочитајте ги моите мислења пред почетокот на мечот кога зборев за Виеира дека не е за прва постава и кога ме убедувавте дека требало да игра... Само кажав дека се надевам дека Мурињо пак ќе има среќа кога се изглупира со Ривас, ама нормално овојпат немаше среќа! Станковиќ не се виде освен чудниот шут од 25 метри. Тапа невидена! Маикон изигра на ниво, како што треба. Среќа никаква немавме, ама не е на среќа работава. Имаа и они шанси, така да оправдано е да кажат дека заслужија и они некој гол повеќе. Зборам за втората утакмица. Две 100% шанси имаа, едната по одична акција на целиот тим, а другата кога Бербатов не знаеше што сака.
За првиот гол Виеира е целосно крив, а за вториот сметам дека Маикон требаше подобро да затвори. А и централните лошо реагираа во таа ситуација.
Рамноправна игра на двете екипи во овој двомеч, со исклучок на првиот дел на Џузепе Меаца каде Манчестер доминираше. Убав фудбал гледавме вчера, отворен со многу шанси! Подобриот оди понатаму, им посакувам среќа во 1/4 финале.
 
момци ништо не направивте повеке срека другата год. и треба да си ја појачите одбраната бидејки:во лига на шампиони слаба ви беше одбраната оваа сезона,а во "сериа а"ви е одлична чаоооооо:helou::helou::helou::helou: важно :nenene:не можете со манчестер многу се јаки...:smir:
 
Среќа вие направивте повеќе оваа година! Важно :nenene: не можете со Интер... МНОГУ СЕ ЈАКИ...:smir:!

П.С. Камен ладно во Милано било, а? Колку степени под нулата се во прашање...!? - Многу сине, многу...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom