Авто огласи (интересни возила за продажба)

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
9400 километри а погледнете ги десната врата и прагот... Плус, ако е толку озбилен огласот ќе ставел салам слики, а не вакви од кај шо не се гледа ништо.
11.000 евра треба да си луд да бараш толку, а уште полуд да го купиш. Сериски автомобил, правен во огромен број, ниту на времето не бил нешто посебно и ценето... по таа цена нема шанси. Па уште замена за НОВ Фиат 500 :vozbud:
Да се работи за првата серија на Застава со малите фарови и обратни врати, да биде 100% комплет држи вода да бараш толку (пак нема никој да го земи) или да е евентуално оригинал италијанец (фиат 600) За обично фиќо 11 илјадарки...
 
него ти имаш намера да земаш 123-ка? Најевтин можиш да најдиш во отпад. Имаше два кај Ипче малку подискубани, за едниот 500 за другиот 700 евра бараше, оправливи и надежни беа (за моторите не коментирам пошто незнам какви беа, шасиски гледано беа добри). Ако земаш таков, за делови имам цела 123-ка , така да лесно прајме :)

Се супер Џиш, ама брат заебанци се то бе. Мајстори, расправај се. Каде?Кога? Во Скопје после 5? Немам време, а ни нерви. Иначе меракот го имам за 123-че. Еден будала комшија твој :) (Оризари) го има на пазар3. Продава 123. Дупнат филтер за водух, не се отвора багажникот. Бојата се лупи. Испукана внатрешноста. Електриката за палење катастрофа (вртиш клуч, го уклучваш греачот на нафтата и сам пали со триста молења), акумулаторот катастрофа...и...верувале или не под 1500 неки да слушни.

За 1600 еур имам Renault Clio, VW Polo, Punto, Fiesta, Escort, ...нека не влегват во филмови. Поново годиште е поново годиште. Навистина нема споредба Мерцедес и то, ама парите шо ќе ги лупниш за поправка делови и одржување...3000 еур прееска еден ми продаваше Mercedes C180 на БТ таблици. Супер зачуван со фул опрема.

ПЛУС кога ќе налеташ ко тој лудакот за фичото шо бара 11000 еур (а и нели ќе се најди будала да дај ново фичо за старото :) ), тоа ти е држава за превртени кошули.

Затоа повеќе ич не се замарам со „Олд тајмери“ во Македонија, освен ако си фатам работа со луѓе што знаат дека со мене нема заебанции кога ќе трефнуваат цени. Се знае кои се реалните цени. Дали него го фатило повеќе тоа е негов проблем. Можам да додаам нешто повеќе пари, ама да ја исплатам или натплатам колата нема шанси кога имам избор за многу поубави работи.
Како што и се што правиме во животот нели, не само колите.
 
Огласов стои некое време, само нешто друго ми го привлече вниманието, а тоа не е Минито.

http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=864432


564168b3-30fe-4162-a5f4-e92e0aec0829.jpg


Одлична работа, се гледа и по лајсната на кровот која се` уште ја немав видено некој да ја има кај нас (оригинална е кај Luxe моделите). За остатокот не треба коментар.
 
Ако сакаш да реставрираш Фичо, поарно купи го ова. 1350 евра бара регистирано со нови гуми.

Моја проценка 1000-1100 ќе го даде.
 
тристач... ахахаха... имав ваков.. имав и пезетка... договор со макпетрол треба да склучиш за дотур на гориво по повластени цени, како за ГОЛЕМ ПОТРОШАЧ...:pos2:
 
http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=912441

ова ми застана на очи, фалат некој лајсни има мала километража(ако не е враќана) ама воглавно е зачувана


прилично е сочуван, а треба да се фарба, лајсните се нај мал проблем, ама не е по мој ќеиф... не сакам мали коли... шупак од кола... нека е олд тајмер и све тоа прва боја бла бла... мало е... а и гарант за цена сега ке тресне околу3.000 а можда и јаче...
 
Дај слика од страна... со оглед дека 400 евра е плин, за 400 евра има голема шанса да е прекршен на задниот дел.


Според таблиците, Џиш ова е мислам битолскиот Мерцедес. Внатре треба да е ДРОП!

(Џиш, горе ...нова Битола, кај Тедико што е, на угорницата)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom