Трн, бесмислено е да се градат 100 тениски игралишта во Македонија. Знаеш, само кога ќе помислиш дека се градат 100 тениски игралишта во земја од 20.000 метра квадратни и со 2.000.000 население звучи некако WTF.
Башка муабет што имаме базени кои не се одржуваат, сепак ќе градиме нови. Олимписки се распаѓа, веќе распаднатите не ги бројам. Ама ако, ние ќе изградиме нови.
Океј, градете дур можете.
Градиме спортски сали, стотина.. море и илјадници ако треба. Ние ќе градиме. И ќе ставиме голем ВМРО-ДПМНЕ знак надвор (а ставаат, види спортска сала во волково). Бесплатна реклама. Ставете и тоа, што да ви речам.
Јас мислам дека во овој стадиум не треба да се има таков пристап кон грабање на пари. И најчудно, кога ќе ги прашаш зошто бе потрошивте милиони и милиони народни пари на глупости кои никој никогаш нема да ги користи (јас само знам дека тенис се римува со пенис, ништо друго) и по 10 години тениското игралиште ќе биде минимизирана џунгла, ќе добиеме за одговор нешто слично на ова:
Господ нека не чува. Од сите.
Ако бе Принц, нека бидат и 200 игралишта. Зошто да не. Може во секој град и село да се отвори школа за тенис, нека спортуваат младите. На кому му пречи?
Зошто во Кондово да нема тениско игралиште на кое што ќе можат младите од тоа село на конструктивен начин да го трошат своето словодно време, па со тек на време да излезе тоа мало дете од Кондово и да го пратиме на US Open или wherever, и да ни донесе трофеј на кој што сите ќе му се радуваме?
Или зошто да не, едно момче од Моноспитово да не му парира на Фелпс?
Најбитен момент од се, е менаџментот на тие спортски објекти, базени и игралишта. Пошто нели, под концесија ќе ги давала државата со поставени услови.
Ако тие услови, го заложуваат концесионерот да отвори школа, тениски клуб, пливачки клуб итн, зошто да не?
Искрено, ме боли туле шо кажал Пандо од ВМРО или Стојко од СДС.
Ако тие терени и објекти(и покрај китењето перја на намесниците) се користат пред се за СПОРТ, зошто да бидам против тоа, на било кој начин?
А кога ќе размислам подобро, и подобро АМС да ги троши парите на вакви работи, отколку да масакрира прекрасни наши песни(Кирилицо искакана и слични гомнарии на џеј џеј и Елвир носето...)