G@rfielD
Модератор
- Член од
- 10 февруари 2007
- Мислења
- 10.751
- Поени од реакции
- 9.786
Mило ми е што се заврши како што треба, и случајот со Канаваро, и операцијата на Маркисио. На вториот му посакувам многу побрзо опоравување, бидејќи беше доста важен играч за нас досега сезонава, а и со оглед на формата, дефинитивно ќе останеше доста важен протагонист во нашиот тим. Да се надеваме дека ќе се врати поскоро одколку што се предвидува, и дека до тогаш достојно ќе биде заменет.Случајот со Канаваро ќе се заврши утре, и 100% ќе биде се во ред со дефанзивецот на Јуве.Можеби мала казна (најверојатно парична) може да добие лекарскиот тим на Јуве бидејќи не известиле навремено дека Канаваро примил анти-алергенс, но ако се докаже дека известувањето за примањето на анти-алергенсот било испратено точно навреме најверојатно и медицинскиот тим нема да заработи никаква казна.
Веста од Газета Дело Спорт од 29 Август, во која пишува дека Канаваро добил убод од пчела.
Oперацијата на Маркизио завршила успешно, и неговото враќање на терените се предвидува за 40 дена. Сисоко веројатно ќе го има својот прв настап оваа сезона против Фиорентина, а Диего е на најдобар пат да си ја врати кондицијата после повредата. линк
Официјално, случајот со Канаваро е затворен, и не се преземени никакви казнени мерки кон играчот.
Канаваро очекувам уште наредно коло против Фиорентина да продолжи онаму каде што застана со Бордо. Се надевам ќе гледаме уште одлични перформанси од него. Сигурно веќе ова недоразбирање го ставил зад него, така да очекувам да го гледам стариот добар Канаваро.