Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Vartolu
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Маркизио е вратен во Торино поради поврада на менискус која доколку треба да се оперира ке го одалечи од терените околу два месеци... уште ова ни фалеше, сега не дај Боже и Камора де се повреди и на средина да играме со 3 дефанзифци зад Диего
 
Шо мислиш какви се?
Може и да му забранат да игра 1 година 2 зависи како ке одлучат мислам дека мн ригорозни се казните кога ке фатат некој на допинг тестот дека користеч дрога

Не користел дрога. Значи убаво си пишува дека Канаваро бил каснат од оса за време на тренинг по што лекарите му дале лек (кој што наводно бил вид на дрога) кој како што велат се сметал за прифатлив.
Вината е кај докторите кои направиле грешка со папирологијата односно не поднеле извештај дека му дале таков вид лек на Канаваро.
 
I don't really like it!
Како прво да се изгуби Сисоко за Маскерано не е паметно, Сисоко е млад, одличен е на таа позиција, не дека Маски не е добар али за мене Сисоко е подобар, друго што не ми се допаѓа е Шамак, долго време се спомнува али не ме убеди дека е дораснат да игра за Јувентус, подобро Паладино ќе го вратиме. А за Американците тешко остварливо, во Италија многу тешко е да се вмеша некој странец и да купи Италијански тим, а и не ни требаат инвеститори го имаме најмоќното семејство во Италија.

http://football-italia.net/blogs/si57.html
Американски капитал се мисли на тоа што ФИАТ го купи Американскиот Крајслер и се мисли на таков капитал. ФИАТ е една од малубројните компании која не бележи пад на производството, туку напротив. Растот во приходите на ФИАТ е за 3% поголем од тоа што беше пред 3 години, а тоа е добро и за Јуве.

Сисоко нема шанси да го напушти Јувентус, а овие шпекулации се појавуваат токму пред натпреварот кога треба да се врати Сисоко, така да мислам дека се со лоша намера пуштени, и сигурно е дека Јуве нема да го продаде Сисоко за да го ангажира Маскерано.

A за ситуацијата со Канаваро, Тутоспорт јавува дека се било недоразбирање меѓу медицинскиот тим на Јуве и организацијата за анти-допинг. Канаваро морало да прими анти-алергенс, бидејќи го каснал некој инсект, а утре ќе се достават тие документи до Организацијата за Анти-Допинг.

На официјалната страна на Јувентус пишува дека Канаваро морало да го прими тој лек, бидејќи во спротивно можело да дојде до големи компликации, не исклучувајќи и компликации од фатален карактер.
Исто се јавува дека Фабио Канаваро и медицинскиот персонал на Јувентус се во секое време достапни за Анти-Допинг институцијата.

Amauri: «My championship starts against Fiorentina»
 
Tuttosport за утрешното издание пишува дека е лажна узбуна допинг тестот на Канаваро. Мислам дека и кога би бил навистина позитивен, Канаваро е премногу вредна фигура во репрезентацијата, па би замижале. Во секој случај добро е што има време за да се среди целава ситуација до натпреварот со Фиренца.
 
Ова за Канаваро почнува да ме плаши. Се чини дека ќе јаде суспензија. Со оглед на тоа дека вчера сабајле излезе информација дека Јуве е заинтересиран за Сол Кембел , а после тоа испадна и ова за Канаваро ... ништо чудно да е вистина и да луѓето од Јуве се свесни за тоа дека Канаваро може да добие суспензија со што и го поврзаа Кембел со доаѓање во Јуве

Навистина штета за Канаваро. За него и пред неколку години имаше сомнеж дека користи недозволени средства, али сето тоа се среди некако. Лично незнам што да мислам ... Канаваро изгледа и делува премногу супериорно за играч од негови години , затоа и не исклучувам да земал нешто недозволено. Да се надеваме дека докторите на Јуве ќе успеат да ја докажат неговата "невиност" и ќе можеме да сметаме на него во текот на сезоната. Иначе лошо ни се пишува ... , а и шуте ова за Буфон ако е вистина дека мора да оди на операција , тогаш црно ни се пишува :pop:

Липи очекува Канаваро да се врати во тимот и цели кон триумф на уште едно СП

Селекторот на Италија, очекува Фабио Канаваро да се приклучи на репрезентацијата во недела и додава дека цели кон триумф на уште едно Светско Првенство


Медиумите од Италија вчера објавија дека Фабио Канаваро паднал на допинг тест иако екипата на Јувентус брзо ја расчисти целата ситуација откривајќи дека ветеранот добил антибиотик откако бил каснат од инсект.
“Не сум се слушнал со Канаваро.” – рече Липи. “Ситуацијата сега е завршена и сум убеден дека ќе го видам во недела.”

“Би сакал да се квалификуваме за СП 2010 уште на утрешниот натпревар, има голема разлика помеѓу обезбедување виза за Јужна Африка на утрешниот дуел или пак на дуелот со Кипар во среда.”

“Среќен сум од тимот што го имам на располагање. Жалам што Маркисио се повреди но сите останати се добро.”

“Мојот сон е да се квалификуваме сега и да освоиме уште еден Светски Шампионат. Потоа ќе ја разгледаме ситуацијата со Федерацијата околу мојата иднина.”

Околу шпекулациите кои го поврзуваа со враќање во Јуве како спортски директор, Липи рече: “Јас не знам што ќе се случи утре, а не после Светскиот Шампионат. До тогаш сум обврзан со репрезентацијата.”

“По крајот на СП 2010 ќе седнеме и ќе видиме каква ќе биде мојата иднина.”

Според псоледниве информации што ги читам на форумиве на Јуве се чини дека Канаваро нема да биде казнет.
 
Уште ли ќе се потпираат на Канаваро? во Италија па нели е стар ? Ах пациенти го пцујат па после добар бил кога ќе го дигне трофејот.Буфон колку е повреден ме мрзи да читам.Значи повторно тешка задача и повредите че не одалечат од скудетото :nesum:
 
Уше ова ни фалеше Буфон да се оперира.Тешки моменти се ова за Јувентус се надевам дека ке ги надминеме и конечно ке заиграат цел прв тим.Бев 100% сигурен дека кога Сисоко ке се врати конечно ке изиграме една утакмица со најјакиот состав што го имаме без повреди никакви а еве што се случи сега.....no coment.Ама се надевам нема да биде долго буфон надвор од терените ама сепак операција на колено не изгледа како да ке се врати многу брзо.
 
ох беее.. само повреди повреди :tapp:

за Буфон имаме замена,Манингер е сепак добар голман не е некој месечар.
 
Канаваро позитивен на допинг тест

Фудбалерот на Јувентус Фабио Канаваро најверојатно нема да биде суспендиран поради тоа што бил позитивен на допинг тестот. Но според најавата престои казна за неговиот клуб Јувентус и за медицинскиот тима на оваа екипа.

Канаваро како сто било објавено бил позитивен на кортизон, а анти допинг агенцијата на Олимпискиот комитет на Италија веднаш подигна истрага. Капитенот на Италија и лекарот на Јувентус биле сослушани синоќа, а конечната одлука би можела да биде донесена до крајот на денешниот ден.

Според лекарите на Јувентус, Канаваро користел лек против убод од пчела во кој го содржи ова средство. А според правилата овој лек можел да се користи само со претходно одобрение на надлежните органи.

извор : Спортско радио 90.3
 
Маркисио утре иде на операција, со тренинзи ќе почне за еден месец, а веројатно за 2 месеца пак ќе игра.

Оф топик- Кај е Тимче???:tv:
 
Еј дали некој од вас прочита некаква информација за операција на Буфон на некое друго место освен на goal.com?Јас не.На веб сајтот на Јувентус тои само за маркизио ама за буфон нема ништо.Да не се ова само зајбанции од Goal.com зашто често знаат вакво нешто да направат?Ако најде некој нешто пратете линк да прочитам.Барам и јас.Има и по некои форуми други ама некој весник или познат веб сајт освен овие нема.
 
Еј дали некој од вас прочита некаква информација за операција на Буфон на некое друго место освен на goal.com?Јас не.На веб сајтот на Јувентус тои само за маркизио ама за буфон нема ништо.Да не се ова само зајбанции од Goal.com зашто често знаат вакво нешто да направат?Ако најде некој нешто пратете линк да прочитам.Барам и јас.Има и по некои форуми други ама некој весник или познат веб сајт освен овие нема.

eve ti nesto ako si procital ok ako ne EVE, dobro si pisuva za novogodisnite praznici pa sea natamu ke pocekame da vidime, ali vo sekoj slucaj losa rabota so ova povredive
 
Случајот со Канаваро ќе се заврши утре, и 100% ќе биде се во ред со дефанзивецот на Јуве.Можеби мала казна (најверојатно парична) може да добие лекарскиот тим на Јуве бидејќи не известиле навремено дека Канаваро примил анти-алергенс, но ако се докаже дека известувањето за примањето на анти-алергенсот било испратено точно навреме најверојатно и медицинскиот тим нема да заработи никаква казна.

Веста од Газета Дело Спорт од 29 Август, во која пишува дека Канаваро добил убод од пчела.

Oперацијата на Маркизио завршила успешно, и неговото враќање на терените се предвидува за 40 дена. Сисоко веројатно ќе го има својот прв настап оваа сезона против Фиорентина, а Диего е на најдобар пат да си ја врати кондицијата после повредата. линк

Официјално, случајот со Канаваро е затворен, и не се преземени никакви казнени мерки кон играчот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom