Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Случајот со Канаваро ќе се заврши утре, и 100% ќе биде се во ред со дефанзивецот на Јуве.Можеби мала казна (најверојатно парична) може да добие лекарскиот тим на Јуве бидејќи не известиле навремено дека Канаваро примил анти-алергенс, но ако се докаже дека известувањето за примањето на анти-алергенсот било испратено точно навреме најверојатно и медицинскиот тим нема да заработи никаква казна.

Веста од Газета Дело Спорт од 29 Август, во која пишува дека Канаваро добил убод од пчела.

Oперацијата на Маркизио завршила успешно, и неговото враќање на терените се предвидува за 40 дена. Сисоко веројатно ќе го има својот прв настап оваа сезона против Фиорентина, а Диего е на најдобар пат да си ја врати кондицијата после повредата. линк

Официјално, случајот со Канаваро е затворен, и не се преземени никакви казнени мерки кон играчот.
Mило ми е што се заврши како што треба, и случајот со Канаваро, и операцијата на Маркисио. На вториот му посакувам многу побрзо опоравување, бидејќи беше доста важен играч за нас досега сезонава, а и со оглед на формата, дефинитивно ќе останеше доста важен протагонист во нашиот тим. Да се надеваме дека ќе се врати поскоро одколку што се предвидува, и дека до тогаш достојно ќе биде заменет.

Канаваро очекувам уште наредно коло против Фиорентина да продолжи онаму каде што застана со Бордо. Се надевам ќе гледаме уште одлични перформанси од него. Сигурно веќе ова недоразбирање го ставил зад него, така да очекувам да го гледам стариот добар Канаваро.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Да, само што не е нашиот Поулсен... :) Другиот е овој... oдносно Јакоб Поулсен. :wink:
Јас само прочитав на нет Поулсен и помислив дека е нашиот. Нема врска.
Инаку, да, Каморанези се запиша во листата на стрелците за Италија.
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Абе Поулсен ( иако сега недаде гол , туку е овој другиот Јакоб ) и Григера , даваат голови само за репрезентации кога играат. За Јуве никако да дадат
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Чиро Имобиле постигнал хет-трик на мечот со Примавера против Ливорно на гости, на кој натпревар Примавера тимот на Јуве победи со 4-1.

Мислам дека Чиро треба да му даде шанса на некој натпревар со првиот тим на Јуве, бидејќи се работи за одличен техничар и голгетер, а во отсуство на Дел Пиеро може да биде многу корисен, а на сите пријателски натпревари кои ги изигра за Јуве летото, се покажа дека стварно вреди богатство.
 
Поарно да го дадеме на позајмица на некој тим од Серија Б каде би имал загарантиран првотимски статус. Несомнено станува збор за одличен талент, кој допрва ќе се развива, така да мислам дека добро би било да се прати на позајмица уште во Јануари.

Имаме добри младинци, што укажува дека имаме и добра иднина. Имобиле е еден од најдобрите напаѓачи што ги имаме во младинската школа, а воедно и еден од подобрите играчи од Примавера тимот.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68

А зошто мора на позајмица да ги пратиме, зошто да не останат да тренираат со постарите и кога ќе може и да играат понекогаш, јас мислам дека и така може многу да напредуваат, а и од неколкуте што ни се на позајмица ретко кој игра, Јаго го промаши клубот, Бари има одлични крила и не игра таму, Пасквато ретко кога игра во Емполи и не ми текнува не некои други сеа, можеби подобро би било кога би имале повеќе доверба во младите играчи.
 
С

сашенко

Гостин

Се согласувам.Мислам дека тренинзите со првиот тим ке му годат ама играчот не се развива на тренинг туку на утакмица.Колку повеќе утакмици има играно толку повеќе самодоверба има и така се развива како играч.Мислам дека треба да оди на позајмица до крајот на сезоната а од следната сезона да си го земеме да тренира со прв состав и да влегува да игра повеќе.ОСвен ако Чиро не планира да го пушта да игра сега со првиот тим зошто тоа би уште подобро.
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
А зошто мора на позајмица да ги пратиме, зошто да не останат да тренираат со постарите и кога ќе може и да играат понекогаш, јас мислам дека и така може многу да напредуваат, а и од неколкуте што ни се на позајмица ретко кој игра, Јаго го промаши клубот, Бари има одлични крила и не игра таму, Пасквато ретко кога игра во Емполи и не ми текнува не некои други сеа, можеби подобро би било кога би имале повеќе доверба во младите играчи.
До некаде си во право, но се сеќаваш на Џовинко, Маркисио, Де Чеље...? Се зависи до играчот. Овие тројца имаа ист потенцијал како Пасквато, Паладино, Паро и многу многу други... па успеаа да станат играчи. Во договорите за позајмиците, стои и една клаузула каде што се потврдува дека играчот ќе изигра одреден број на утакмици, така да не се секирај, и Јаго ќе си ја добие својата шанса во Бари.

Добро е и да остане да учи од поискусните во тимот (Дел Пиеро, Трезеге...), меѓутоа треба и да се стекне и со првотимско искуство, а кај нас тешко дека ќе го најде.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
А зошто мора на позајмица да ги пратиме, зошто да не останат да тренираат со постарите и кога ќе може и да играат понекогаш, јас мислам дека и така може многу да напредуваат, а и од неколкуте што ни се на позајмица ретко кој игра, Јаго го промаши клубот, Бари има одлични крила и не игра таму, Пасквато ретко кога игра во Емполи и не ми текнува не некои други сеа, можеби подобро би било кога би имале повеќе доверба во младите играчи.
Јаго моментално е на светско првенство за играчи до 20 години и затоа не игра за Бари. А со Екдал во Сиена не знам што е, зошто и тој не игра
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
А зошто мора на позајмица да ги пратиме, зошто да не останат да тренираат со постарите и кога ќе може и да играат понекогаш, јас мислам дека и така може многу да напредуваат, а и од неколкуте што ни се на позајмица ретко кој игра, Јаго го промаши клубот, Бари има одлични крила и не игра таму, Пасквато ретко кога игра во Емполи и не ми текнува не некои други сеа, можеби подобро би било кога би имале повеќе доверба во младите играчи.
И јас се сложувам. Добро ќе биде да му се дава повеќе шанса на младите во случај кога нема да функционира како што треба дел од тимот. Пример, против Палермо нападот на Јуве беше тотално безопасен (освен слободниот удар на Диего, и шутот од 16тик на Амаури), така да Имобиле доколку би добил шанса тој би дал се што е во негова моќ да се покаже што е можно во подобро светло и верувам дека Јуве со тоа ќе беше поопасен на теренот. Јуве има одлични играчи во Примавера составот, посебно напаѓачите. Дауд кој е на позајмица во Кротоне, Имобиле итн, кој верувам дека би биле од огромна корист во натпревари како тој со Палермо.

Џиџи Буфон изјави дека мора да оди на операција, и изјави дека ќе се труди тоа да го направи за време на паузата за Новогодишните празници, за што е можно помалку натпревари да биде надвор од терените, а се надева дека ќе биде на голот на Јуве на мечот против Интер. линк
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Има време за Имобиле ,млад е не мора да се форсира исто така и Дауд е голем потенцијал ,они често тренираат со првиот тим и тоа е добро само им треба искуство во некој помал тим како Емполи,Сиена или Ливорно, Џовинко и Де Чеље беа пратени да се калат а Маркизио влезе во прв тим поради тоа што имаше простор за напредок и немаше некоја голема конкуренција на неговата позиција али во нападот ги имаме Дел Пиеро,Јакинта,Амаути и Трезеге нема простор за Имобиле и Дауд,они ќе играат само по 10-ина минути

Bianconero Style
 
Токму така. Но многу е важно и каде ќе заминат на позајмица. Екдал замина во Сиена има само еден настап, Јаго нешто слично,и мислам дека подобро е да се пратат на позајмица во тимови во кои најчесто ќе бидат првотимци, и на кои ќе играат, отколку да се праќаат на позајмица во тимови каде ќе имаат само 5-6 настапи во цела сезона.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom