Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.502
Поени од реакции
58.895
Ја тоа што имам да го кажам си го кажувам, и никогаш немам проблеми на фан-клубов зошто внимавам со кој дискутирам. Мојата дискусија беше со „јас“ а твојот обид да се вмешаш во истата е очаен и смешен, пошто во твоите 57 поста ретко кога да нема некој бисер. Така да не си квалификуван, нема ни да бидеш. Ти дадов шанса 2-3 пати, ама не успеа да кажеш ништо паметно. Може да те употребам во потпис некогаш, или за ремет, тоа е најдалеку што можеш да стигнеш.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
E сега со кога дојде Гросо малку ми е чудно зошто не го дадовме Молинаро додека требаше. Сега како со 3 бега еден нон-стоп ке си е н клупа а посеизгледа Молинаро, или некоја опција на Чиро да го игра едниот десен бек, како што играше Григера на лев бек. Шознам, ова сег се прашував.
Нема да игра никој десен бек, Зебина, Касерас и Григера се доволни за таму. Гросо мислам дека ќе е стандарден, но има доволно натпревари и за Де Чеље да покаже што знае , па и Молинаро. Молинаро мислам дека ќе биде продаден Јануарскиот преоден рок, но може да влегува и на Куп натпреварите . Но ништо чудно, ако и Де Чеље не се покажи оваа полусезона тој да биде играчот што ќе биде продаден взима.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Нема да игра никој десен бек, Зебина, Касерас и Григера се доволни за таму. Гросо мислам дека ќе е стандарден, но има доволно натпревари и за Де Чеље да покаже што знае , па и Молинаро. Молинаро мислам дека ќе биде продаден Јануарскиот преоден рок, но може да влегува и на Куп натпреварите . Но ништо чудно, ако и Де Чеље не се покажи оваа полусезона тој да биде играчот што ќе биде продаден взима.
bi se slozil so kiko ;) taka e brat ako ne se dokazi neznam nazima mozi i da bide prodaden
 

DangerouzZ

Bianconero Till I Die !
Член од
24 август 2009
Мислења
366
Поени од реакции
21
Ja mislim deka treba Molinaro da bide prodaden dur sakaa ljudive da dadat pare za nego , poshto ina4e kje ima ushte eden shto kje ja gree klupata i kje zema plata samo zatoa shto prae treninzi so Juve :wink:
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Де Чеље во ваква формација повеќе ќе игра лев цмф одколку лев бек. Мислам дека и затоа Чиро го зема Гросо. Молинаро ќе му биде замена на Гросо , а Де Чеље ќе биде прекомандуван во средината и ќе добива шанса ... по малце.

Лузерот Раниери нов тренер на Рома Тука ... Конечно си најде лигушот клупа ... мислам дека ни за Рома не е дораснат .. ќе го доуништи со онакви уништени играчи. Ваљда целта му е да обезбеди опстанок ... за друго и незнам зошто би го ангажирала Розела Сенси.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Честито ново засилување:vozbud::vozbud: Се комплетира нашиот шампионски тим-
Буфон
Касерес-Канаваро-Киелини-Гросо
Мело-Сисоко
Дел Пиеро - Диего - Каморанези
Амаури

Има шанси вака да играме некогаш со Каморанези,Диего и Дел Пиеро во средина?
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.694
Поени од реакции
3.647
Трансфер пазарот заврши вчера во 19:00. Кој купил - купил кој не маф му работа.
За нашите челници ова беше долго и топло лето, лето во кое поштено си ги засукаа ракавите и беа принудени да се запотат ако сакаат да не го навлечат гневот на навијачите и истите да бараат нивна смена.
Успеаа да донесат неколку играчи па решив да направам мала ретроспеткива на нивната работа.

Фабио Гросо е последниот играч кој не засили во овој преоден рок. Со неговото доаѓање се затвара дупката наречена лев бек која беше слаба точка во изминативе 2 сезони и на која најмногу алудираа т.н. стручни аналитирачари. Гросо беше доведен откако повеке од јасно стана дека Молинаро не е играчот на кој ке може Јувентус да се потпре оваа сезона ако сака да освои некој поголем трофеј. Во ваква формација без класични крила Гросо е вистинскиот избор. Го кажав моето мислење за него уште во текот на Јуни месец кога се појавија шпекулации околу неговиот ангажман и ангажманост на неговиот "конкурент" Андреа Досена.
Гросо е играчот што ке донесе искуство во овој тим. Лев (офанзивен) бек од светска класа. Неговите центаршутеви, пробиви, кондицијата и да биде во право време на право место го прават уникат. Очекувајте 10 пати подобри центаршутеви, пасови и многу подобра игра во одбраната од она што вообичаено сте навикнати. Голем плус за него (ма да мислам дека поише е за нас) е тоа што сосема солидно изведува слободни удари и е одличен пеналџија.

На светско првенство лев бек да го изведува петиот пенал за да биде светски шампион, под толкав притисок па уште и во горен десен агол - да бидам искрен не верувам дека друг некој би преземал толкава одговорност и толкав ризик. Липи го стави тој да го изведе, а не Пирло или Дел Пиеро кои мислам дека се подобри изведувачи. Замислете наместо Гросо, да беше Молинаро. Веројатно немаше да го погоди стадионот. . .
Морам уште еднаш! Чиста Класика, која ке се памети:


Фабио Канаваро - се врака онаму каде што припаѓа после 3 сезони. Неговиот трансфер беше ставен на тапет после тоа што се случи во 2006. Голем број од навивачите не сакаа да се помират со фактот дека се врака и покрај тоа што самиот тој објасни дека тој имал многу малку удел во неговата преселба во Мадрид. Бевме предмет и на шега на форумов порадни неговото доаѓање но како што напиша еден чичко на Гол. ком - сите они кои што зборуваа против него сега ги голтаат сопствените зборови. Но, да не отворам стари рани.
Самиот вети дека само со добри настапи ке ги убеди навивачите повторно да веруваат во него и покрај да не речам катстрофалните изданија во Реал кој немаа ништо заедничко со тие во репрезентацијата и Јуве.
Треба да бидеме горди што во нашиот тим имаме таков професионалец и Капитен на актуелниот светски Шампион. На стартот од сезоната по првите два натпревара е во тимот на колото. Нема да трошам зборови, знаеме кој е и кој се неговоите квалитети. Стојам зад фактот како што стоев и пред да пристигне, дека Канаваро е одлично засилување за оваа сезона и кој ке изврши големо влијание врз целата одбрана, а поготово на помладите. Освојувањето на титула ке биде под големо влијание на неговите квалитети.

Мартин Касерес е тој кој што најверојатно ке ја покрива десната бочна позиција. Пред се мислам дека беше донесен како замена за Киелини и Канаваро, но двата натпревара кои ги одигра му стави до знаење на Ферара дека на него ке може сериозно да се смета и дека нема никаков проблем да игра и како десен бек. Има 22 години, а веке се гледа големиот потенцијал што го носи во себе. Не верувам дека Барса ке платеше џабе 16 милиони пред една година, ако не вредеше толку. Фонсека, неговиот агент и бивш играч на Јувентус беше главниот виновник за неговата преселба во Торино. Вети дека неговиот клиент ке има голем удел во престојнава сезона.
Игра стандардно за Уругвај како десен бек и се надевам оти Чиро нема да го остава на клупа туку напротив дека ке добие предност пред Григера и Зебина.
Не најдов нигде информации зашто воопшто не ни беше на клупата за почетните две кола.

Јувентус беше фаворит во трката за Гаетано Д'агостино, но големите финансиски барања на претседателот на Удинезе - Поцо, го натераа клубот да го ангажира Фелипе Мело. Голем број на клубови беа заинтересирани за него по одличните настапи на Купот на Конфедерации за Бразил. Токму поради тоа и по договорот што го потпиша со Фиорентина бев доста убеден дека барем уште една сезона ке остане во Фиренца. Управата целата работа ја заврши за 10ина дена откако прифати да ја плати клаузулата во неговиот договор.
Голем број на добри познавачи на фудбалот ширум светот (освен Дарко Панчев) го окарактеризираа овој трансфер како правилен потег на управата. Дури и Дунга кажа дека Фелипе Мело ке биде големо засилување за Јуве и дека воопшто не згрешиле што го ангажирале.
По трансферот во Јуве ги одигра сите подготвителни натпревари и веднаш се виде дека на средниот ред на Јуве ке му донесе квалитет, цврстина, издржливот и сигурност во борбата за титулата.
Едвај чекам да почнат со Сисоко во средината и да формираат ѕид пред ѕидот. Ке му биде и од огромна помош на Сисоко во спречувањето на противничките акции.
Дека може да ја контролира средината видов на натпреварот за Бразил против Италија, но и на натпреварот против Рома. Call'im the General!

По пензионирањето на Павел Недвед, еден од главните двигатели на играта на Јуве во последните 9 години управата не смееше да дозволи да згреши со неговата замена. И не згреши!
Диего е човекот во кој што најмногу ни се насмевна среќата. Цела редица клубови чекаа за да седнат на преговори со него. Јувентус успеа да го ангажира за 24.5 милиони евра кои и не се така многу за играч како него. Како што кажа Блан: "Доколку почекавме уште некој ден со неговото ангажирање веројатно ке требаше да платиме многу повеке или и воопшто немаше да го купиме затоа што набрзо после тоа играчи како Кака и К. Роналдно заминаа за Мадрид". И Интер беше многу загреан за него, па дури и имаше вести дека Интер го претркал Јувентус во обидот да го анагажира. Ноооооооооо . . . .заврши во Јуве:)
Во своите два нецелосни натпревара кои ги одигра за Јуве постигна 2 гола и само потврди дека Јуве и неможеше да одигра подобро околу замената на Јуве. И со Рома не одигра комплетни 90 минути, а успеа да постигне гола.
Човекот има буквално се шут, центаршут, топка во празно, интелегенција, соработка со напаѓачите/соиграчите, изведување корнер, слобден удар, пенал, игра на мал простор, да се загради, движење со тело (како само ги исфрлува со тело), позиционирање, помага на одбраната, дава се од себе - буквално се!!!
Игра фантастично до сега и покрај тоа што, како што самиот изјави не е 100% подготвен. Милан неколку години го имаше Кака, Јуве го има Диего!
Нема сомневање, новата ѕвезда на италијанскиот фудбал!














Целава ренесанса на нашиот клуб во текот на летото започна од отпуштањето на Раниери. Чобанот имаше и големо влијание врз трансферите (што е многу логично), па токму поради неговите грешки, грешеа и Секо и Блан.
Сега на кормилото дојде човек кој поинаку ги гледа работите и кој не замижува пред слабостите на тимот.

Работата на Секо и Блан би ја оценил со 9/10 само поради тоа што не успеаа да ги продадат Григера и Молинарно во текот на летово. Убеден сум дека доколку успеаа да ги шитнат нив, ке имавме доволно средства за да го донесат Рафиња и да бидеме туто комплето и да влеземе како главни фаворити за титулата.
Нема врска и вака е одлично, а Рафиња може да дојде и во некоја наредна прилика.

П.с. Се мрднав од пишување - саат време окапев:icon_lol:
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
“I owe them a lot. My head was full of thoughts prior to the game, so I cried. When I managed to score, I understood so many things: Juve are more than a team, they are a family.”- Felipe Melo

Тука!

П.С. Со Лацио гости ли пак сме сеа?
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
ha ha ne veruvam deka deceglie ke se pokazi podobar od groso se razbira ako ovoj izigra na nivo kako sto treba, a deka deceglie ke stane podobar ne veruvam nekako mi e somnitelen tipot po trcanjeto me potsetuva na molinaro, koga trca so topka stom glea vo zemja ne biduva od nego igrac za juve.
нема збор за Гросо....висок,корпулентен,интелегентен,не баш така брз,но интелегенцијата и движењата го надополнуваат тој недостаток,добри центаршутеви исто така знаел и гол да постигни.....сепак мислам дека е 31година и не игра со исто темпо како на 26-27год. кога беше во најдобра форма.....зато тука е младиот Де Чеље кој несомнено има огромен потенцијал(секако добрите познавачи веќе го прокоментираа како добар во нападот и не така добар во одбраната,да потсетам дека ланската одбрана на Јуве беше ДУПКА!!!)......покрај сигурните Канаваро и Киелини ќе има многу повеќе простор за излети во нападот што ќе резултира со повеќе голови постигнати за Јуве.....најбитно е што на таа линија тимот сега е конкурентен и подобриот ќе си ја добива шансата,сепак сезоната е долга следуваат падови на форма и повреди,до крајот ќе има 300 “буричкајнци“ : ))))
 

DangerouzZ

Bianconero Till I Die !
Член од
24 август 2009
Мислења
366
Поени од реакции
21
Fossil bravo za postov , ti go chitav cel i morashe da te pofalim , ne za drugo tuku deka saat vreme si okapal u pishuenje :) :wink:
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Нели тинкерот има договор со Јуве до 1ви Јануар 2010? wtf со муабетов за во Рома не смееме да го дадеме!:vozbud:
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Треба во Јануари да го дадеме Трезеге на Лион за пари или позајмица и да го земеме Пандев.Би бил одличен во тандем со Амаури.А би можеле и да го земат како слободен играч следното лето ама тогаш ке има поголема конкуренција.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.224
Поени од реакции
8.093
Треба во Јануари да го дадеме Трезеге на Лион за пари или позајмица и да го земеме Пандев.Би бил одличен во тандем со Амаури.А би можеле и да го земат како слободен играч следното лето ама тогаш ке има поголема конкуренција.
Не бе брат, што ќе ни е Пандев. Веќе имаме доволно играчи во составот со такви карактеристики. Мислам дека ако го продадеме Трезеге, тешко дека ќе најдеме класичен центарфор со квалитетите на Давид. Затоа е најубаво да си седи кај што си е и да нема промени во тој дел од тимот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom