А што е работата што Сисоко го нема во ниеден од составите???
Овие се трите формации што Чиро Ферара ги испроба на Peace Cup-от и затоа го нема Сисоко..
A
goal.com повикувајќи се на Кориере Дело Спорт, јавува дека Поулсен можеби е опцијата која се размислува во Фиорентина како замена за Фелипе Мело, но според весникот проблем ќе биде високите барања на Данецот од 3 милиони плата, барање кое не респондира со политиката на платите во Фиорентина воведена од Панталео Корвињо..
Зашто место за Тиаго слабо? Очекувај Мело и Сисоко често да бидат суспендирани, исто така и Каморанези, така да очекувам и Тиаго да има висока минутажа. Плус тоа, Чиро му укажа голема доверба на Тиаго во пријателскиве утакмици, и очекувам и во првенството да го игра, односно да го ротира со овие тројца погоре. Истото важи и за Маркисио, и тој ќе си изигра достоен број на утакмици, гарант.
Во Јуве како и во секој тим си има своја хиерархија на играчите, на која и да е позиција..Моментално во средината на Јуве, поточно на позициите на кои си „конкурираат“ Мело, Сисоко, Тиаго и Маркизио се знае хиерархијата..Сисоко и Мело секогаш ќе бидат прва опција, па потоа следуваат Тиаго и Маркизио..На Јуве му треба квалитетна клупа, достојни замени на првотимците, бидејќи тоа е многу важно во одржувањето на константната форма во текот на целата сезона..Има доволно натпревари за да изиграат сите, и се надевам дека сите ќе играат на високо ниво, со што ќе придонесат на покреативен и по-компетитивен Јувентус...
Тиаго изигра брилијантно на досегашните натпревари, и сигурно тоа нема да остане незабележано од страна на Чиро..Исто така на високо ниво изиграа и Мело и Каморанези...