Во името на сите од нашиов фан клуб, им благодарам на оние кои што искрено честитаа за вчерашната победа.:smir:
За утакмицата
Изигравме сосема солидно, компактно, секој си ја знаеше својата задача, а Ферара точно знаеше што да побара од своите војници. Имаме игра која не е на стаклени нозе, како што беше во времето на Раниери. Мело ни дава голема цврстина во средниот ред која што ке ни помогне многу во натамошниот дел од сезоната, а која што ни фалеше во минатата. Кога ке се спојат со Сисоко ке бидат бедем пред одбраната. До сега немаат одиграно заедно, но се надевам дека заедно ке функционираат. Не можеме да знаеме однапред, сепак ке треба да сочекаме да видиме на терен. Киелини малце треба да повнимава на тие стартови во шеснаесетникот.
Убеден сум дека таа можеше без пенал да ја расчистат, затоа што Раул немаше многу простор за удар. И Џовинко одигра одлично, знае Ферара дека малиот треба добива шанса, секогаш кога Диего нема да биде способен. Канаваро беше сосема солиден (настрана дека постигна гол). Одлично се држеше. Се надевам дека само ке се подобри како поминува времето.
Срамота е сега да не го освоиме Купот, кога веке стигнавме до тука. Не сакам да ја потценувам Астон Вила, меѓутоа сметам дека дефинитивно не е на нивото на Реал Мадрид, па и на Севиља. Би било фино да победиме во Недела и да ја имаме првата титула уште пред да почне сезоната, а воедно и прва по 2006.