Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 јули 2008
Мислења
2.066
Поени од реакции
71
Бате голум твој има потрошено милијарда на неразумни трансфери. Изгледа и тој имаше проект од 20 години како да го направи интер доминантен во италија. Гледам успева во то нешто. За копањето до негде си во право гледам почнаја да се повлекват тужби па чекам уште голум твој да си падни во гробот.

За разлика од него ние немаме 20 години туку по две години бараме резултати. Ај сега пријатно.
Сепак не е моја желбата само Интер да биде шампион на Италија, туку сакам во Серија А да има 7-8 израмнати по квалитет екипи, а вака имаме само 3 (Интер-Милан-Јувентус), од втор ранг се Рома-Фиорентина-Лацио-Џенова и толку.
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Едноставно немам зборови ... да ми е Раниери пред мене ќе го зарогам ! Деген еден глуп ... 5 години му требале ... АБЕ КРЕТЕНЧЕ ТЕБЕ ЧОВЕК 15 ГОДИНИ ДА ТИ ДАДЕ ПАК ЌЕ ОСТАНЕШ ИСТОТО ЛУЗЕРСКО СТАРСКО ДЕГЕНСКО НЕПИСМЕНО ЧОВЕЌЕ.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
We didn't win, but we showed desire. We came back twice. Everyone gave their all, I can't say anything against the team.
Истите зборови по секој натпревар од овој смотаниов, изглеа напамет ги научил.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
а зш да не отвориме една анкета на нет....па да собереме 1милион потписи против Раниери а???

п.с ама мене ме плаши една друга работа....пак да не почнаа со местење??
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Сепак не е моја желбата само Интер да биде шампион на Италија, туку сакам во Серија А да има 7-8 израмнати по квалитет екипи, а вака имаме само 3 (Интер-Милан-Јувентус), од втор ранг се Рома-Фиорентина-Лацио-Џенова и толку.
Гледаш дека го збораме истото.
Кога пред некои 5-10 сезони ќезастанев да читам вовед за амбициите пред почетокот на сезоната постоеја 7 клуба со шампионски амбиции (Јувентус, Интер, Милан, Рома, Лацио, Фиорентина, Парма). Еееееј времиња. Плус тимовите од италија скоро редовно играја финале о ЛШ ( добро некои успеваа да се задоволувааат и со полуфинале). Сега погоди шо се случува, пред почетокот на секоја сезона имаме натписи дали некој клуб ќе има сила да го симни интер од тронот. И како да го симни, сите знајме како се адевте минатата година и шо напрајвте во тој калчополи за да стигните до ваква доминација. Јувентус беше осакатен и преполовен после 2006, па капак на се има катастрофална управа. Од друга страна Милан исто имаат некаква си криза плус имаат еден куп старци кај кои веќе нема желба за игра. Од останатите клубови ич да не почнувам да спомнувам некој. Силата на оваа серија а се гледа до кај е. Интер е истиот онај кој беше пред 10 сезони стигнува до некое 1/8 1/4 финале и толку Јувентус и милан се вратени на рангот на удинезе од пред 10 години. Разликата се гледа само некои луѓе не сакаат да ја видат и се упорни со нивните постови па дури и незнаат шо пишуваат.
:salut:
 
Во потполност се согласувам со твоево мислење за моменталната состојба во Италјанскиот фудбал.
Но малку мие чудно што за најодговорен го сметате Интер.
 
Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Едноставно немам зборови ... да ми е Раниери пред мене ќе го зарогам ! Деген еден глуп ... 5 години му требале ... АБЕ КРЕТЕНЧЕ ТЕБЕ ЧОВЕК 15 ГОДИНИ ДА ТИ ДАДЕ ПАК ЌЕ ОСТАНЕШ ИСТОТО ЛУЗЕРСКО СТАРСКО ДЕГЕНСКО НЕПИСМЕНО ЧОВЕЌЕ.
ем го напаѓаш ем на аватар си го ставил:pos2: дефинитивно има некој договор помегу Дел Пиеро и Трезеге за да го истерат Раниери слушајте ми го зборот, капитенот како ке каже така ке биде, а овој пак се скара и со двајцата и со Дел Пиеро и со Трезеге е се коо ке го извадат нека се мисли кој го извадил:vozbud::vozbud:да чујам утре ''Раниери истеран од Јувентус'' ептен кејфот ке ми се направи:vozbud::vozbud:
 
Д

Демијан

Гостин

Леле значи што се нема да се изначитам ејјјјјјј.Не ми се верува.Тимче тие се ПРОФЕСИОНАЛЦИ!Немојте да зборите глупости од тимот намерно губеле или не играле на ниво за да го избркаат Раниери.Фудбалерите си имаат бонуси за победа,гол итн.Пред се тие играат за Јувентус,а не за Раниери и залудно е да се трошат зборови за вакви глупости!
 
Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Леле значи што се нема да се изначитам ејјјјјјј.Не ми се верува.Тимче тие се ПРОФЕСИОНАЛЦИ!Немојте да зборите глупости од тимот намерно губеле или не играле на ниво за да го избркаат Раниери.Фудбалерите си имаат бонуси за победа,гол итн.Пред се тие играат за Јувентус,а не за Раниери и залудно е да се трошат зборови за вакви глупости!
Добро некои делови од постото не ги свати. сега ке ти објаснам, зошто Хуанде Рамос го истераа од Тотенхем?
затоа што Џенај и Ленон најавија дека ке си одат ако остане тренер Рамос и наместо клубот да ги загуби нивните двајца најдобри играчи реши да го отпуштат Рамос и сега мое мислење е дека и на Раниери му плеткат такво нешто а тоа дека играчите играт за Јувентус се лажеш 10% играт за клубот 90% за пари така да неам ништо да загубат од нивните плати ако загубат 2-3 или повеке натпревари само тренерот може да загуби:toe:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.701
Поени од реакции
43.794
Во потполност се согласувам со твоево мислење за моменталната состојба во Италјанскиот фудбал.
Но малку мие чудно што за најодговорен го сметате Интер.
Ме испровоцира вашата дискусија, па се заинатив да најдам еден мој пост кој се однесуваше на едно златно доба од Калчото, бујрум :

За оние '' постарите '' членови што ги памтат златните денови на Калчото , мало потсетување на големината на истото :

* Парма : Буфон , Канаваро , Киеза , Ди Вајо , Креспо , Ортега , Сенсини , Верон , Турам ,

* Фиорентина : Киеза ( 99-2002 ) , Диливио ( ви текнува ли на играчов , играше и долги години за Јуве ) , Торичели ( психо фаца , мамето негово ) , Толдо , Руи Коста , Нуно Гомеш , Пеџа Мијатович, БАТИГОЛ . . . . ФАТИХ ТЕРИМ

* Лацио : Поборски , Бокшич , Неста , Михајлович , Панкаро , Негро , Стам , Виери , Недвед , Верон ( 99-2001 ) , Роберто Манчини ( лошо менаџира , али какво фудбалерче беше со пеколна левица ) , Клаудио Лопез , Марсело Салас , Консеисао , Перуци , Владимир Југович , Дарко Ковачевич ( златното џокерче на Јуве ) , Креспо ( 2000 - 2002 )

Е сега кога ке ги додадеме Милан , Јуве , Рома и Интер на истиве овие тимови , заедно со Удинезе (Бироф и Аморосо ) , Болоња ( Р.Баџо , Сињори , Паљука ) , Сампдорија ( Монтела , а тука беа и Ортега , Михајлович , Манчини , Киеза , Верон ) , ве потсеќам дека во Италија се играше фудбал за кој и денешнава Премиер Лига може само да сонува . Може некој ке го искритикува ова што претходно го кажав , али оние што подолго време следат фудбал , фудбалот што се играше во Италија во средината на 90те и почетокот на новиот Милениум , беше на ниво што денес сеуште го немам сретнато во останатите првентсва ( зборам и за пресметки на фанови во склоп на стадионите во создавање на атмосфера , не тепачки ), вклучително со сегашното Калчо , ниту парите што моментално Русинон и Арапине ги носат во Премиер Лигата нема да можат да го создадат она што владееше во Фудбалот на Апенините кон крајот од минатиот век и почетокот на овој.

п.с. Листата на Фудбалери можно е да не е целосна , али поентата ми беше да се потсетиме на периодот кога Калчото важеше за убедливо најдоброто првентсво во светот . Којзнае кога повторно ке го добие истиот сјај , иако тоа што се случувапе таму во периодот за кој зборувам е мислам неповторливо .
Aбе у пм :( .
 
Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
А што велите да му дадеме уште една шанса на Раниери догодина? :pos: можеби ќе стигнеме до второто место и ќе донесе некои млади играчи како Канаваро !!!! КАТАСТРОФА бевме денеска , а и противникот ни беше од "светски" ранг ....... и 2-2 против таков тим е успех за Раниери !!
 
Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.494
Поени од реакции
4.340
искрено се плашам ако продолжиме вака до крај наебавме и ЛШ.:nesum:
иначе за раниери немам веќе што да кажам.се каам што го победивме реал.:toe:
позздрав FORZAA JUVE
 
Д

Демијан

Гостин
Калчото многу изгуби со Калчополи скандалот,ама исто така и на квалитет се изгуби со огромното осиромашување на Парма Лацио па и Фиорентина.Лацио имаше екста силен тим во тоа време ама сепак финансиски премногу падна.И тука треба да се најде вината за опаѓањето на квалитетот на калчото.Значи пред 2006 Јувентус беше најсилен без конкуренција,а сега е Интер на негово место.Така да калчото е поосирамошено ама не толку како што си мислиме ние(фановите на Јувентус.)Има пад на квалитетот кај Јувентус и Милан за затоа се знаеше кој ќе биде шампион уште на полусезона.Требаат години за да се оправи Италијанскиот фудбал...
 
Член од
22 април 2008
Мислења
549
Поени од реакции
93
Луѓе сите го обвинивте Раниери а ништо не кажавте за играта на играчите. Не ја гледав утакмицата од оправдани причини и многу ме интересира како изигра Јакинта. Ако сака некој нека напиши некоја реченица за него. Однапред фала.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Ме испровоцира вашата дискусија, па се заинатив да најдам еден мој пост кој се однесуваше на едно златно доба од Калчото, бујрум :

Aбе у пм :( .
Еххх ми се плачи ко ќе ми текни на тие времиња.
И за шо, за лакомиот Морати, цел исцениран процес за да освој скудето. АААААА ми иди да скршам нешто.

Друга работа. http://74.125.39.132/translate_c?hl=en&ie=UTF-8&sl=it&tl=en&u=http://www.tuttosport.com/calcio/2009/04/26-25724/Juve,+i+giorni+della+rinascita&prev=_t&usg=ALkJrhgBkzzYx81rA0eoJGyKxFGU5GOIPA

Изгледа вторник ќе има интересен состанок за иднината на Јуве, па тогаш ќе знајме нешто појќе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom