Фрчкоски веднаш ќе го решел прашањето за името

  • Креатор на темата Креатор на темата Marski
  • Време на започнување Време на започнување
Па такво решение веќе имавме на маса, но токму несериозноста на нашата надворешна политика ја прокоцка шансата.
Ај кажи кој предлог беше то жифти све????
 
Секое решение, каде што не се чепка уставот на Македонија (во смисол промена на името во уставот, на пасошите, личните карти, државјанствата, изводите од матично и слично...), каде што не се чепка уставноста, каде што никој не ми го одзема моето легитимно право да се пишувам Македонка и Македонски јазик и секое решение кое не го осеќам како загрозување на идентитетот на државата е добро решение. Се надевам дека добро објаснив. :smir::)
А за да се постигне сево ова (имајќи ги во предвид позициите и силата на Грција, како и нивната тврдоглавост и желба да постават диктаторски однос кон нас, по принцип односот господар - роб), не може да се постигне “во најбрз можен рок“ или “веднаш“. Потребно е време...Не мора се со брзање да се прави. Брза кучка слепи кучиња раѓа!:smir:

Со секоја промена на името од твојата држава Македонија твојот идентитет е загрозен,можеби нема веќе од утре,или за неколку години,ама мораш да се помириш со фактот дека во иднина ќе бидеш она како што ќе се вика твојата држава,а и јазикот односно идентитетот ќе ти биде тоа.

-ИДЕНТИТЕТ НЕ ОПСТОЈУВА ДОЛГО,БЕЗ ИСТОИМЕНА ДРЖАВА.:toe:
 
А АБЦ молим те, ај убаво прочитај го мојот пост пак. Не знам за тебе, ама јас името го гледам како дел од идентитетот. Со промена негова во Уставот, автоматски се менува и идентитетот де.
 
Република Македонија (Скопје)

Како прво, Грците го ОДБИЈА тој предлог.

Како второ, дури и тој предлог имаше подточки.

Како трето, секакво менење на името е менење на идентитетот. Тие работи одат заедно.

Освен тоа, знаеме дека всушност тоа е целта на Грција. Затоа што здраво и силно македонско национално чувство го поткопува нивниот национален мит за хомогена нација.

И покрај тоа што сите сме свесни за овие работи, и покрај тоа што самата Бакојани призна дека планот им бил да не блокираат по секоја цена, сепак некои членови на овој форум продолжуваат со ширење на митот за „пропуштената шанса“ само поради партиски цели.

Што е поважно, партија или Македонија?
 
Главен град на Република Македонија.

Или алтернативно име со иста важност како тоа пред заградата, граматиката допушта и самостојна рамноправна употреба на тоа пред и тоа во заградата.
Затоа секое објаснување дека тоа во заградата е само појаснување е заебана и малоумна работа бидејки е само прашање на ден кога тоа во заградата ќе стане и единствено име во случај да биде прифатен овој стапица-предлог.
 
Како прво, Грците го ОДБИЈА тој предлог
Токму поради несериозноста од наша страна да се дадат аргументи на Бушовата администрација, за да направи притисок за компромис врз грција.
Како второ, дури и тој предлог имаше подточки.
Точно, но многу експерти и политиколози тогаш истапија со мисење дека предлогот со мали корекции е прифатлив за нас.
Како трето, секакво менење на името е менење на идентитетот. Тие работи одат заедно.
Па зошто сеуште преговараме ?
И покрај тоа што сите сме свесни за овие работи, и покрај тоа што самата Бакојани призна дека планот им бил да не блокираат по секоја цена, сепак некои членови на овој форум продолжуваат со ширење на митот за „пропуштената шанса“ само поради партиски цели.
Дефинирај партиски цели. Мислиш на СДСМ или на ДПМНЕ ?
Што е поважно, партија или Македонија?
Иднината на Македонија.
 
Токму поради несериозноста од наша страна да се дадат аргументи на Бушовата администрација, за да направи притисок за компромис врз грција.
Точно, но многу експерти и политиколози тогаш истапија со мисење дека предлогот со мали корекции е прифатлив за нас.
Па зошто сеуште преговараме ?Дефинирај партиски цели. Мислиш на СДСМ или на ДПМНЕ ?
Иднината на Македонија.

Грција веднаш го одби предлогот. Додуша, Бакојани рече дека за нив е прифатлив Република Скопје (Македонија). Ти одговара? :)

Шала на страна, повторно ќе те потсетам на изјавата на Бакојани од пред некој ден. Глумеле преговори, а биле решени на вето. Значи, не ти држи муабетот за „пропуштена шанса“.

Прашуваш зошто преговараме? Се надевам дека и ние само глумиме се додека судскиот спор не заврши и тогаш ќе имаме легитимно право да ги прекинеме. Ако не е така, ако искрено преговараме за нашето име, тогаш Господ нека е на помош.

Во врска со партиските цели. Во овој случај зборував за СДСМ. Но, го мислам тоа и генерално за секоја партија која ги става своите интереси пред државните.
 
Па нормално ќе се подбива со нас кога во Букурешт отидовме само со Господ напред.

Мене не ме интересираат ставовите на Бакојани туку ставовите на Европската унија и САД. Во тоа време генерален став на сите беше, прифатете го сериозно предлогот, за да може да извршиме притисок врз грција. Нашата политичка елита на чело со ДПМНЕ, немаше храброст да го стори тоа, па од немајкаде и од кога увиде дека работата е сериозна и грците ќе ни стегнат вето, Груевски во Букурешт за време на самитот прифати истиот предлог да го стави на референдум.

Ти личи ли тоа на сериозна политика со сериозно изграден став околу едно сериозно прашање како што е ова, од една сериозна држава ?

Прво, исходот од судскиот епилог за нас не е никаква гаранција за неблокирање на нашите Евроатлански аспирации од страна на грција. Второ, што' со проблемот доколку недај Боже заврши со пресуда која ќе биде негативна за нас ?

Не би рекол дека е така, особено што претседателскиот кандидат на ДПМНЕ, овој ист предлог го оцени како компромис со кој може да се оконча спорот:

"Имаме избалансиран предлог, кој е компромис со кој се задоволуваат и македонските и грчките барања. Со него нема ниту победници ниту поразени страни. Во нашиот устав не се задира и сега е потребна само политичка мудрост со која, без еуфорија, процесот ќе се доведе до крај - оцени вчера политикологот Ѓорѓи Иванов."
 
Не можам да им ги прочитам мислите на политичарите и не знам каква им била стратегијата, но во право си дека не бевме доволно подготвени. Најлошо од се, немаше единство меѓу претседателот и премиерот.

Мене не ме интересираат ставовите на Бакојани туку ставовите на Европската унија и САД. Во тоа време генерален став на сите беше, прифатете го сериозно предлогот, за да може да извршиме притисок врз грција. Нашата политичка елита на чело со ДПМНЕ, немаше храброст да го стори тоа, па од немајкаде и од кога увиде дека работата е сериозна и грците ќе ни стегнат вето, Груевски во Букурешт за време на самитот прифати истиот предлог да го стави на референдум.

Ти личи ли тоа на сериозна политика со сериозно изграден став околу едно сериозно прашање како што е ова, од една сериозна држава ?

Како што реков, Грција глумеше преговори. Џабе е притисокот кога тие беа решени на вето. Да не се лажеме, ја знаеме нивната цел и знаеме дека договор не е можен. Се надевам дека барем тоа го научивме од Букурешт.

Прво, исходот од судскиот епилог за нас не е никаква гаранција за неблокирање на нашите Евроатлански аспирации од страна на грција. Второ, што' со проблемот доколку недај Боже заврши со пресуда која ќе биде негативна за нас ?

Точно, не е никаква гаранција за влез во НАТО и ЕУ. Но, со позитивен исход можеби ќе можеме да ја исфрлиме референцата од употреба во ОН. Ако исходот е негативен се враќаме на статус кво.

Не би рекол дека е така, особено што претседателскиот кандидат на ДПМНЕ, овој ист предлог го оцени како компромис со кој може да се оконча спорот:

"Имаме избалансиран предлог, кој е компромис со кој се задоволуваат и македонските и грчките барања. Со него нема ниту победници ниту поразени страни. Во нашиот устав не се задира и сега е потребна само политичка мудрост со која, без еуфорија, процесот ќе се доведе до крај - оцени вчера политикологот Ѓорѓи Иванов."

Не мислам да го оправдувам Иванов. Сепак, разликата помеѓу двајцата е што не се сомневам во тоа дека Фрчко ќе го прифати ултиматумот. Од друга страна, сметам дека Иванов само ќе глуми преговори како што правеа сите до сега. Се разбира, не читам мисли и не можам да бидам сигурен.

И ме интересира една работа. После оваа изјава на Фрчко и слични изјави на Црвенковски, што ќе ги спречи Грците едноставно да чекаат „подобри времиња“? Или со други зборови, да се смени владата?
 
Република Македонија (Скопје)
Ќе го прифатевме тој предлог ќе ја голтневме јадицата фрлена од Гејците и после следуваше преговори за народот,а после то за јазикот.А да ти биде јасно тебе и на сите твои истомисленици.Гејците никогаш нема да прифатат посебна македонска нација и јазик.То е нивна политика од 1830 па до денес и во иднина.Амин.
Иначе јас сум за Република Македонија(Охрид).:wink:
 
Главен град на Република Македонија.

Ти благодарам. Ете, видиш ли за каква уникатна финта (освен ако нема во светов друга земја која на своето име во заграда го додава главниот град) не се изборила нашата дипломатија....неспособни аматери!

Ако има друга таква, се извинувам однапред и одназад.

И по темата,
не се сомневам дека Фрчковски веднаш ќе (се обиде да) го реши прашањето со името доколку бидува избран за претседател на Македонија.
 
Ќе го прифатевме тој предлог ќе ја голтневме јадицата фрлена од Гејците и после следуваше преговори за народот,а после то за јазикот.А да ти биде јасно тебе и на сите твои истомисленици.Гејците никогаш нема да прифатат посебна македонска нација и јазик.То е нивна политика од 1830 па до денес и во иднина.Амин.
Иначе јас сум за Република Македонија(Охрид).:wink:

Токму така. Ако го прифатиме ултиматумот, дури и ако е наизглед „добар“, ќе отвориме лавина на нови барања и тоа не само од Грција. Ќе бидеме поразена нација со поделен народ и топовско месо за сите соседи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom