Ако станел претседател Љубомир Фрчкоски веднаш ќе го решел прашањето за името. Кандидатот на опозициските СДСМ и НСДП ќе го прифател предлогот кој во октомври го дадоа меѓународната заедница и Грција, а тоа е едно име за меѓународно употреба што би се заменила референцата ФИРОМ. Фрчковски вели дека Владата ја пропушти шансата кога имала силна меѓународна поддршка проблемот да го затвори уште во ноември - но таа тогаш ги замрзнала преговорите.
Фрчкоски денеска го запознал Евроамбасадорот Фуере со неговите ставови за состојбата на земјава како и главните точки на неговата програма. Централна тема ќе му биде сиромаштијата и преземање мерки земјата да излезе од само изолација. Средба со Фуере имаше и кандидатот на ЛДП Нано Ружин. И тој го информирал амбасадорот за неговата кампања и заложбата да има фер и демократски избори. Кандидатот на Нова Демократија Имер Селмани на средбата со холандската амбасадорка Филипини разговарале дека политичките партии мора да го дадат својот максимум во водењето на позитивна кампања. Да се избегнуваат жешките теми.
Државната изборна комисија вчера го направи жребувањето за редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче. На 22-ри март, денот на изборите, правото на глас ќе можат да го искористат 1 милион 792 илјади 82 граѓани.
__________________________________________________________
Добро слушнавте, драги кајганџии. Фрчко веднаш ќе го прифател предлогот кој го дадоа меѓународната заедница и Грција. За среќа, нема да стане претседател. За несреќа, само во Македонија може човек со вакви ставови да биде кандидат за претседател. Барем се е на чисто, да немаме илузии за каков лик се работи.