Фрчкоски веднаш ќе го решел прашањето за името

  • Креатор на темата Креатор на темата Marski
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 декември 2007
Мислења
486
Поени од реакции
6
Ако станел претседател Љубомир Фрчкоски веднаш ќе го решел прашањето за името. Кандидатот на опозициските СДСМ и НСДП ќе го прифател предлогот кој во октомври го дадоа меѓународната заедница и Грција, а тоа е едно име за меѓународно употреба што би се заменила референцата ФИРОМ. Фрчковски вели дека Владата ја пропушти шансата кога имала силна меѓународна поддршка проблемот да го затвори уште во ноември - но таа тогаш ги замрзнала преговорите.

Фрчкоски денеска го запознал Евроамбасадорот Фуере со неговите ставови за состојбата на земјава како и главните точки на неговата програма. Централна тема ќе му биде сиромаштијата и преземање мерки земјата да излезе од само изолација. Средба со Фуере имаше и кандидатот на ЛДП Нано Ружин. И тој го информирал амбасадорот за неговата кампања и заложбата да има фер и демократски избори. Кандидатот на Нова Демократија Имер Селмани на средбата со холандската амбасадорка Филипини разговарале дека политичките партии мора да го дадат својот максимум во водењето на позитивна кампања. Да се избегнуваат жешките теми.

Државната изборна комисија вчера го направи жребувањето за редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче. На 22-ри март, денот на изборите, правото на глас ќе можат да го искористат 1 милион 792 илјади 82 граѓани.

__________________________________________________________

Добро слушнавте, драги кајганџии. Фрчко веднаш ќе го прифател предлогот кој го дадоа меѓународната заедница и Грција. За среќа, нема да стане претседател. За несреќа, само во Македонија може човек со вакви ставови да биде кандидат за претседател. Барем се е на чисто, да немаме илузии за каков лик се работи.
 
Па јасно, за тоа морам да му верувам. Има да го реши и да не усреќи сите. Тој сакаше да го реши уште Глигоров кога беше претседател ама старецот им рекол да се носат од кај што дошле и тој и шпиунот што му го донесол и куферчето со пари.

Тој одма би го решил прашањето за името. И Рада за 6 месеци се ќе решеше. Затоа уште долго време ќе можат да решаваат само крстозбори.
 
што фрчко, па ѓорѓе ќе го решеше уште при крајот на март брзопотезно, па денес немаше да губиме време на вакви теми
 
што фрчко, па ѓорѓе ќе го решеше уште при крајот на март брзопотезно, па денес немаше да губиме време на вакви теми

На што точно мислиш? Што направил Ѓорѓе во март?
 
Фрчко лови риби на гола удица и се се нада дека ќе ги закачи за опашот. :)

Тој предлог.... одамна не постои.
Gone with the wind.
 
Фала г-дине Фрчковски за твоето сестрано залагање веднаш да ни го „решиш “спорот со името. За среќа нема да имаш шанси. Вакви како тебе со брзо решавање ни го сменија и знамето и ни додадоа референци. Уште еднаш искрено ти благодарам за твое искрено залагање да ни го смениш името за кое ама баш никој токму тебе, не те одбрал од сите Македонци да не закопаш за секогаш. Името е над секој од нас и никој па ни ти немаш право да тргуваш со него, посебно не пред избори да одиш кај странците и да им ги чешеш ма.ињата само за да ти помогнат да дојдеш на власт.
 
Фала г-дине Фрчковски за твоето сестрано залагање веднаш да ни го „решиш “спорот со името. За среќа нема да имаш шанси. Вакви како тебе со брзо решавање ни го сменија и знамето и ни додадоа референци. Уште еднаш искрено ти благодарам за твое искрено залагање да ни го смениш името за кое ама баш никој токму тебе, не те одбрал од сите Македонци да не закопаш за секогаш. Името е над секој од нас и никој па ни ти немаш право да тргуваш со него, посебно не пред избори да одиш кај странците и да им ги чешеш ма.ињата само за да ти помогнат да дојдеш на власт.

ја мислам најдобро е да им се заблагодариме и на фрчко и на ѓорѓе (пошто едниот е северен, а другиот е скопјанец) него ај да не зборам во множина и да се кријам зад “ние“, од моја страна им се заблагодарувам и на фрчко и на ѓорѓе и си посакувам да не ги гледам во моја близина, а останатите како си сакаат
 
More ne rechete dva pati, dosega sekogash sme imale izborni falsifikati, pochnivajkji so "старецот" zakluchno so segashniov shto sega ne java.

Nemoj i spomenatiov da stane pretsedatel po nekoe "chudo", pa da se chudime posle shto "reshenie" ne zadesilo.

Dotichniot treba da se zgazi ko shleper zhaba. Ili obratno... ;-)
 
на она што стои во мој потпис

Не сакам да го бранам Ѓорѓе и се надевам дека после самитот и тој и останатите ја сфатија играта на Грција и дека „компромис“ не е можен. Го чекам денот кога некој премиер или претседател отворено ќе го каже тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom