Неписменоста на форумот

Шо, као, пеер, он... И сите оние кои се прифатени од англискиот јазик а кои ги користат само скопјани.

Као и он се србизми , шо го има во цела Македонија , пеер е сленг , сигурно нема да слушнеш возрасни луѓе да викаат пеер.
Англиските зборови сите ги користат , затоа што сакаат да се прават фенси.
Порано , во 19 век , аристократите(оние кои имале можност да се школуваат) во цела Европа , користеле француски зборови , за да се прават мајмуни , е сега англискиот ја наследил таа улога.
 
Неписменост значи да неможеш да прочиташ каде јузернејм каде пасворд да пишеш. Уствари не би знаел ни да пишуваш.

ОКЕЈ, ова нема врска со другар ми што ме регистрираше. ПИСМЕН СУМ!

Мањебитно, сарказмот, изразувам револт кон насловот. Неписменост и многу поширок поим.

:back:
 
Не видов негде ваква тема ,ако има споете или бришете...
Имено, страшно ме курчи кога ќе видам некој што нема елементарни познавања од мајчиниот јазик а се праи паметен или што ти ја знам што...Има секакви безвезни примери, ќе наведам неколку...

от наместо од
неможе наместо не може
несака наместо не сака
зат наместо зад
геогравија наместо географија
атмосвера наместо атмосфера
итн

Да се разбереме, има разлика помеѓу стилот на пишување и неписменоста...Ја на пример си зборам скопски и не ми е гајле, али кога е у прашање правописот тогаш се мора да е у најдобар ред...Разграничете го тоа, некој пишува на својот дијалект и тоа не му се замерува се додека не направи катастрофална правописна грешка...

Ова ми доаѓа како професионална деформација пошо сум на филолошки и стварно страшно пиздам кога ќе видам паметен пост,издржан,гледан од сите аспекти, но сепак со некоја грешка како овие погоре...Има доста паметни ликови на форумот и моја препорака е да си земат еден правопис од 50 денари, или па на нет ако има да побараат, и кога не се сигурни за некое зборче да си проверат за да не се бламираат...

Коментари од типот, не се гледа опаковката (во овој случај обликот) туку содржината се излишни бидејќи се се гледа и такви грешки може у старт да закопаат нечиј пост...

вребаш на неписменост и непознавање македонски јазик и правопис а користиш србизми, друго писменоста незначи само правилен изговор и правопис туку и кулутра а кај овој текст како воведен имаше доста некулутрни зборови како на пр. страшно ме курчи,

кога критикуваш некој треба самиот да бидеш пример за истото за кое критикуваш

патем барем за воведна содржина можеше да се воздржиш од вакви грешки!
 
Свахили и македонски дијалект спореди? Браос!:pipi:

Леле стварно, колку ли сум ја тоа ненормален? :shok: Можеби треба да се само-казнам. :uvo:

Споредив неписменост/игнорантност/непочитување преку благ сарказам. Али изгледа ги преценив форумџиите... пошто ако ти не ме сфати, шо остана за Зора на слободата или некои као него. :toe:
 
Па со оглед на тоа што ме имаше во твојот пост, веројатноста е голема дека те сфатив. Со таа разлика што, не се согласувам дека дијалектите се еквивалент на свахили, ниту дека се неразбирливи. Не знам, може стварно да ме имаш преценето.
 
Не ме нервира, но би требало да се исфрли од битолската практика, бидејќи не е лексичка, туку граматичка грешка:

П.С. Занемарете ја содржината на постот. Ако можете.

Како да исфрлам нешто шо ми е во дијалекто од дедовци и баби :toe:

Па со оглед на тоа што ме имаше во твојот пост, веројатноста е голема дека те сфатив. Со таа разлика што, не се согласувам дека дијалектите се еквивалент на свахили, ниту дека се неразбирливи. Не знам, може стварно да ме имаш преценето.

Работата е шо тој самиот се има преценето,а то е веќе фатално.
 
Па со оглед на тоа што ме имаше во твојот пост, веројатноста е голема дека те сфатив. Со таа разлика што, не се согласувам дека дијалектите се еквивалент на свахили, ниту дека се неразбирливи. Не знам, може стварно да ме имаш преценето.

Хммм. Мими? Кој е во тебе, ѓаволу, излези од Новинарката!!!

Не се согласувам и јас дека дијалектите се еквивалент на свахили јазикот, и не... те немаше во мојот пост.
Односот, “не ме интересира што мислите и дали ме разбирате“ е за дома пред огледало, не за на форум. Затоа е сарказмот од моја страна. Дијалектот не влегува во оваа категорија ако напишаното е разбиливо. И англискиот јазик не е стандарден литературен македонски, но чим некој го напише every single mother fucker knows what the fuck ur talking about. Поентата на која целев не е избегнување дијалекти на форум, туку обрнување внимание на разбирливоста и почитувањето на другите форумџии. :jaj:
 
На пример со авто-сугестија и свесност дека употребуваш неправилност.

Каква неправилност,неправилно во однос на шо ?Нема никаква неправилност.

Како шо реков кратката заменска форма за трето лице и за множина во битолскиот и во подрачје од солунскиот дијалект е му,шо е работата,каква граматичка грешка,каква граматика ?
Не се прај и ти попаметна од шо си како овај со брачед му :pipi:
 
Во изворите за дијалектните особености, оваа слободно ќе кажам, аномалија на битолскиот дијалект, не се споменува. Значи - таа е настаната како резултат на невниманието на народот. Во ниту еден извор, не се споменува како карактеристика ,,нив треба да му се каже". Гладиус, кого лажеш за Крпен Живот? :) Човек што ја прочитал?
Зора на слободата, кога сме кај паметност и останати интелектуални категории, послужи се:

http://mk.wikipedia.org/wiki/Прилепско-битолски_дијалект
 
Новинарке, јас ти објаснив:) Ти сфати си како сакаш.:smir:
И неписменоста не е употребата на овие дијалектички единици, туку е грешното пишување на одредени зборови.
 
Во изворите за дијалектните особености, оваа слободно ќе кажам, аномалија на битолскиот дијалект, не се споменува. Значи - таа е настаната како резултат на невниманието на народот. Во ниту еден извор, не се споменува како карактеристика ,,нив треба да му се каже". Гладиус, кого лажеш за Крпен Живот? :) Човек што ја прочитал?
Зора на слободата, кога сме кај паметност и останати интелектуални категории, послужи се:

http://mk.wikipedia.org/wiki/Прилепско-битолски_дијалект

Кузнај шо имаш читано и ти,каква невнимателност на народо?Тука живеат 100 тина илјади луѓе само во градо,за да се отстапи до толкава мерка треба да има некакво влијание од соседен јазик а такво нема во Битола.

Кузман Шапкарев(Космос Паскали) Бѫлгарски народни приказни - Битолско

Тàја сѝ мèтеше дворòјте и плàчеше. Бòлена Дòјчина је слỳшнал и му вèли: «Шчо мèтиш двòрој, сестро, и плàчеш?“

Тàја со плàченье си òтишла дòма и му кàжала на брата си, како му рекол налбато“

И брàт му ѝ рèче“

Тàа òтишла при мàјка си и му кàжала, зàшчо му вèли тàка пѝлето?“

Имам една чỳпа; нà утро се мѝјет и от лѝцето му тèчи млèко; и му јè жàл да го в'̀рла во двòро, та за тòа го в'̀рлам во мòрето“

Ова е пред 150 години,кога не се ни размислуваше за македонска граматика :toe:
 
Mene me nerviraat onie nepismenjaci sto pisat na latinica.

нели ќе беше подобро да напишеш на кирилица ако веќе те нервираат тие неписмењаци шо пишуваат на латиница :pos2::pos2::pos2:
 
А барем самиот тој што ја отвори темава да си прочиташе што напиша, уште во старт ќе требаше клуч да и стави! На пример: “ме курчи“, “у“, “бламира“...
Прво почнува, како демек го нервира непочитување на правопис, а после се вади со тоа што е на ФФ, ама ќе си “збори“ на скопски дијалект, и “не му е гајле“. Мизерно!:kesa:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom