Адвентизам

  • Креатор на темата Креатор на темата pasa
  • Време на започнување Време на започнување
Адвентистите и нивниот живот




Адвентистичката црква се појавува на сцена прикажана преку библиските пророштва за да ги исполни Исусовите зборови;Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот,и Светиот Дух,и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал.(Матеј 28,19)Преку сите претходни векови Бог делувал врз луѓето откривајќи им ја вистината се повеќе и повеќе.Оние кои ги отворија своите срца го прифатија за свој Спасител,а Неговите зборови за свој начин на живеење.
Христовата наука прифатена од адвентистите:
doaganje.jpg
Второто Христово доаѓање е надеж на црквата,како што кажува Божјата книга,на многу места на своите свети страници од почеток до крај.Латинскиот збор адвентус значи доаѓање,а адвентист е оној кој го очекува второто скорашно Христово доаѓање. Тогаш Христос ќе му стави крај на гревот на нашата земја и ќе создаде ново небо и нова земја каде што живее правда.Денот и часот на неговото доаѓање не може да го одреди никој, според Христовите зборови,денес секој може да знае„дека е близу пред врата, и цел свет треба да обрне внимание на знаците кои повикуваат на подготовка за тој величенствен настан.На второто Христово доаѓање му предходи суд на небото.
Светото Писмо-Стариот и Новиот завет(Библијата) е единствен авторитет на Христијанското учење и единствено мерило на вератакоја еднаш засекогаш им е предадена на светите.Изворната мисла на Библија-та стигнала до нашите денови неизменета како,реч на живиот Бог кој останува довека.
biblija.jpg

Светото тројство дејствува единствено:Отецот од љубов го дал својот единороден Син за спасение на човечкиот род.Исус Христос,преку кого е создадено се,го положил животот за да го спаси човештвото,воскреснал,сега посредува

за нас во небесната светиња и пак ќе дојде.Светиот Дух-Христов заменик на земјата,го обновува Божјиот лик во човекот,помагајќи му да живее според начелата на Христовото учење.Христовото Евангелие-радосна вест која е сила Божја за спасение секому кој верува, во Христа како свој заменик ,зошто Бог толку го милее светот,што го дал и својот единороден Син да умре наместо човекот(Јован 3.16) Грешникот се ослободува од гревот со Христовата милост и добива нова природа со дарот на СветиотДух.
Седмиот ден – Сабота е четвртата Божја заповед одредена како ден за одмор.Секоја Божја заповед е непроменлива како и нејзиниот Законодавец,и затоа Божјото барање да се празнува седмиот ден и денеска важи за сите христијани-според примерот на Исуса Христа,кој редовно присуствувал на богослужение во саботен ден.
Крштевањето се врши со нуркање ( потопување) во вода, сообразно со Христовиот пример, онака како што се правело и во апостолската црква.

Adventistite imaat interesno ucenje

Утнаа повеќе пати..нели името им е 'чекачи' ама нешто не им оди..мислам дека премногу се потпираат на Вајт отколку на Бога..сепак имаа и некои здрaви учења..мора да се признае..сепак ..во глобала мислам дека ја промашиле целта..

Колку јас што сум запознат тие погрешиле во пророштвото за доаѓањето(Вилеам Милер кој не бил адвентисти, туку бабтист)и затоа мислам дека неосновано ги напаѓаме адвентистие кога е во прашање дека го утнале Христовото доаѓање. Колку што знам адвентистите имаат здрав начин на живот, не пијат алкохол, не пушат, се воздржуваат од јадење на било какво месо(посебно свинско), повеќето од нив се лактовегетеријанци, не работат во сабота според четвртата Божја заповед. Сум бил на нивни предавања во населбата Влае кај надвожникот Влај,и имаат интересни предавња, пеат духовни песни..
Веруваат во Христовото второ доаѓање, немаат икони во црквата, не се крстат со рака туку се молат на Бога. Не веруваат во традиции, слави, обичаи, туку своето верување го темелат исклучиво на Библијата. Многу се гостопримливи и срдечни, имаат позитивен став кон животот...:nesum:
 
Да,да...И со своето вкупно однесување, поблиску се до старозаветните јудеи отколку до Христа.
 
Колку јас што сум запознат тие погрешиле во пророштвото за доаѓањето(Вилеам Милер кој не бил адвентисти, туку бабтист)и затоа мислам дека неосновано ги напаѓаме адвентистие кога е во прашање дека го утнале Христовото доаѓање. Колку што знам адвентистите имаат здрав начин на живот, не пијат алкохол, не пушат, се воздржуваат од јадење на било какво месо(посебно свинско), повеќето од нив се лактовегетеријанци, не работат во сабота според четвртата Божја заповед. Сум бил на нивни предавања во населбата Влае кај надвожникот Влај,и имаат интересни предавња, пеат духовни песни..
Веруваат во Христовото второ доаѓање, немаат икони во црквата, не се крстат со рака туку се молат на Бога. Не веруваат во традиции, слави, обичаи, туку своето верување го темелат исклучиво на Библијата. Многу се гостопримливи и срдечни, имаат позитивен став кон животот...:nesum:
Е сега јас да ти појаснам некој работи за нив.
Дечките се супер сум бил таму многу пати сум посетувал Адвентистичка црква скоро 6 години.
Има многу работи кој не се ок кај нив.
Прво ја рамнат Елена Вајт со Библијата и се повикуваат на нејзините книги како Големата Борба, ПАтријарси и пророци и имаат книги кој ги викаат 7 светски али 7 книги се.
Ти зборуваат за законот и за саботата тоа е вистинаали Законот ни беше учител до Исус, законот беше до Јован Крстител. СО законот доаѓа спознавањето на гревот. Пишува не сте под законот туку под Милоста .
Се спасуваме преку милост а не преку делата на законот.
Ако се спасуваме по закон Исус бадијала дојде да умре за нас можевме да си бидеме сеуште под закон.
Друго читав на еден форум и замолив еден мој пријател адвентиста да ми ги потврди тие информации а тоа се
Елена Вајт била против месото а она била голем месојадец, друго другите раси како црнци жолти и останати биле настанати со општење помеѓу луѓе и животни. Зборат за Второто Христовов доаѓање а пола свет не знае за Првото Доаѓање.
Али верувам дека ќе има спасени и од нив али сепак си носат проклетство со тоа штосе надеваат на човек пишува Проклет да е човек кој својата надеж ја полага на Човек а тоа кај нив е Елена Вајт.
 
ostaj toa sto utnaa
nego oni iskreno go cekaa
utna isus
trebase da doi
za nivni ater
neli e ljubov?
 
Исусовото второ доаѓање е условено со настаните на Земјава, кои ќе му претходат и воедно, ќе ги најават тоа второ и страшно доаѓање. А тоа дека Христос ќе дојде тогаш и тогаш, ако е кажано од било кого, лага е! Ни сам Христос никаде не го најави(л) своето втрото доаѓање, но ги најави знаците кои ќе му претходат, а кои (знаци) се потврдени и од Ап. Павле.
Оттаму и доаѓа онаа повеќекратна адвентистичка брука за „точното„ пресметување на второто доаѓање па 19-вековните и раните 20-вековни адвентисти излегувааа на ливади да го чекаат тоа доаѓање, кое никако да се случи.
 
ама кога ке се случи
бог ќе одлучи
кој ќе се спаси...
 
Не е битно кога ќе дојде и како ќе дојде. Битно е дека ќе дојде и кога ќе дојде ке биде тешко на тие што не го чекале. Затоа сите ние мора да живееме во страв.
 
Не е битно кога ќе дојде и како ќе дојде. Битно е дека ќе дојде и кога ќе дојде ке биде тешко на тие што не го чекале. Затоа сите ние мора да живееме во страв.
Мислиш дека Христијаните живеат во страв..од Христовото доаѓање? Оти другите не ги ни интересира де..
 
Мислиш дека Христијаните живеат во страв..од Христовото доаѓање? Оти другите не ги ни интересира де..

Сите религии опстануваат само поради ширењето на стравот. Без страв немаш религија, барем не успешна.
 
Сите религии опстануваат само поради ширењето на стравот. Без страв немаш религија, барем не успешна.
Значи според тебе јас од страв кон Бога сум Христијанин...(искрено верувал или не ми делува како добар старт)..но сепак нешто друго е по среди..не знам каде точно..немам време да барам..ама во Библијата се вели дека се ќе помине..само љубовта и Бог остануват...
 
Сите религии опстануваат само поради ширењето на стравот. Без страв немаш религија, барем не успешна.

така е !

ширење на несигурност .....кршење на личноста ........

дека некое суштество цело време те набљудува ..онака мањачки..........

страв дека неке Касперче-духче ќе истрча од некој ѕид и од памет ќе те извади

се бара да не прашуваш , да се потчинуваш на земските власти и нивна волја наводно како божја ..безпоговорно да ја извршуваш......

иакууууууууууууууууууууу

одма фафаш обвинение декаааааааааа

а што друго него декааааааааааааа

ЕТЕ ТИ СИ СЕ ВОЗГОРДЕАЛ НАД БОГА ...уствари над државата , капиталистите и свештенствата и нивните перверзни замисли и желби
 
Не е битно кога ќе дојде и како ќе дојде. Битно е дека ќе дојде и кога ќе дојде ке биде тешко на тие што не го чекале. Затоа сите ние мора да живееме во страв.
Ama problemot e vo toa sto pola svet ne slusnal deka Isus dosol prv pat kapiras?
 
Темата пак оди во друг правец..заборавивте ли..Адвентизам
п.с. Мислам дека бев јасен...
 
Темата пак оди во друг правец..заборавивте ли..Адвентизам
п.с. Мислам дека бев јасен...

па цело време ќе бидеме :oftopic:

појма неаме за ваа организејшн..........

а колку гледами нема некој поупатени

така да може да ја прогласиме за ..општа ...свашта ....разно ....:oftopic:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom