Адвентизам

  • Креатор на темата Креатор на темата pasa
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 февруари 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
Познавам верници кои припагаат во адвентистичката црква. Делуваат многу културно, исполнети со радост и оптимизам. Во разговор со нив дознав дека сето тоа се темели на нивното верување во Бога и во црквата која ја посетуваат. Побарав на интернет и ја најдов нивната веб страна/www.adventisti.org.mk
Таму прочитав интересни работи што не ги знаев за Бога. Би сакал да го слушнам вашето мислење..
поздрав:nesvest:
 
па пиши го де тие интересни факти за бога. денес има толку многу цркви...
Ако знае некој повеќе нека пише тука, а не линкови (ако може)
 
Постојат повеќе разлики, во зависност од тоа со која друга христијанска црква правите споредба, но, накратко кажано, разликата е во тоа што адвентистите како единствен темел и мерило за верата ја земаат Библијата: „Таа е мерило на карактерот, проверка на искуството, авторитетен толкувач на доктрината и веродостоен извештај за Божјите дела во историјата“ (од основните вистини на Адв. црква). „Целото писмо (Библијата) е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за поправање и за воспитување во правдата...“ „Посвети ги со својата вистина, Твоето слово (Боже) е вистината“ (Јован 17,17). „Твоето слово (Боже) е светилник на нозете мои и и светлина за патеката моја...“ (Псалм 119,105)

За разлика од адвентистите, некои христијански цркви покрај Библијата имаат и низа други книги на кои им придаваат исто, или дури и поголемо значење: црковни традиции, преданија, житија и др. Исто така, некои на ниво на Библијата ги издигнуваат одлуките на црковните собори или пак изјавите и учењата на одредени црковни авторитети - великодостојници или поглавари.

Во многу случаи таквите „додатни извори на вистина“ се во контрадикторност со јасните учењата на Библијата. Од тоа произлегле низа обреди, обичаи и верувања кои немаат своја основа во христијанството, онакво какво што го проповедал Исус Христос. Никаде во Библијата не е забележано дека Тој или неговите апостоли верувале, ги учеле другите или пак земале учество во одредени обреди, обичаи или учења вообичаени за некои христијански цркви денес.

Постојат и други (претежно протестантските цркви) кои исто така тврдат дека за свое единствено мерило на верата ја земаат Библијата. Но, во нивните учења се уште постојат небиблиски примеси кои низ вековите навлегле во христијанството.

Нема разлика само поповите се посиромашни од другите цркви.
 
Познавам верници кои припагаат во адвентистичката црква. Делуваат многу културно, исполнети со радост и оптимизам. Во разговор со нив дознав дека сето тоа се темели на нивното верување во Бога и во црквата која ја посетуваат. Побарав на интернет и ја најдов нивната веб страна/www.adventisti.org.mk
Таму прочитав интересни работи што не ги знаев за Бога. Би сакал да го слушнам вашето мислење..
поздрав:nesvest:
А што, ние другите верници неверници, теисти, теразлични не сме културни со оптимизам и радост?
Може да пишеш што си дознал/а од сајтот, а не си знаел/а досега?
Ај и адвентистите да не просветлат со знаење.

А за радост и оптимизам, тие се многу тесно поврзани (правопропорционални) со здравјето и парите, не со некојси учења различни од другите.
 
Познавам верници кои припагаат во адвентистичката црква. Делуваат многу културно, исполнети со радост и оптимизам. Во разговор со нив дознав дека сето тоа се темели на нивното верување во Бога и во црквата која ја посетуваат. Побарав на интернет и ја најдов нивната веб страна/www.adventisti.org.mk
Таму прочитав интересни работи што не ги знаев за Бога. Би сакал да го слушнам вашето мислење..
поздрав:nesvest:

бе на тоа брошурите ...чудно ама ....сите изнасмеани..........

мора да се многу вицкасти

сум чул дека постои такво нешто ...
ама губење време на уште една промашена работа....нема потреба

А за радост и оптимизам, тие се многу тесно поврзани (правопропорционални) со здравјето и парите, не со некојси учења различни од другите.

друже ....еј............

кај тебе приметувам подобрувања во духовна смисла ....знаеш

еден ден мош и атеист да станеш....само продужи така.........

на прав пат си ...не се обесхрабрувај....има надеж за тебе....
 
Абре ме изнасмеа да не пукнеш, ќе биде човек од мене велиш? :smir:
Ја сум на чардакот.
А што ако ти кажам дека за тие благодети му се заблагодарувам на Господ. Ќе ме нападнеш знам, затоа и не кажувам :smir:, ова е башка за другите теми. Да се воздржам од офтопици, да го испочитувам поставувачот на темата.

За темата, сепак би почекал авторот да даде прилог за нешто повеќе инфо, не се разбирам многу од овие теми, па затоа гледам да ве читам и да учам.
 
Колку што јас знам адвентизам е учење, или така нешто, некоја теорија која проповеда повторно враќање на Исус на земјата. Нели сите христијани едвај го чекаат тој ден, спасение, што ти ја знам што?
 
Познавам верници кои припагаат во адвентистичката црква. Делуваат многу културно, исполнети со радост и оптимизам. Во разговор со нив дознав дека сето тоа се темели на нивното верување во Бога и во црквата која ја посетуваат. Побарав на интернет и ја најдов нивната веб страна/www.adventisti.org.mk
Таму прочитав интересни работи што не ги знаев за Бога. Би сакал да го слушнам вашето мислење..
поздрав:nesvest:

Ето, и јас се придружувам кон љубопитноста од другите форумџии. Само немој да ме/не откачиш, упатувајќи ме/не на сајтот.
Дај кажи изворно, во што се состои оптимизмот и веселоста нивна...
 
Adventisti ne jadat svinsko, ne pijat ni alkohol ni kapka ni kafe
nekoi ne jadat meso voopsto
posto bog rekol ova vi e hrana pokazuvajki na jemisite i rastenijata
praznuvaat sabota
veruvaat vo sveto trojstvo
go cekaat povtornoto doaganje na Isus...
 
Се чудам зошто се толку насмеани без ова? Како може човек да е задоволен јадејќи само трева цел живот, а белки не се раѓаме за да станеме аскети или монаси или такво нешто.
Не знаат што е убаво, пропуштаат живот :toe:
 
Чудно во Коринтјаните се вели вака:
Јадете сè што се продава во месарница, не испитувајќи ништо заради совеста..зашто „Господова е земјата и сè што ја исполнува.”
 
Се чудам зошто се толку насмеани без ова? Како може човек да е задоволен јадејќи само трева цел живот, а белки не се раѓаме за да станеме аскети или монаси или такво нешто.
Не знаат што е убаво, пропуштаат живот :toe:

реков јас ќе биде еден ден добар атеист од тебе.............:smir:

во дела апостолски Бог му кажал на Петар дека може да се јаде и месо ..нее забрането

Павле објаснува дека нее забрането јадење месо но дека здравствено нее препорачливо

значи стриктна забрана НЕМА

е сеа секој треба да си води рачун за здравјето.......
ако му рекол лекар да избегнува месо да си продужи живот...негова одлука е...
 
Колку што јас знам адвентизам е учење, или така нешто, некоја теорија која проповеда повторно враќање на Исус на земјата. Нели сите христијани едвај го чекаат тој ден, спасение, што ти ја знам што?

Неспорно дека Го очекуваме, ама батките го „утнаа„ денот на Неговото второ доаѓање, иако излегуваа по ливади за да Го дочекаат, па сега се срамат од својот пророк, кој, вадејќи се „од небрано„, вели дека , „у ствари„, Христол влегол/слегол не во Земската, туку во Небесната Црква, некаде во далечната 1914 г.
 
Утнаа повеќе пати..нели името им е 'чекачи' ама нешто не им оди..мислам дека премногу се потпираат на Вајт отколку на Бога..сепак имаа и некои здрaви учења..мора да се признае..сепак ..во глобала мислам дека ја промашиле целта..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom