Драчево прераснува во град

Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
ај да ја вратиме... :) акуелно: ни ги испоапсија драчевци вчера. :)
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Ај оддамна неам пишано на темава.
По долго време и Драчево доби добар спортски колектив. Ракометниот клуб Драчево од година најверојатно ќе се натпреварува во Супер лигата. Тимот е сочинет пред се од овдешни играчи, кои претходно тренирале во некој од клубовите во Мк. Ова е и одлична можност за афирмација на спортот тука. Не е мала работа да ти доаѓаат на гости тимови како Вардар,Металург ( ако пропадне Балканската лига ) Пелистер, Борец, Тинекс Пролет итн... :)

Од пред некое време конечно ја асфалтирана и улица Китка. Значи вистински предизвик беше идење по таа улица зимово. Али добро е ја средија, направија и тротоар кој го немаше претходно. :)
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Може ќе испадне дека си ја фалам мојата населба ама мислам дека Драчево е најубавата и најурбана населба во цело Скопје.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Конечно и нас ни пуштија од новите автобуси. Еден али вреден :icon_mrgr
За жал ја немав среќата да се возам у него, морав да накиснувам у еден од старите.....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.956
Поени од реакции
73.829
Конечно и нас ни пуштија од новите автобуси. Еден али вреден :icon_mrgr
За жал ја немав среќата да се возам у него, морав да накиснувам у еден од старите.....
Сега ви пуштија пошто ги немавте сеуште извадено лежечките полицајци :)
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
ЌЕ СЕ УРИВААТ СТАРИТЕ БАРАKИ ОД „РАЈKО ЖИНЗИФОВ“
Kинези ќе градат училиште за драчевци
Со донација од 3 милиони евра од Народна Република Kина драчевци ќе добијат ново основно училиште. Старите бараки од училиштето „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево набрзо ќе се уриваат, а на нивно место ќе се гради нов образовен објект. Веќе е склучен договор меѓу владите на НР Kина и Македонија.

Kон средината на месецов во Скопје се очекува да пристигне кинеска делегација со која општинските власти ќе го демонтираат старото училиште, изградено во 1963 година. Рокот за такво нешто е два месеца. Потоа, кон средината на април, како што најави градоначалникот Марјан Ѓорчев, ќе почне изградбата на новото и ќе трае една година.

- Аплициравме со неколку проекти, но добивме за ова училиште. Имаше повеќе апликанти, но очигледно дека Kинезите сметале оти донацијата е најпотребна за ова училиште.

Навистина е руинирано и наликува на концентрационен логор. Има покрив од азбест и се работи за бараки монтирани по земјотресот во 1963 година - објаснува Ѓорчев.

Новото училиште ќе има приземје и два ката, како и спортска сала. Внатрешната опременост со клупи, столови, табли, училиштен прибор ќе биде од Kина. Просторот околу училиштето ќе биде хортикултурно уреден исто така од донаторите.

Некои ученици, од вкупно 640, привремено ќе учат во подрачното училиште во Пинтија, а други во „Kузман Шапкарев“ во Драчево. Исто така, Општината ќе побара од Министерството за образование и шест контејнери за уште шест училници, за да може нормално да се одвива наставата во две смени.
Факултативно ќе се учи кинески
Во новиот објект на Основното училиште „Рајко Жинзифов“ во Драчево, кој ќе се гради со кинеска донација, ќе се воведе предмет - кинески јазик. Предвидено е да дојде наставник-предавач од НР Kина. Градоначалникот Марјан Ѓорчев објасни дека предметот ќе биде незадолжителен.
Еве одлична вест ! Конечно ќе ја рушат таа лименка ! Веројатно понатаму и гимназијата ќе ја средат !

А најинтересно е што ќе има настава по кинески јазик! Се обложувам дека 99% од децата ќе се пријават за предметот ! :)
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Мене ми се чини.... или ептен Драчевци ги дупчат дека сакаат да бидат град па дури посебна држава. :) Нели покрај она со кромидот...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Здраво Драчевци, ме интересира сакам да купам плац во Драчево поточно на улица Малешевска 1(300 метри од Првомајска) ама гледам таму има премногу роми, некако ми е чудно а убаво место ми изгледа.Има ли некој сознанија за тој дел од Драчево и како се живее таму, живее ли некој член таму ПП за мислење :)
Благодарам...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Град ќе ги бројме од ко ќе добијат сопствена регистерска ознака, ко Прилеп, Велес, Штип... до тогаш, јебига.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Остана ли некој Драчевчанец на форумов бе ? Или сите ги отру тете :icon_mrgr:
http://kajgana.com/okolu-pedeset-lica-vo-drachevo-zatrueni-so-salmonela

3-4 пати ја имаат затварано и пак не и доаѓа памет, ептен е поврзана со власта. Незнам само како нема грижа на совест, деца мали лежат у болница ццц :tapp:
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
500
Поени од реакции
159
И јас сакам Драчево да се развива и унапредува. Патем, Драчево е само селото. ;)
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Вратете си се во Богомила и Нежилово. Таму припаѓате.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom