Види, денес на форум можеш да си и Супермен, нормално е што 80% од членовите би се посомневале дека ова си навистина Ти, како што тврдиш нели .
Нејсе, јас како модератор најстојувам правилата на овој форум да се почитуваат, тоа Идиот го немав приметено, нема врска на твоиве побуни, нема смисла темава да се уништува со таков тип на коментари, затоа тој дел од постот е и тргнат .
Што се однесува на преносите, до сега во Македонија никогаш немало директни преноси на две различни утакмици ( имаше но едната беше на албански ), да не говорам и за новата Европска Лига, на времето куп Уефа гледавме само финале како директен пренос, останатите наптревари не бевме во прилика да ги следиме по македонските канали . Така да во тој поглед и не смее да се има некакви замерки, освен за проблемите со трасата за Канал 5 + во одредени области од земјава .
Коментаторите бар мене воопшто не ми сметаат, напротив, уште кога беше пренесуван Купот на УЕФА минатата сезона, имав постирано на форумов дека се надевам за истивие '' гласови '' и наредна година во ЛШ . И во овој контекст сум задоволен од понуденото .
Е сега она што ми смета е она пред натпреварите, премногу се комплицира, сфаќам дека по низа години ЛШ ја емитиува друга телевизија, но премногу се потпираат на оној италијански рецепт, се претерува во оној '' забавен '' дел, поубаво ке е да даваат пример статистики на тимовите до тој меч, моменталната форма, изјави на тренери, играчи, кој каде е слаб ( ваши ставови ), каде е предноста на едниот тим, каде на другиот, едноставно Се да се сведе на она што следи, НАТПРЕВАРОТ .
Класичен пример,
повелете .
п.с. Се додека не видам поздрав до Кајганава и потврда за твоево членување тука на Канал 5 пред нареден пренос, нема да верувам во твоево тврдење, прво, чуден ми е твојот начин на постирање ( очигледно не си поминвал многу време по форуми, не гледам големи букви, прекинуваш реченици со точки и сл . ) и второ, се замараш со деца и се спушташ на нивно ниво, непотребно и нетипично за оној Филе од ТВ . :wink:
...тоа е веројатно проблемот на сите во Македонија... се замараш со деца и се спушташ на нивно ниво...
))) ... види, имам тригодишна ќерка и секогаш кога си играме, ако не се спуштам на нејзино ниво, отиде и за неа забават и за мене како родител... ако си го читал Карлос Кастанеда... сигурно веќе знаеш за што зборувам, а ако не , ќе ти го препорачам... посебно „Орлов дар„... така да се надевам дека ме разбра во вистинската и единствена насока...
што се однесува до форумите, точно е ... скоро никогаш не пишувам .. но кајгана ја ценам и како страна и ја прелистувам скоро секојдневно... малку се страните од македонија кои ги листам, но кајгана е една од тие... а за форумот, баш ме интерсираше какво е расположението и кога ги виодв топиците, се закачив ...хахахаха... едноставно и искрено... инаку времето точно е дека го сметам како загубено ако се претера, но ова го сфаќам и како сегмент кој и мене би ми помогнал, бидејќи сепак и јас влегов во една игранка на која не е баш едноставно ако си сам... а посебно, пак ако е првпат... моите блогови, едната страна за топки плус, работата во радио, во Идеа Плус и двата проекти се премногу за да би бил секојдневно овде... но одвреме навреме, сиугурно... и као за првпат , се залепив на некои коментари кои онака ми пречеа, но не да им ги сменам мислењата туку да разговарам па тие самите да си ги сменат, нормално, ако е тоа во ред....
сега ми текна дека дека Роби од утринската на Канал 5 ме викна утрово да му бидам гостин, па таман ако не дај Боже не ми се случи нешто :-( ..и утре ако се појавам во 9.00 ќе имаш и потврда за ова... хахахахаха... ама знаеш и сам дека тоа и воопшто не е битно, нели... можда е и подобро вака, барем ќе прочитам и ќе слушнам за себе и работи кои никогаш не сум ги чул, како претходните...
)) а тоа верувај ми, не е малку... јас сум човек што го ценам сечие мислење, какво и да е...само тоа ме прави голем (не дебел, тоа е поради тоа што сум голем гурман
))) ...
уфффф... премногу отеков, али од почит бидејќи си администратор мислам дека морав вака на долго и широко... (уствари, колку зборам, толку и пишувам...мнооооогу
)) ...
а од сад надање и у будуче (што би рекол Џура) идеме вака како што сум File X File.... а за потврдите си стојам на збор.... чисто онака , од забава...
))
П.С.
...јас сум ти човек надвор од Матриксот, затоа можеби и сево ова, ти е чудно... али тоа у друга прилика... или на друг топик...
))
е да ...емисијата е таква каква е поради тоа што фудбалот конечно треба да го гледаат сите... не само машка популација 16-46... кај се жените? ...кај се децата? кај се повозрасните? ...затоа тоа ќе биде таква насока и никако другачије... а стручното и фудбалското во топки +... ќе стартуваме од 15-ти септември...
Таму ќе ги има сите тие ствари што ги правевме досега и плус уште неколку документарци од лице место ...мене најатркативниот ми е „Ангелот и Демонот„ кој ќе го работам на Камп Ноу на 29 ноември... иначе намера ни е да одиме на Сан Сиро со еден од скаутите на Милан, ќе бидеме во Ајнтрахт и Мајнц, и верувам дека крајот ќе го завршиме со работата која јас пред другарите имам намера да кажам „уште ова и одам во пензија„
)))) ...али тоа сеуште не е потврдено, па затоа тоа веројатно ќе мора да биде објавено мниогу подоцна... веројатно, некаде во декември....
епа ајде ако си ти Ти добредојде. Макар шо незнајме сепак со кој збораме.
Ај да си се олеснам за средата.
- Кој е коментаторот на прегледот неможев да го сконтам гласот, веројатно тој гостинот во студиото. Малку почна на нерви да ми оди ко почна да ги коментира мечовите и да вика гостинот имаше шанса, гостинот даде гол, тимот на тој и тој тренер ќе преминеше во водство. И сето ова ти е ок, разбирам имате малку шаренило во коментирањето барем не е монотоно со исти фрази како на емтиви. Само пази една мала ситница, јас не ги знаев напамет двојките а прегледот го фатив некаде на почеток на првиот меч (мислам). Ме мрзеше да станам од кревет да одам на нет да видам кој беа двојките и упорно се обидвам да сконтам кој е тимот. Конкретно ми пукна филмот за Дебрецен (веројатно и ти не му го знајш ко шо треба тимот па да сконташ за кој тим се работи). Се на се пушти снимка и стави се на мое место да гледаш преглед и да се обидваш да сфатиш за кој се работи а коментаторот те дрибла и тамам очекуваш да кажи име тој смислува некаква заменка.
Засега не ги ни гледав како шо треба мечојте па нема да коментирам генерално како е.
Во секој случај неможи да биди полошо од емтиви и добро ќе ни дојди мало освежвање.
а да и последно. Гледам многумина имаат коментирано за студиото и морам да кажам дека се сложвам. Малку не е ни по мој вкус (веројатно ни на многумина ) па можите нешто да преземите.
- коментарите добри лоши како сакаш прифати ги и интервенирај во сечија корист
---------
Ако не си ти чудо големо ова беше моето мислење за ЛШ@5.
))) ... тоа беше Сашо Кузмановски од спортското радио... те исчитав комплетно, ама не би можел никако да реагирам...мене сепак реон ми е само емисијата... ако имаш забелешки, какви и да се, ок, али само за емисијата... се друго е вон моите правила за комуникација... се надевам дека ме разбра...
)) поз.