Физички повреди во вашиот живот

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
Jас најголем проблем до сега сум си имал со прстите:) Неколку пати се имам шетано со лонгети на прстите, 4 пати поточно. 2 пати имам скршено прст во тепачка, еднаш на баскет и еднаш кога паднав од мотор. И еднаш само ја имам дупнато главата, од ќоше на маса:) Имам лузна од 10 цм(незнам точно колку конци ми ставија) на левата подлактица од шо влегов преку стаклената врата дома, дрво напраен :):):):kesa:
 
само еднаш имам истегнато елигаменти на десна рака...и сега десната рака ми е подебела од левата:vozbud:и... да чукнам во дрво ништо друго немам повредено.
 
Сполај му на горнион ме чувал до сега. Сум правел 100001 лудорија, кога ке се подзамислам што се можеше да се случи се запрепастувам.

Од се како покрупно можам да издвојам паѓање со моторцикл (едно 5-6 пати) од кои најсериозно беше првото кога не носев кацига, а нурнав на мраз... (еее каква краста е тоа моторот, во јануар го возев со кој памет и јас незнам) Лицето од десната страна ми го немаше. Среќа ми оздрави 100%, како и јас незнам. Се останато поминало со ситни гребаници, искината и извалкана облека.
 
Повреди на двете колена...Поточно искинат мускул и лигаментите на едната на другата "само"изместена чашката и вода во колено......Рацете многу пати ми се шинати како и на сите што играат кошарка а и зглобовите попара.....
 
Ухуу од каде да почнам :)
На 4 години си го повредив окото и имав внатрешно крварење и гледав црно/бело и имав среќа што се супер си се среди и немам никакви последици, не ме пуштаа од болница да си одам зошто имам една шара баш на тоа око како триаголник кафеав и мислеа дека уште не ми е поминато :) Исто додека лежев тогаш во болница земав тоа од апчињата доза за 2 дена наеднаш за да не мора да се замарам по 3-4 пати на ден да пијам, среќа не беа изгледа некои јаки и не ми беше ништо : ))) На 5 години го скршив десниот лакт на 2 дела и беа извртени и искинат некој дел од мускулатурата, имав тешка операција и среќа пак супер се заврши без некои последици иако одкако дојдов дома со 2 шипки во лактот легнував на земја и ја исправував раката (шипките ја држеа по малце крива положба за да заздрави побрзо :) ) На 6 години едно дете од одделените 3ца го маваа со камења, а он сам и јас земав ги гаѓав нив со камења и педерот што дојдов да го бранам си избега и ме остави сам и еден деген од тројцата ми се прикраде и камен 2 пати поголем од главата ме лупна мене во глава и ми ја пукна аркадата и после тоа на шиење глупости а у и тоа среќа нема ништо посебно + шиеното е на веѓата и многу многу не се приметува :)
После тоа на 7 години некаде го скршив носот по дома нешто, ок беше нешто малце не ни отидов на лекар се супер си зарасна, после тоа не ги памтам многу по ред како идеа и не ми текнува баш на се али од ролери имам скршено ребра, карпална - скафоидна коска на лев зглоб на рака што не отидов во болница година дена и после носев гипс едно 3 месеци и не ми зарасна и правев после тоа операција и сега уште имам штраф внатре(чекав доста долго време да зарасне зошто е многу грда коскичка), на левата рака исто скршив метакарпалната коската што е меѓу таа скафиоидната и меѓу палецот(многу ретардирано ја скршив, се убив од смеење :) и се сам си имобилизирав да видам дали ќе се среди до утредента ако не се среди реков дека ќе отидам до болница, претпоставував дека е скршена според болката али викам ај може е малце пукната па колку толку ќе ми ќе покаже сабајлето подобри резултати али не покажа), пукнат лев лакт, отворив десното колено и нешто го пукнав или не знам што точно, го заебав лигаментот на десниот зглоб на ногата (имам проблеми веќе едно 4 години), полно рани насекаде, отоци огромни особено на цеваниците, хематом имав огромен од малце над коленото позади до половина на десната нога, во тепачка ми го скршија носот али добро зарасна (педерско беше ептен сам против 10 јас тогаш 15 годишен копиљ они 19-22 годишни магариња), од Канео тој што е ѕидот големиот рипавме и јас малце дијагонално паднав во вода и ми го сецна рбетот и неколку секунди во вода не можев да ги мрдам нозете, после тоа едно година дена во различна поставеност осеќав ко да ме сече и кога слетував од над 2 метри ме болеше... Имало уште некои работи на кои не ми текнува моментално али тоа е динамичен живот сум имал : )))
Голем поздрав и голема благодарност до Др. Илија Тодоров што е според мене најдобриот хирург на трауматологија и Др. Перица Петровски најдобриот хирург на детско, може да не беа они немаше денес да бидам цел :)
И поука до сите (од лично искуство) ако имате некоја повреда и се двоумите што ви е идете на лекар на време, подобро да изгубите саат време и да ви кажат дека ништо сериозно не ви е одколку да не отидете и после некое време да отидете и да ви биде по искомплицирано, сите работи се лечат и се средуваат најдобро додека е тазе повредата, за одпосле се намалуваат шансите за успех.
Ако ми текне уште нешто плус ќе додадам :)
 
Освен дупната глава и 4-5 пати шинато рака немало ништо посериозно:)
 
Mх, ако почнам да кажувам, ќе го поминам лимитот за искуцани букви во еден пост...
Али ај, на кратко:
прво, на седум години, паднав од сноуборд, си ги пукнав десниот лакт и левото колено...
После, шесто одделение, пукнав ребро...
Осмо одделение, у тепачка [јас сама, пет машки :ija:], ми го пукнаа носот...:cry:
Прехлани на одмор во Охрид, тешко пијанство, си ја пукнав левата аркада...:nesvest:
И у трета година три пати ја пукнав десната дланка, на исто место...Тоа е, на незаздравена рака, јас одбојка ќе играм...Резултат --> морфиум на малолетник :kesa:...Сега не смеам да играм, али по малце само си подигрувам (A)..Наравоучение: слушај си го докторот кога ти вика да не играш одбојка додека не ти заздраве раката...:smir:
 
Многу повреди сум имал досега.На пет години прескокнував една ограда и паднав на глава .Во петто одделение паднав од точак и ја скршив раката.Баш кога ми го извадија гипсот,после еден месец пак ја скршив и тоа на истото место :nesvest:
И оттогаш ми дојде умот :smir:
 
Сум имал многу повреди како мал, палецот на левата рака ми е шиен со 3 конци, на главата сум шиен со 1 конец, левата рака ми беше во гипс од фудбал како мал.. прстите(на раката:)) ми биле изместувани повеќе пати и многу други ситници.
 
1.Како бебе сум и паднал на баба ми од раце, и сум се акнал у радијатор, и сега на левата страна од челото, имам едвај видлива трага.
2. Играјќи жмурка во стан кај тетка ми, на 7-8 год. возраст, не осетно ми влезе во левата подколеница држачот за радијатор(ме откорна), а јас тогаш мало дебело, не сум ни осетил, ама после...пискотници се слушаат од аеродром до к.вода.:tv:
 
1.Како бебе сум и паднал на баба ми од раце, и сум се акнал у радијатор, и сега на левата страна од челото, имам едвај видлива трага.
2. Играјќи жмурка во стан кај тетка ми, на 7-8 год. возраст, не осетно ми влезе во левата подколеница држачот за радијатор(ме откорна), а јас тогаш мало дебело, не сум ни осетил, ама после...пискотници се слушаат од аеродром до к.вода.:tv:

Ццц ти имаш некоја скриена страст према радијаторите изгледа : ))))
 
Пошто порано бев ептен по екстремните спортови (не дека сеа не сум али не до толку) сеа ке ви разлистам малце

Лева рака скршена х2
Десна рака скршена со операција фрактура на 2 коски
Десна нога шинат зглоб х3
Лева нога скршена
Глава дупнато 2 пати
На лева рака показалец и среден
На десна рака до среден и палец
На лева и десна нога палец
Лева нога шинато

И уште милион мали повреди кој не вреди да ги пишувам покрај овие:vozbud::vozbud:
 
Пошто порано бев ептен по екстремните спортови (не дека сеа не сум али не до толку) сеа ке ви разлистам малце

Лева рака скршена х2
Десна рака скршена со операција фрактура на 2 коски
Десна нога шинат зглоб х3
Лева нога скршена
Глава дупнато 2 пати
На лева рака показалец и среден
На десна рака до среден и палец
На лева и десна нога палец
Лева нога шинато

И уште милион мали повреди кој не вреди да ги пишувам покрај овие:vozbud::vozbud:
и сеа на дугмиња се движиш?
 
Пошто порано бев ептен по екстремните спортови (не дека сеа не сум али не до толку) сеа ке ви разлистам малце

Лева рака скршена х2
Десна рака скршена со операција фрактура на 2 коски
Десна нога шинат зглоб х3
Лева нога скршена
Глава дупнато 2 пати
На лева рака показалец и среден
На десна рака до среден и палец
На лева и десна нога палец
Лева нога шинато

И уште милион мали повреди кој не вреди да ги пишувам покрај овие:vozbud::vozbud:

Кој екстремен спорт? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom