Ухуу од каде да почнам

На 4 години си го повредив окото и имав внатрешно крварење и гледав црно/бело и имав среќа што се супер си се среди и немам никакви последици, не ме пуштаа од болница да си одам зошто имам една шара баш на тоа око како триаголник кафеав и мислеа дека уште не ми е поминато

Исто додека лежев тогаш во болница земав тоа од апчињата доза за 2 дена наеднаш за да не мора да се замарам по 3-4 пати на ден да пијам, среќа не беа изгледа некои јаки и не ми беше ништо : ))) На 5 години го скршив десниот лакт на 2 дела и беа извртени и искинат некој дел од мускулатурата, имав тешка операција и среќа пак супер се заврши без некои последици иако одкако дојдов дома со 2 шипки во лактот легнував на земја и ја исправував раката (шипките ја држеа по малце крива положба за да заздрави побрзо

) На 6 години едно дете од одделените 3ца го маваа со камења, а он сам и јас земав ги гаѓав нив со камења и педерот што дојдов да го бранам си избега и ме остави сам и еден деген од тројцата ми се прикраде и камен 2 пати поголем од главата ме лупна мене во глава и ми ја пукна аркадата и после тоа на шиење глупости а у и тоа среќа нема ништо посебно + шиеното е на веѓата и многу многу не се приметува

После тоа на 7 години некаде го скршив носот по дома нешто, ок беше нешто малце не ни отидов на лекар се супер си зарасна, после тоа не ги памтам многу по ред како идеа и не ми текнува баш на се али од ролери имам скршено ребра, карпална - скафоидна коска на лев зглоб на рака што не отидов во болница година дена и после носев гипс едно 3 месеци и не ми зарасна и правев после тоа операција и сега уште имам штраф внатре(чекав доста долго време да зарасне зошто е многу грда коскичка), на левата рака исто скршив метакарпалната коската што е меѓу таа скафиоидната и меѓу палецот(многу ретардирано ја скршив, се убив од смеење

и се сам си имобилизирав да видам дали ќе се среди до утредента ако не се среди реков дека ќе отидам до болница, претпоставував дека е скршена според болката али викам ај може е малце пукната па колку толку ќе ми ќе покаже сабајлето подобри резултати али не покажа), пукнат лев лакт, отворив десното колено и нешто го пукнав или не знам што точно, го заебав лигаментот на десниот зглоб на ногата (имам проблеми веќе едно 4 години), полно рани насекаде, отоци огромни особено на цеваниците, хематом имав огромен од малце над коленото позади до половина на десната нога, во тепачка ми го скршија носот али добро зарасна (педерско беше ептен сам против 10 јас тогаш 15 годишен копиљ они 19-22 годишни магариња), од Канео тој што е ѕидот големиот рипавме и јас малце дијагонално паднав во вода и ми го сецна рбетот и неколку секунди во вода не можев да ги мрдам нозете, после тоа едно година дена во различна поставеност осеќав ко да ме сече и кога слетував од над 2 метри ме болеше... Имало уште некои работи на кои не ми текнува моментално али тоа е динамичен живот сум имал : )))
Голем поздрав и голема благодарност до Др. Илија Тодоров што е според мене најдобриот хирург на трауматологија и Др. Перица Петровски најдобриот хирург на детско, може да не беа они немаше денес да бидам цел

И поука до сите (од лично искуство) ако имате некоја повреда и се двоумите што ви е идете на лекар на време, подобро да изгубите саат време и да ви кажат дека ништо сериозно не ви е одколку да не отидете и после некое време да отидете и да ви биде по искомплицирано, сите работи се лечат и се средуваат најдобро додека е тазе повредата, за одпосле се намалуваат шансите за успех.
Ако ми текне уште нешто плус ќе додадам
