ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Па нештата кои Бране ги наброја во тоа интервју се дезинформации, т.е лаги.Моето прашање беше дали Црвенковски нешто кажа што не е вистина во тоа интервју?
но кога веќе почна...
1. Слобода на медиуми.Незнам кој човек може да даде проценка дека Бранко е повеќе застапен од Гвујо во медиумите или кој повеќе ја опструира слободата на медиумите. Значи зборуваме за влијателни телевизии, а не ти како што кажуваш некои локални. Тв Сител и Латас се марионетите на Грујо, емисијата Бубмар исто така, безбројните досадни рекламни кампањи и безброј други глупости...
2.Букефализација. Сигурно тој си знае што значи тој термин, доволно е образован според мене (скопски универзитет Кирил и Методиј).Всушност треба и да си на повисоко интелектуално ниво за да го сватиш муабетот понекогаш...
3.Во договорот во 95 мислам беше, стои точката двете страни да не применуваат провокации, тоа што Бранко го кажуваше се однесуваше токму на тој документ, а не продаваше патриотизам и не укажуваше дека тоа неизоставен дел од нашиот идентитет...
4.Јас не можам да те разберам.Не требало да се брзаме да го решиме спорот со името поради фактот дека вратите ни се затворени до 2015/2016? Ок, тоа. Еве давам пример, ако ние сега го смениме името, или после 10 години ќе има некој различен ефект? И тогаш и сега ќе стои различно име... Само нас безбедносната ситуација не ни е вред, така да Нато е многу подобра опција за нас во моментов...
И да, на крај.Ако грците користат некои реални аргументи против нас, значи, мислам на претходно договорени и сега прекршени договори што има тука спорно? И тоа воопшто не укажува дека имаме претседател кој оди против македонските интереси. Всушност ВМРО тоа го користи за да добие повеќе политички поени и да остане на власт во Македонија.
1. Даваш пример за ЕДНА телевизија и една манифестација од ЗАБАВЕН карактер.
Додека, на списокот на СОРОС стојат А1 и Време, Утрински Весник, Алсат, Алфа телевизија, Алсат, Тера, Канал 77, Ера, Менада.
Ќе ми кажеш дека овие немаат влијание??
Проста математика и еве доказ дека дефинитвно сдсм, односно бранко преку своите поданици, ја узурпира слободата на медиумите.
2. Муабетот со Букефализацијата не е никаква интелектуална енигма. Всушност ЉДФ убаво го образложи...Сме бегале од словенството и сме се враќале и живееле во митовите на антиката.
Пак ЛАГА.
Да беа малку историски пописмени, или да не премолчуваа историски факти, ќе знаеа дека преку продолжување на историски континуитет, ти на никаков начин не се откажуваш ни од словенството, ни од Кирил и Методиј. Се разбира, тоа не го пишува у екс сфрј учебниците.
Исто како што освестувањето за историското минато, на никаков начин не и пречи на работата за иднината. Особено не од политички аспект.
А, со таквите дезинформации, тие ствараат вештачка делба кај народот.
3. Уште поважен дел од Привремената спогодба е да НЕМА блокирање на меѓународните интегративни процеси. Грција тоа го направи.
Понатаму, Грција гради споменици во Иран, од 1988. преименува аеродроми и што уште не, за да залаже дека има врска со антиката.
Така да, Грција е онаа која прва, на исклучително груб начин го прекрши тој договор. Оттогаш, договорот очигледно не може да биде валиден и нема што да му се потчинуваме (а, да не додавам дека самиот договор е чист апсурд, бесмислен и неоснован и дека го потпиша, од кој знае какви причини СДСМ. Сега сама нека си се придржуе до истиот ако сака. На Македонија тој договор и штети).
4. За тие 7/8 години нештата може многу да се изменат. И тоа во наша полза. Тука е и Лисабонскиот договор.
Се на се, нема ама баш никаква корист (освен за грците) сега да смениме име.
5. Грците немаат никакви реални аргументи против нас. А за спогодбата и приджувањето кон неа објаснив под 3.
И ако некој ја користи оваа состојба за да поентира политички, тогаш тоа е Бранко.
Но, што е пострашно, тој не оди против дпмне. Тој оди против целиот Македонски народ и ги поткопува неговите позиции. А, за тоа оправдување и опрост нема.