САД-најголеми поддржувачи на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата demmian
  • Време на започнување Време на започнување

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
САД сe најголеми поддржувачи на Македонија


Коментари (15)
prazno.gif
prazno.gif
08.02.2009 21:04
brus-dzekson2.jpg
Брус Џексон
И покрај промената на администрацијата, САД остануваат најсилен поддржувач на македонските евроатлантски интеграции, ветил новиот заменик државен секретар Џон Стајнберг на средбата со шефот на дипломатијата Милошоски, на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Балканот се уште има неколку отворени прашања коишто го прават нестабилен. Затоа улогата на Македонија и нејзината конструктивност е голема, порачал Стајнберг, според кого Вашингтон останува логистичка поддршка за дипломатските активности, вклучувајќи ги и оние за името.
Наспроти грчките предвидувања дека новата американска влада би можела да и го сврти грбот на Македонија и во спорот за името да ја поддржи Грција, сигналите од Вашингтон велат дека најлошата варијанта е САД да го остави спорот за името целосно на ОН или да се обиде да го префрли на ЕУ.
„Не е фер да се третира нова земја во Европа, како што ја третираат Македонија. Повеќето Американци го делат тој став, вклучувајќи го американскиот претседател Обама. Лично мислам дека ова ќе биде европска проблематика која ќе ја решаваат механизмите на ЕУ зошто мислам дека механизмите на ОН не успеаја. Ова е европски проблем“, изјави Брус Џексон.
Атмосферата во врска со Македонија на Минхенската конференција, која еден поранешен дипломат во Скопје ја опиша како поддршка и притисок, дополнително ја комплицираше министерот за надворешни работи на Словенија.
zbogar.jpg
Самуел Жбогар
Според Жбогар, во врска со ЕУ членството, не треба да се прави паралела меѓу словенечко-хрватскиот спор и македонско-грчкиот спор затоа што во случајот со Македонија не се работи за вето на една од членките на Унијата, туку за одлука на Европската комисија.
„Со Македонија е поинаква проблематика. Комисијата мора да подготви извештај што ќе им овозможи на членките да се договорат за датумот на преговорите. засега не мислам дека Грците ќе блокираат за влез во ЕУ“, изјави Жбогар.
Најотворена поддршка Македонија во Минхен доби од Турција и Шведска.
Министерот за надворешни работи на Турција, Бабачан, ја повика ЕУ на отворена политика кон Балканот и итен прием на Македонија во НАТО.
Неговиот шведски колега Карл Билт, на крајот од дебатата за Кавказот и Западниот Балкан, побара Унијата да не го комплицира приемот на нови членки со нелогични барања.
Ќе беа ли тоа што се сега Португалија, Грција и Шпанија, ако при нивниот влез беа поставени барањата кои сега се испречуваат пред Хрватска, Македонија и Турција, праша Билд, чија земја од јуни ќе биде претседавач со Унијата.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104135
 
Знак дека се уште имаме пријатели од земји кои се ценети и силни. Треба да ги цениме и надоградуваме. Самото тоа што Америка го остава овој проблем на ЕУ е негативно за нас, бидејќи земјите од ЕУ се понаклонети на парите од грција, меѓутоа е една многу правилна одлука од САД, зошто би си ставале проблеми на глава кои не се нивни.
Би сакал нашите политичари да се разбудат и да ја сакаат својата држава од срце и така да работат за неа, а не само за пари , да си градат бизниси , отвараат сметки, купуваат лимузини итн...
 
ај малце пократки постови ако може, ме мрзи да ви ги читам, ако не може ок е, нема да ги читам
 
Бо читам средби на американската администрација...
И секаде со сите земји на сите нивни средби велат : Ние САД сме ваши верни пријатели и постојани подржувачи !
 
Бо читам средби на американската администрација...
И секаде со сите земји на сите нивни средби велат : Ние САД сме ваши верни пријатели и постојани подржувачи !

чавез е лекот, па нека подржуват они кого сакат и нека бидат верни
 
чавез е лекот, па нека подржуват они кого сакат и нека бидат верни

хехехех... Amnaesiac, Amnaesiac...... добро знаеш што сакам нели?
Чавез ами кој !!!

Viva la communismo, Viva la liberta !
 
Америка го однесе цел свет во рецесија и сега на сите им лиже гз.Во Кина е лекот,ќе ги надмине и Русија и САД.Факт е дека е едиснтвена земја што сеуште увезува стока и даваат повисока цена од сите земји.
 
Ај да ги замолам да не ме подржуваат со радиактивен ураниум и да ме тапшаат по рамо само за да видат во која фаза ми е распаѓањето.
 
Америка го однесе цел свет во рецесија и сега на сите им лиже гз.Во Кина е лекот,ќе ги надмине и Русија и САД.Факт е дека е едиснтвена земја што сеуште увезува стока и даваат повисока цена од сите земји.

јассепак сум за чавез, каква кина, и се надевам референдумот во мексико или кај беше, ќе успее, чавез за доживотен во венецуела или перу, кај ли беше
 
„Лице„-нова администрација неможе да не покаже интерес УСА..иако УСА бараат сите светски проблеми што досега ја засегаа лично да бидат разретчени..бидејќи после Би-Поларизмот до 89 се беше во ред,после тоа постоеше Уни-поларизам(УСА најмоќна и водеше цел свет) Уса останува најмоќна од државите во светот но неможе веќе да ги решава проблемите на другите од проблеми има доста свои така да бара партнери или бара Мулти-Латерализам т.е секој да си ги решава своите проблеми во својата сфера на инфлуенција. Уса решава свои проблеми и се однесува 60% зона Ирак-Афганистан, 20%борба тероризам и 19% економска стабилизација на својата и економијата на нејзините економски партнери..Македонија доаѓа на 3 степен на важност односно ниту 1% од нивните интереси!...ова горе беше само во кој правец се движат работите.
Имав можност да зборувам со повеќето делегати присутни на денешната последна дебата и сето тоа беше неформално надвор од контекстот,го покажав моето жалење и осет на предавство од страна на ЕУ во поглед на нашата моментална состојба и минимален интерес за решавање на проблемот.Но 60% од европската комисија и парламент сеуште го гледаат како не-европски проблем него билатерален проблем помеѓу Македонија-Елада,кој што нетреба да биде проблем за наша интеграција во евроатлантската сфера.Но ми рекоа дека треба да ги сватиме дека неможат а да не застанат на страната на Елада иако тоа е против нивните и интересите на многу дргу држави ширум светот кој што не подржуваат бидејќи имаме капацитет да достигнеме високо на европската скала бидејќи успеавме да преживееме да опстанеме како што бевме и постоиме како Македонија...
 
Не убија од чукање по рамо , ќе се искривиме....
Така им и треба кога веруваме...
Од сите горенаведени „подржувачи„ само за Турците капа доле, кај нив нема ни АКО, ни АМА...
 
Не убија од чукање по рамо , ќе се искривиме....
Така им и треба кога веруваме...
Од сите горенаведени „подржувачи„ само за Турците капа доле, кај нив нема ни АКО, ни АМА...

И Хрвативе нешто во последно време гледам дека им сме симпатични, т.е. во нив не гледам ама баш никакви непријатели, туку со нив можеме само да градиме сосема добри односи, па дури и добри воено-политички сојузи.
Башка тоа и Србите не ни се наклонети ни на нас, ни на нив. Значи имаме заеднички непријател, ако може да се дефинира тоа така.
 
јассепак сум за чавез, каква кина, и се надевам референдумот во мексико или кај беше, ќе успее, чавез за доживотен во венецуела или перу, кај ли беше

Венецуела, но сепак не му успеа тој референдум
 
Венецуела, но сепак не му успеа тој референдум

Чекај сине.....полека....... ќе има вторпат!
Сега ќе успее...многу амерички шпиони ,НВО-и и платеници беа протерани во изминатиов период од последниот неуспех на референдумот..

ДА живее човекот кој и се спротиставува на империјалистичка америка :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom