demmian
Попиванов
- Член од
- 9 јули 2008
- Мислења
- 1.613
- Поени од реакции
- 53
САД сe најголеми поддржувачи на Македонија
Коментари (15)
08.02.2009 21:04
Брус Џексон
И покрај промената на администрацијата, САД остануваат најсилен поддржувач на македонските евроатлантски интеграции, ветил новиот заменик државен секретар Џон Стајнберг на средбата со шефот на дипломатијата Милошоски, на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Балканот се уште има неколку отворени прашања коишто го прават нестабилен. Затоа улогата на Македонија и нејзината конструктивност е голема, порачал Стајнберг, според кого Вашингтон останува логистичка поддршка за дипломатските активности, вклучувајќи ги и оние за името.
Наспроти грчките предвидувања дека новата американска влада би можела да и го сврти грбот на Македонија и во спорот за името да ја поддржи Грција, сигналите од Вашингтон велат дека најлошата варијанта е САД да го остави спорот за името целосно на ОН или да се обиде да го префрли на ЕУ.
„Не е фер да се третира нова земја во Европа, како што ја третираат Македонија. Повеќето Американци го делат тој став, вклучувајќи го американскиот претседател Обама. Лично мислам дека ова ќе биде европска проблематика која ќе ја решаваат механизмите на ЕУ зошто мислам дека механизмите на ОН не успеаја. Ова е европски проблем“, изјави Брус Џексон.
Атмосферата во врска со Македонија на Минхенската конференција, која еден поранешен дипломат во Скопје ја опиша како поддршка и притисок, дополнително ја комплицираше министерот за надворешни работи на Словенија.
Самуел Жбогар
Според Жбогар, во врска со ЕУ членството, не треба да се прави паралела меѓу словенечко-хрватскиот спор и македонско-грчкиот спор затоа што во случајот со Македонија не се работи за вето на една од членките на Унијата, туку за одлука на Европската комисија.
„Со Македонија е поинаква проблематика. Комисијата мора да подготви извештај што ќе им овозможи на членките да се договорат за датумот на преговорите. засега не мислам дека Грците ќе блокираат за влез во ЕУ“, изјави Жбогар.
Најотворена поддршка Македонија во Минхен доби од Турција и Шведска.
Министерот за надворешни работи на Турција, Бабачан, ја повика ЕУ на отворена политика кон Балканот и итен прием на Македонија во НАТО.
Неговиот шведски колега Карл Билт, на крајот од дебатата за Кавказот и Западниот Балкан, побара Унијата да не го комплицира приемот на нови членки со нелогични барања.
Ќе беа ли тоа што се сега Португалија, Грција и Шпанија, ако при нивниот влез беа поставени барањата кои сега се испречуваат пред Хрватска, Македонија и Турција, праша Билд, чија земја од јуни ќе биде претседавач со Унијата.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104135