Нема да има никакво банирање за искажано мислење.
Ме интересира:
1. Каква е ситуацијата сега по изборите, дали нешто (ќе) се промени во Нико Нестор???
2. Зборувате има тепачки последниве 8 години. Зошто 8??? Нели проблемот потече со внесувањето на новата територијална поделба на Бучковски во 2004та???
3. Како дошло до тоа да се подели училишниот центар на две училишта (Нестор и Темо)???
4. Дали е вистина дека во 90% од случаите, тепачките ги иницираат учениците шќиптари, а Македонците се тепани -- и какви докази има за тоа (во медиумите велат дека тепачките се “масовни’’ демек и еедните и другите???
5. Дали е вистина дека проблемите претежно ги прават ученици кои се од околните села и кои села?
6. Каква е етничката структура на град Струга (не на општината)?
Еве мое мислење и одговори, другите нека си кажат како мислат:
1. Во Нико Нестор нема ништо да се смени на подобро, затоа што оние кои стојат зад инцидентите останаа на власт. Ќе се смени само бројот на ученици Македонци затоа што нема многу родители кои ќе праќаат деца во училиште кое не е безбедно.
2. Тепачки незнам од кога има но знам дека последниве 4 години ескалираа до мерка во која мора полиција да интервенира. Сум пишал веќе еднаш, кога јас учев во Нико Нестор, Македонските ученици беа мнозинство и никогаш немаше инцидент од таков степен да дојде полиција во школото. Нико Нестор беше перфекно мирно „Beverly Hills“ училиште.
3. Се работи за истиот училишен центар, едната зграда е преименувана во Ибрахим Темо и таму спаѓа гимназијата колку што знам, додека техничките струки останале под Нико Нестор. Чуму ова незнам, школото е исто, можеби некој не се чувствувал како дома.
4. Кој ги иницира тепачките ќе оставам да кажат сегашните ученици од школото. Оние кои завршуваат во градска болница обично се Македонци. Последната „тепачка“ беше 15 души со шипки бркаат тројца по улици. Тоа е тепање, а не тепачка.
5. И за ова незнам точно претпоставувам дека е така затоа што во градот ретко кога имало проблеми (општо, не во училиштето)
6. Македонците се мнозинство во градот незнам кој имаше извадено табела нека ја стави пак. Има големи албански села од над 8 000 жители а општината ја закрпија да брои 70 000, од кои во градот има околу 20 000. За споредба, имаме еден куп општини од по 2-3 000 луѓе. Во ваква општина граѓаните на градот Струга немаат главен збор околу тоа кои ќе бидат локалните власти, туку тие се бираат во селата. На пример, доколку би имало избори во градот Струга, трката за градоначалник ќе беше околу кандидатите на ВМРО и ПЕИ/СДСМ, додека актуелниот градоначалник Мерко немаше воопшто ни да влезе во втор круг.