Етнички смени

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
еве од дел од кичевскиот проблем оти иста е ситуацијата

ова се случуваше пред точно една година


пс
прочитајте description на видеото ќе ви станат некои работи појасни
 

Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
Ова е многу опасна и вредна тенденциа се насажда етничка омраза .
Решение е интегриране а не деление.
Добар пример е Германиа дека порано турките деца учили отделно ,а сега се интегрират во немски школа да учат заедно со немските деца
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
28
Поени од реакции
4
Остај ти Германија. Овие не сакаат да се интегрираат во државава. Тие сакаат да се сепарираат.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Секоја поделба допринесува до продлабочување на разликите помеѓу двете страни. Со ова само се нарушува процесот на учење како да се толерираат останатите луѓе, што е многу важно во животот.
Затоа не оправдувам никакво делење.
Освен тоа провокациите ако ги има ќе ги има пак и ако ен се тепаат во школо ќе се тепаат надвор, што е и полошо пошто надвор од школо нема ни контрола доволна за да ги спречи тепачките.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Абе, нели владата е таа која ги "дели" ученициве... Нели владата е безгрешна и таа знае најдобро...

Да живеат етничко поделените ќенефи, каде македонските гомна и албанските мочки, нема да пливаат по исти канализации...

Што би кажал еден наш новоконвертиран патриот... КАДЕ Е ТУКА КРИМИНАЛОТ?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Учениците Албанци во Нико Нестор нема да ја почитуваат одлуката на Стојановски

09 February, 2009 04:35:00
Големина на фонт:

На средбата која денеска доцна попладне ја имаа родителите и професорите Албанци со преставници на локалната самоуправа во Струга како што дознава Алсат во целост е отфрлена одлуката на министерот од утре да се учи во чисти етнички смени.
Договорено е учениците Албанци да продолжат со следење настава според постоечкиот, а не според нов распоред во мешани смени се додека министерот Стојановски не им образложи поради кои причини се прави овој потег. Донесена е одлука и Советот на општината задутре по итна постапка да расправа по однос на новонастанатата состојба во Нико Нестор.

Од општината за утре стравуваат од евентуални несакани последици по двете спротиставени одлуки за само неколку часа. тие велат дека значително се комплицира целата ситуација која сега е повеќе од кревка.
Подобро е еден министер да замине од својата функција, отколку во Струга да има жртви. Вака денеска министерот за образование Перо Стојановски силно застана зад одлуката на директорката на средното струшко училиште Нико Нестор, во него да почне да се учи по етнички смени за на тој начин да се спречат честите тепачки меѓу учениците. Утринава министерот, родителите, професорите и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Директорката смета Маре Савеска дека ова е за доброто на сите ученици и постоел и план за градење на довербата.



http://alsat-m.tv/mk/zemja/10150.html


Мислам дека ова е изворедна прилика за министерот Стојановски да даде оставка...иако и пред ова имаше можност за таков чекор...
Мислам каков е тој министер кој место да го реши проблемот само го продлабочи...
А гледам дека на Албанците ги заболе уво за него, од утре си одат на школо по стариот распоред...
Нико Нестор има потенцијал да стане голем проблем , само затоа што некој нема муда да го реши , и наместо да му се посвети време на овој проблем , се решава со многу непопуларни методи, методи кои ама баш ништо нема да придонесат...
Ако министерот сакал нешто да направи , нека дал предлог, нека направиле смени за извесно време додека не се најде некој адекватен модул за решавање на ситуацијата, вака , оставка нема друго...
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
ова со смениве е катастрофално за симбиозата
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Кај го најдоа пак Стојановски да го пуштат таму, јас човекот би го плаќал ништо да не работи, би му направил посебно министерство ако веќе е заслужен партиски војник, и би го ставил во канцеларија , нека гледа ТВ или да сурфа , ама под услов да не пише на ФОРУМИ и таму да не ја усере...
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Tie makedonci sto go odbrale i zastanale za makedonskoto dostojoanstvo se pravi heroi, tie se pravilnite makedonci i pogolemi patrioti od site politicari i forumdzi zaedno.
Sekoja cest momci, se gordeam so vas.
Достоинство и Македонци ... да научиш барем нешто од форумов де.
Туку, какво црно достоинство? Да се повлекуваш од проблем е достоинство? Да се делиш и ограничуваш во свое училиште е достоинство? И бесни тинејџери можеш да ги ставиш во група на најголемите патриоти?

Правдата што побргу треба да ја превземеме во свои раце и со некаква интервенција или некоја акција како во 2001 тие си ги бараа правата со пушка врака и ние така друго чаре НЕМА!Додека не се случи ова се ни е џабе правдата сама нема да дојде мора да ја донесеш по секоја цена макар тоа било и со примена на сила !!!
Супер. Наместо да одиме напред, ние ќе се враќаме назад. Секој проблем со пушка ќе го решаваме, дека сме животни без мозок и друго ништо не ни доаѓа на памет. Или па толку може да смислиме, па ги билдаме проблемите за да наметнеме такво решение како единствено. Браво за тебе и твојот труд да повикаш луѓе на нешто гнасно.

Нели имавме бе соживот?

Нели сите инциденти беа само од криминална природа, без етнички предзнак?

Ајде, сакам да чујам беседи за соживотот пак. Тој соживот кој го има, а не го глеаме.
Ада, почнуваш да иритираш со овие твои реторичко иронични прашања.

Тивко етничко чистенње........:toe:
Па јас мислам ако е етничко чистење, Албанците ќе се залагаат да се делат и да ги отфрлат Македонците. Добро, може грешам ...:toe:


Туку мој одговор на темава.
Навистина е крајно лошо ова што го слушам. Лошо, а и жално за децата кои учествувале во тепачките и биле повредени. Но, тоа во никој случај не се решава вака! Има на темава доста добри предлози, ама кој да ги види или реализира.
Вчера на вести ја видов за прв пат директорката на Нико Нестор. Ако некој очекува таа да среди еден ваков проблем, подобро е истиот да се фрли во езеро и да се удави. И не само таа ... сите по неа што се одговорни за случајов. Од тепачка помеѓу ученици, прават толкав проблем. Па добро, нели се тоа ученици кои треба да се воспитуваат и донесуваат во некаков ред? Зарем не може никој возрасен и стручен да ги смири овие проблеми? Секако дека може, доколку нема корист на истото да не реагира или да донесува погрешни одлуки.
Не ми е јасно како може таков неред да има во едно училиште. На тоа место каде што сите деца одат да учат и да се изградат во позрели личности. И јас сум учела таму и ова воопшто не ми звучи на истото место. Па имало ред бре, било тоа што треба да е. Имало професори кои се почитуваат, стравопочит кај сите ученици, дружење, учење, смеење, дури бегања од часови за да се помине повеќе време заедно, што наредниот ден заеднички сме го оправдувале.
А мислите дека денес го нема тоа? Сигурно го има, но таквите приказни се досадни за народот и не привлекуваат внимание. Подобро е нешто што ќе ја подгрее веќе преголемата омраза, која се јавува најчесто кај посматрачите од страна. Да, кај тие кои гледаат на тв и ќе седнат да коментираат според тоа.
Значи да скратам ... воопшто не е во ред да се дозволат вакви работи и под итно треба да се казнат децата кои учествувале во тепачките. Не да се распрашуваат ... сите да се казнат. Кога едни ќе завршат така, наредните ќе помислат дали да посегнат по таков потег. И добар е предлогот на засилено обезбедување или полиција. Тоа е стресно за тие кои не се замараат со овие страшни проблеми, но ситуацијата тоа го налага. Треба и суспендирање на сите професори кои ги тераат учениците на вакви злобни нешта. И смена на тоа чудото што се нарекува директорка. Тоа се може, само треба некој да ја потегне таа иницијатива и со објективен тим да ги исфрлат олошите од училиштето.
Не е начин делењето, кога после часови пак сите деца се по чаршија, или кога после матурата ќе седнат во иста канцеларија. Тогаш пораат да не ќе бидат родителите? Или само школото е проблем? Или па недостаток на работа, што резултира со дополнително влошување на проблемите?
Не знам ... едноставно ми е криво што сега не учам таму и што не можам да реагирам, иако и да беше така се сомневам дека нешто ќе сменев. Тука на форум не можам да се разберам со некои индиферентни ликови, не па да влезам во таа забегана маса.
Штета, која се надевам за доброто на сите, правилно ќе се реши.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Jas na takvi masi sedam veke podolgo vreme, i zatoa jadam gomna tuka... a za idninata, mojata mozebi nema da bide svetla, ama nekoj ke ja nema voopsto.:toe:
не ... на ваква маса НЕ СИ СЕДЕЛ...дугачка РЕЗБАНА... ти текнуе


... Ајзенауер дал наредба националната гарда да го обиколи училиштето. Во класот имало 9 ученици црнци. Кад се жели - стварно се може.
во случајов црнците тепаат и провоцираат..си ги помешал столчињата

Достоинство и Македонци ... да научиш барем нешто од форумов де.
Туку, какво црно достоинство? Да се повлекуваш од проблем е достоинство? Да се делиш и ограничуваш во свое училиште е достоинство? И бесни тинејџери можеш да ги ставиш во група на најголемите патриоти?
Едно е да живееш во бајка друго СО СИЛА ради фноча при очи да не гледаш...нема ништо бесно да те нападне десетпати поголема група за ти така цинично да окаректизираш некого.ако не помагаш...барем не одмагај
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
1. Па јас мислам ако е етничко чистење, Албанците ќе се залагаат да се делат и да ги отфрлат Македонците. Добро, може грешам ...:toe:

2. Од тепачка помеѓу ученици, прават толкав проблем. Па добро, нели се тоа ученици кои треба да се воспитуваат и донесуваат во некаков ред?

3. Не ми е јасно како може таков неред да има во едно училиште. На тоа место каде што сите деца одат да учат и да се изградат во позрели личности. И јас сум учела таму и ова воопшто не ми звучи на истото место. Па имало ред бре, било тоа што треба да е.

4. Значи да скратам ... воопшто не е во ред да се дозволат вакви работи и под итно треба да се казнат децата кои учествувале во тепачките.
Во некој дел од коментаров, се сомневам дека зборува некоја стружанка.
1. ГРЕШИШ, премногу грешиш. Тоа што АЛБАНЦИТЕ јавно не се изјаснуваат дека не сакаат етнички смени, тоа не е исто со тоа ти што го велиш. Тие само си чутат, и велат дека македонците не се за делење, туку сакаат токму тие да испаднат криви за случајот, а делбата нив им оди во прилог,( кој како ќе ме сфати. )

2. Таа тепачка којашто повеќето не ги засега, и премногу долго време се пролонгира, баш е почеток на нешто големо, само што малкумина се свесни во Струга, како и во западниот дел на македонија. Зачетокот на проблемот можете да го видите образложено овде, незнам кој колку ќе се сложи, но ако се погледне низ една реална призма нашиот град, ќе сфати и тој што го негира тоа.

3. Тој неред го прават 99% албанците, поради нивното воспитување кое е различно од нашето, македонското.

4. Казна ?,- Како да живеете во некојси розов свет, аман. Па како ќе казни албанец директор, на албанец кога токму таткото на тој албанец го седнал на фотелја ?! Хах. Камери има по училиштето, се' снимаат, и кога отидоа учениците во полиција на разговор по тепачките, снимката покажува дека 20 албанци се тепаат со 3ца македонци, а се констатира дека македонецот кој излезе од тепачката со модрици бил крив. И, кај е правдата тука ?! Ве молам.
Едно е да живееш во бајка друго СО СИЛА ради фноча при очи да не гледаш...нема ништо бесно да те нападне десетпати поголема група за ти така цинично да окаректизираш некого.ако не помагаш...барем не одмагај
Добро, само јас и ти сме реалисти во ситуацијава, или што е работата ?!
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Bez panika proektot "Razdvojuvanje po etnicki linii" prodolzuva so silno tempo i predvidena dinamika. Denes vo Suto orizari pocnuva izgradbata na novoto sredno uciliste.

Koga Ljubco Georgievski "jadese g*" za dzidovi i ogradi go pravea lud, sega koga toa se implementira suptilno so golemo kolicestvo na lubrikanti se e fino i ubavo.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom