Имаше едно правило во поранешната YU лига (незнам, можеби и во други лиги), некаде при крајот на нејзиното постоење, по нерешен резултат да се изведуваат пенали. Бод земаше победникот, а другиот нула. Ова се покажа како најглупавото правило некогаш измислено, и кратко беше во сила, 1 или 2 години.
Како и да е, ова што е предложено на темава се однесува само за резултат 0-0, за да се поттикне офанзивниот фудбал. Публиката доаѓа за голови и се тоа држи. Но ова правило страшно би ги фаворизирало посилните клубови, кои ќе имаат повеќе време да тактизираат и да чекаат слабиот противник да се отвори. А тоа не ми се допаѓа многу, затоа што ем се појаки, ем судии ги штитат, како да не е доволно што се фаворити, ем сега и вакво нешто.