Зошто луѓето се толку злобни?

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Еве на форумов, кога секој може да биде тоа што сака да биде и да збори што сака без некои последици, зошто луѓето избираат да бидат лоши?:toe:
Верувате ли дека постојат луѓе кои и се родиле злобни?
 
Spore

Kalabangaa
Член од
11 јануари 2009
Мислења
148
Поени од реакции
3
Нема човек што се родил злобен, го копира тоа што родителот го прави,
еве на форумов има многу злобни и самобендисани луѓе, а не ја знаеме причината?
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
А од каде пак тоа дека е злобен?ЈАс мислам дека секој човек е добар и дека секој го содржи тоа во себе,можеби во некој ситуации е себичен,но за лош?Не сум баш сигурна.....
 
devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
и јас се сложувам со тоа дека дали ќе си злобен или не, зависи од средината, односно пред се од семејството, уште од мало дете гледаш како се однесуваат и нормално дека тие постапки и норми и ти ги прифаќаш како составен дел од тебе (мислејќи дека така треба) иако може подоцна да се покаже дека тоа не чини.
а она што ги прави луѓето злобни се љубомората и алчноста по пари пред се
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
А од каде пак тоа дека е злобен?ЈАс мислам дека секој човек е добар и дека секој го содржи тоа во себе,можеби во некој ситуации е себичен,но за лош?Не сум баш сигурна.....
Типот што си ја силувал ќерката и ја остави трудна добар е? Тој во Австрија што 20 години во подрум чуваше цела фамилија добар е? Која ситуација влијаеше на него да биде себичен и лош, тоа што има ќерка?
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Типот што си ја силувал ќерката и ја остави трудна добар е? Тој во Австрија што 20 години во подрум чуваше цела фамилија добар е? Која ситуација влијаеше на него да биде себичен и лош, тоа што има ќерка?

А од кај знајш дека не е?Сите сме изложени на различни влијанија од страна на другите луѓе,тоа што некој ни го правел,на крај влијае на нас...Од кај знаеш што него му правеле,па што е таква личност,односно што е изграден како таква личност?Длабоко во себе секој е добар само треба да се пронајде,затоа што секој човек кога ќе се роди,не е предодреден да биде добар или лош,туку општеството и окружувањето го прави таков......
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
А од кај знајш дека не е?Сите сме изложени на различни влијанија од страна на другите луѓе,тоа што некој ни го правел,на крај влијае на нас...Од кај знаеш што него му правеле,па што е таква личност,односно што е изграден како таква личност?Длабоко во себе секој е добар само треба да се пронајде,затоа што секој човек кога ќе се роди,не е предодреден да биде добар или лош,туку општеството и окружувањето го прави таков......
Се согласувам дека средината во која живееме и нормално нашиот живот влијаат врз изградбата на личноста. Тоа веќе фаќа домени на социологијата, имаше мислам 3 варијабли кои влијаат како на пример опкружувањето и уште нешто, меѓутоа и гените беа спомнати. Сепак мислам дека има доволно примери за луѓе кои имале нормално детство па пак станале крадци, насилници и слично.
Едноставно не можам да прифатам дека чисто опкружувањето влијае врз нашата личност.
 
Гените се во прашање не викам не,ама баш тоа опкружување одлучува колку ќе проработат тие гени...Ако јас сум агресивна особа,тоа ми е наследно,секако ако сум во друштво со посталожени,постабилни луѓе,и јас ќе се обидам да бидам таква...Исто е така со другите деликвенти работи,ако јас немам предиспозиции (генски) за крадец,но моите другари се такви,кој гарантира дека нема да станам и јас крадец?Не викам дека окружувањето е се,но сепак представува една насока која не води низ животот,јас не викам дека е единствена причина за да сме тоа што сме,тука има многу работи кои не водат по животниот пат,но никој не може да рече дека тие на некој начин не ја формираат нашата личност.....
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Не викам дека окружувањето е се,но сепак представува една насока која не води низ животот,јас не викам дека е единствена причина за да сме тоа што сме,тука има многу работи кои не водат по животниот пат,но никој не може да рече дека тие на некој начин не ја формираат нашата личност.....
ЈАс мислам дека секој човек е добар и дека секој го содржи тоа во себе,можеби во некој ситуации е себичен,но за лош?Не сум баш сигурна.....
Значи јас само сакав да потенцирам дека некои луѓе во себе носат и лошо, кое можеби и нема да се покаже поради друго влијанија, но да се верува дека секој е добар ми е премногу утописки.
Како и да е се сложивме дека и гените и средината имаат влијание.:smir:
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Значи јас само сакав да потенцирам дека некои луѓе во себе носат и лошо, кое можеби и нема да се покаже поради друго влијанија, но да се верува дека секој е добар ми е премногу утописки.
Како и да е се сложивме дека и гените и средината имаат влијание.:smir:

Никој човек не носи во себе лошо,тоа го создаваат другите,или тој самиот како одмазда или пак споредување со другите,односно под нивно влијание....Не знам како ме свати ти,но јас само тоа сакам да го кажам......:pipi:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Злоба...Ептен дискутабилен поим.

Кај двајца луѓе нема иста претстава за злоба, а не па кај 6 милијарди.

Така да, у ситуација кога не може конкретно да се дефинира што е злоба, уште помалку може да се одреди зошто луѓето се злобни.
Пошо тргнувате од старт со поим кој не е одреден. Како може онда да бараш разлози на нешто што воопшто не е дефинирано, in the first place.
 
Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
...На луѓето речиси никој не им ги памти добрите работи...За разлика од лошите...Па ако тоа е единствениот начин да бидат запаметени, си велат: зошто да не?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Добро прочитав во една книга, дека човекот во основа е добар, но прави лоши работи. Да, има злосторства кои се ѕверски на тоа не учи и поблиската и подалечната историја. Цели цивилизации имаат исчезнато, од тие дела. Во основа има едно правило кое вели прави им на луѓето тоа што сакаш да ти го прават тебе.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.059
не постои ЗЛО , постои добро и помалку добро :)
еве ја на пример, де една ќе ми рече злобен си, друга ќе ми рече лош си, трета ќе ми рече мрднат си, ... а јас знам дека сум добродел , дека сум џентлмен .. и ај види сеа. .
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Можеби затоа што немаат заради кого да бидат не-злобни? :wink:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom