Македонија ги губи симпатиите во ЕУ за кавгата со Грција?

  • Креатор на темата Креатор на темата trance123
  • Време на започнување Време на започнување
ЕУ ГИ ГУБИ СИМПАТИИТЕ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ СО ТОА ШТО ЈА ПОДДРЖУВААТ ГРЦИЈА.


Ќе прочитаме некогаш ваков наслов!?!??!?
 
Ај да покоментираме дури нема дојдено Суисаид Месија или како го викаа.Аза симпатиите?Дури беа СЕДЕСЕ на власт каде и да појдеа невидени симпатии предизвикуваја.Ко ќе се вратеја одвај ги носеја симпатиите и комплиментите од ЕУ.Е арно ама сето било лук и вода.Кој знае каде и пред кои врати имаа дремено.Нити имало симпатии нити ќе има.Само можеби чукање по раме.Демек ќе биде,Ако не ваа година до година.
 
Какви симпатии па Грција е во Европската семејство.
Таа е член на семејството. Тука нема симпатии Европа ќе ја подржува Грција и ако таа изврши воен напад во Македонија.
Како не го разбирате тоа. Грција е Европа и обратно.
Зошто би сакале да влеземе во Европа кога таму не чека нашиот доживотен непријател.
И нема влегување во Европа со слаба односкно никаква економија.
Нас ни продават пуканки на ТВ ќе влезиме 2010, 2015 :nenene:.
Ние сакаме да влеземе во Европската Унија за да ја поправиме економијата.
Работите стојат обратно.
 
Напротив,ние си ги симпатизираме,иако како и секоја симпатија се тешко достапни за нас.:smir:
Платонска љубов тоа ти е...
 
Абе ако Европа ги губела симпатиите кон Македонија,значи предходно ги имала,ама не и се оствариле.Секогаш кога некој ги губи симпатиите кон некого,всушност самиот губи нешто,исто како неостварени желби.
 
ЕУ ГИ ГУБИ СИМПАТИИТЕ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ СО ТОА ШТО ЈА ПОДДРЖУВААТ ГРЦИЈА.


Ќе прочитаме некогаш ваков наслов!?!??!?

Ги заболе курот нив дали ги изгубиле симпатиите овде. Ептен сме им устребале.
 
Сви су ту као некадааа..чује се песма старих друговааа(ЕУ и компанија)... :baeh:

ова како малите деца..земи цветче..и кини дел по дел..ме сака ...не ме сака...ке влезам...нема да влезам...може...неможе...бла бла бла
 
Јас не се ни сеќавам дека некогаш воопшто сме имале било какви симпатии. Со лисабонската декларација во деведесетите ни кажаа многу експлицитно дека не можеме да го користиме името Македонија. Ама влезе во шема Американче, ги фати за врат, стискаше полека полека и стигнавме каде што сме сега. Ќе треба уште малку да достегне да ја завршиме и таа приказна. Не е џабе името курва вавилонска...
 
Индиферентноста е реципрочна.

Мхм. Апсолутно сум индиферентен, кога ќе ми текне дека можам да идам дури до Босна без да питачам по амбасади за виза.

Па кога ќе ми текне на тие фондови за развој... Декаденција. Уи доунт нид ноу мани.
 
Мхм. Апсолутно сум индиферентен, кога ќе ми текне дека можам да идам дури до Босна без да питачам по амбасади за виза.

Па кога ќе ми текне на тие фондови за развој... Декаденција. Уи доунт нид ноу мани.
Визната либерализација, ако следиш воопшто, е најавена до крајот на годинава.
Дури и Фуере даде позитивни оценки во својот последен извештај.

А, и сега можеме да користиме фондови на ЕУ.

Инаку, не знам од кога ЕУ е идентично со економски бум.
Прашај ги маџарите, на пример, и нивното задоволство откако влегоа во ЕУ.

Конечно, ако ти немаш проблеми со двојните стандарди и понижувањето на ЕУ, некој има. Сериозни проблеми, кои ствараат сериозен анимозетет.

Дигнитет друже. Ако ти е ирелевантен, повели, светот ти е на дланка. Шо чекаш тука?
 
Koj gi trkala, samo koja e drugata opcija, ja znae li nekoj ?
Пак-ти-стани

Македонското влегување во ЕУ е загрозено од актуелната власт

Македонското зачленување во Европската унија е загрозено со политиката на актуелната власт. Ова е главната порака на Граѓанскиот манифест за Европска Македонија, поддржан од четириесетина невладини организации и индивидуи.

„Ние сме тука само да укажеме дека бродот наместо кон Европа, плови кон Индија и Пакистан и поминува низ Островите на сирените каде се слуша еротскиот глас на сирените, за жал тоа може да биде многу трагично за нашите граѓани“, рече Мерсел Биљали, професор на ФОН.

Во екот на предизборната кампања за претстојните локални и претседателски избори, креаторите на Манифестот ќе разговараат со граѓаните низ цела Македонија. Тие велат дека со критиките кон власта нема да бидат политички инструмент на опозицијата.
„Ќе поминат овие избори, ќе дојдат други, ние пак ќе мораме да се бориме за истите вредности. Според тоа, немаме никакви посебни секирации, ни некое посебно чувство на грижа на совест, па поради тоа што нашата кампања, а ова е кампања за вредности, доаѓа во еден предизборен период“, изјави Бранко Геровски, новинар.

Кампањата на учесниците на граѓанскиот Манифест ќе трае до 2 март, кога ќе се почекаат резултатите од претседателските избори, по што активностите за промоција на демократските и граѓанските вредности ќе продолжат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom