Прво, за оспорување на квалитетот на Раде Стојановиќ не може да стане ни збор. Ако тој бил “тапа“, како што кажа некој погоре, тогаш треба да се измисли нов збор за Филип Лазаров и Стоилов кои играа на неговата позиција.
Факт е Раде Стојановиќ е единствениот лев бек во репрезентацијата кој знае да скокне и да шутне. Толку. Другите имаат одраз колку да ставиш лист хартија под нив. Противниците како одминуваше првенството, ни играа двајца на Кире, еден на Мојсо, а левите бекови ги оставаа да си шутираат пошто видоа каде ни е слабоста. Така не ќе можеше никој да ни игра ако го имавме Раде во составот, а бековската линија ќе ни беше далеку посилна.
Факт е дека Раде беше еден од најдобрите во силната Словенска лига. Клубот му се растури заради финансии колку што ми е познато. Од разговорите со луѓе од ракометот, значи неофицијално сепак, конфликтот настанал помеѓу Раде Стојановиќ и Металург, откако овој 2 пати ја одбил нивната понуда, со образложени дека нема што да се докажува во Македонската лига. Ова очигледно го изнервира раководството на Металург па затоа Стојановиќ не ја виде репрезентацијата. Факт е дека на неговата позиција беа форсирани играчи од Металург, дека наместо да влезе во вториот круг беше повикан пикер од Металург, и дека беше форсиран голман од Металург, кој иако го ценам многу, беше во послаба форма од другиот...
Како и да е, околу оваа ситуација сега, мразам да шпекулирам, но ќе се обидам логички да размислам. Можеби Acid е во право кога вели дека и двете страни ја кажуваат вистината.
Веројатно Раде Стојановиќ во нервозата направил некоја глупост, но далеку е од физички напад она што го објасни селекторот. Да сакал да се пресмета физички ќе требало да ги одделуваат.
А она што ме збунува е образложението дека заради овој испад, Раде Стојановиќ не играл. Јас колку што знам, Раде и пред тоа не беше на списокот, кога се случило ова, првенството беше почнато. Зошто Раде Стојановиќ не го почна првенството, ако се знае дека не бил повреден?