Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Темелковски удрен, Стојановиќ не „подмачкал“ Селекторот го обвинува репрезентативецот дека го удирил, а овој враќа дека не сакал да го подмити финансиски за да биде во тимот
Уште не се израдувавме убаво на 11. место на Светското првенство во ракомет и рекордот на Кирил Лазаров од 92 постигнати гола, машката ракометна репрезентација веќе ја тресат афери. Иле Темелковски, македонскиот ракометен селектор, најави дека денеска ќе поднесе дисциплинска пријава против Радослав Стојановиќ поради физички напад по мечот со Германија. Левиот бек тврди дека не бил подготвен финансиски ништо да му понуди на селекторот за да игра, па затоа овој форсирал други.
Темелковски прв ја отвори Пандорината кутија надевајќи се дека ќе добие поддршка од јавноста, која многу го критикуваше за одлуката да не му даде шанса на Радослав Стојановиќ да заигра барем на еден меч. Најмногу благодарение на головите на Кирил Лазаров стигнавме до 11 место, иако сите дадоа свој придонес. Евидентно беше дека позицијата лев бек беше најслабата алка. Се мачеше Темелковски да најде вистински човек, па продефилираа и Филип Лазаров, Мите Стоилов, Велко Марковски. Првенството почна со Маркоски како стартер, а заврши со Филип Лазаров. Факт е дека Филип одигра многу слабо, имаше многу промашувања, но сето тоа е одлука на селекторот. Одлука е да ги избере 14-те што ќе бидат на клупата и што ќе влезат во игра.
ДА НЕ СЕ РЕЗИЛИМЕ ВО ВАРАЖДИН
За случајот Темелковски молчеше за време на СП и ја отвори душата веднаш штом стигна во Скопје. Новинарите што во Хрватска постојано го прашуваа за проблемите што ги има репрезентацијата и несогласувањата останаа да ја слушнат „ексклузивата“ од ТВ и радиоемисии и новинари што ракометот го гледаат само на ТВ. Или таму беше најлесно да се пласира веста.
Според Темелковски, тој за случајот досега не сакал да зборува за да не „биде срам“ и сите да зборуваат само за тој инцидент, а да не можеме да се сконцентрираме на играте. „Блиската средба“ се случила во ходник во хотелот „Турист“ во Варжадин.
- По мечот со Германија се сретнавме со Раде и тој ја подигна раката сакајќи да се поздравиме со удирање на дланките. Но, со другата рака ме удри во пределот на вратот. Веројатно ќе ме удреше по лицето, но јас се тргнав. Немаше играчи во близина, туку само тренерот Шундовски и психологот Ленче Алексовска. Почнав да викам „Раде ,што ти стана, Раде“, но тој си замина. Решив од тоа да не правам случај, барем додека сме на СП. Потоа имав состанок со раководството и решив Стојановиќ да биде вратен дома - вели Темелковски.
СТОЈАНОВИЌ НЕ САКАЛ ДА ПЛАТИ
Но, секоја приказна има и друга страна. Стојановиќ го тврди спротивното, но и нови факти за селекторската функција. Тој не беше пријавен на ниеден меч во Хрватска.
- Ако сакав да правам случај, ќе зборував уште во Варжадин, ќе држев прес-конференции. Јас играв за Македонија, без разлика што не бев на ниту еден меч. Тоа што селекторот не ме стави во тимот е негова одлука. Но, јас бев физички и психички подготвен за играње. Од друга страна, не бев подготвен финансиски да му дадам нешто на селекторот. Тој знае зошто форсираше некои играчи - вели играчот. Според Стојановиќ немало никакво удирање, ниту Шундовски бил на местото. Сведоци на случката биле голманот Ангелов и психологот Алексовска.
- Се разминавме со селекторот, а јас го потапкав по рамото и му кажав: „Што направивме селекторе, пак загубивме“. Немаше никаков удар. Сега си бара алиби селекторот поради многуте коментари за неговите одлуки - вели Стојановиќ.
Останува само прашањето дали ако не успеевме да влеземе во вториот круг и го немавме постигнатиот резултат, пречек како херои и поддршката од целата јавност, ваквите „валкани работи“ ќе излезеа воопшто во јавноста. Селекторот имаше среќа на теренот, но слабо се носи со интригите и сплетките. Мрежата што е околу него станува се' посилна, само да не се фати самиот во неа.
Извор: Дневник