Нуклеарка во Егејска Македонија!
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Грција сака да гради нуклеарка[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]АТИНА, 30 јануари - Како последица на недостигот на енергија и ограничените енергетски ресурси, во Грција во последно време се почесто се водат дискусии за нуклеарната енергија, и прашањето за нејзиното користење повторно е поставено на дневен ред, пишува грчкиот весник "Адезмефтос типос".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во текстот под наслов "Зар и нуклеарна енергија во Грција", весникот наведува дека неодамна во јавноста се појавиле информации дека грчката Влада подготвува планови за изградба на атомска централа во реонот на Лерин.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Според овие информации, за изградбата на нуклеарката грчкиот премиер Костас Караманлис веќе разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин и со францускиот претседател Никола Саркози, и за таа намена веќе биле обезбедени 675 милиони евра.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Реализацијата на целиот проект би требало да им биде доверена на француската "Арева" и на германскиот "Сименс". [/FONT]
-Кога ја прочитав веста, немаше сомневање дека ја знам локацијата, тоа не ќе да е така случајно.Се надевам дека имаме некои права, како комшии да издејствуваме,секако и со помош на Македонците во Егејска Македонија, да си ја преместат централата во грција, па нив нека ги зрачи.