Стенли Кјубрик

  • Креатор на темата Креатор на темата sonne
  • Време на започнување Време на започнување

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
Кога станува збор за најконтроверзниот воедно и најталентираниот режисер на 20-тиот век - сигурно би асоцирало името на Стенли Кјубрик . Кјубрик својот раскошен талент го покажува и со тоа дека никогаш апсолутно никогаш не создал филм сличен еден на друг .
Првите негови почетоци : „Flying parade“ , „Day of the fight“ - кратки документарни ,првиот игран „Fear and desire“ документарен „The seafarers“ , „Killer's kiss“ , предвесник на трилерите ( нешто што подоцна ко стил го развива Тарантино ) „The killing“ , воен филм „Paths of glory“ , „Spartacus“ . Заминува во Лондон , зад неговото име стојат многу филмови и успеси - човек кој никогаш не ја напуштил Англија ( одкога стапнал на Островското тло )

„Лолита“ „Lolita“ натаму ( Лолита е еден од најконтроверзните филмови на сите времиња ) ( за Лолита Стенли кажува дека ако бил свесен со што се треба да се соочи - никогаш немало да го создаде ) следат успесите на генијот . Со „Доктор Стрејнџлов“ „Dr. Strangelove“ - ја анализира ситуацијата на Студената Војна и тензиите на двете сили ( САД од едната и СССР на другата )

Одисеја во вселената 2001
„2001-А space odyssey“ - ( по раказ на Артур Кларк - „Стража[FONT=&quot][/FONT]“) според мене најголемиот филм на сите времиња - склоп на еволуцијата и револуцијата испонет со прекрасната музика и одличните ефекти за тоа време . „Пеколен портокал“ „А clockwork orange“- за овој филм на Кјубрик му лепат етикета - комунист : бидејки го гледа оној анархистички поглед на младите во англиското општество - филмов е преполн со ултра насилство , каење и „волкот го менува влакното но навиките не“ .

„Бари Линдон“ „Barry Lyndon “- со овој филм ја потврдува својата уникатност , филмов е правен со поседни објетиви и за светлина користел газиени ламби и свеки - сторијата е правена по ирска приказна за измамник .
„Сјење“ - „The shining“- филмов е направен по дело на Стивен Кинг ( кој потоа кажува дека Стенли е генијален но премногу егоист - не бил задоволен ) макар што јас мислам дека Кјубрик направил прекрасно дел - Џек Николсон докажува дека е актер кој може да направи „совршено лудило„ - филмов е правен речиси целиот во Лондон освен почетокот - кадри од САД .
„Полна воена опрема“ - „Full metal jacket“ овој филм е еден од најдобрите воени филмови на сите времиња - проследена е урбаната војна - создаден во локации во Лондон и околу него , ни создава атмосфера на азиската длабочина темперамент и култура .

Некаде непосредно пред смртта го направил „Очи широко затворени“ - „Eyes wide shut“ создаден по фјордистот Артур Шницлер од раните 30-ти години , адаптиран за денешното општество .

За Kjбрик се каректиристични две работи :
1. никогаш не се плашел од своите идеи
2. неговата кинематографична колоритност

Ќе се сложите сите вие ( фанови на великанот ) дека неговите филмови се прекрасни , дека секогаш на нас киноманите ни пружел „драгоцени“ моменти и уживање , со прекрасна кинематографска во склоп на олични музички исполнувања и се разбира одлична актерска игра .

Во однос на анализа на неговите „херои“ никогаш се немаше повторено , сумирајки : незнам дали да ги мразам или да ги сакам , дали се добрите или се зли човечки суштества кои заслужуваат негативни симпатии ...

Се надевам на квалитетни дискусии , се надевам дека не сум единствен кој „одлепува“ на „мајсторот“ ....
Па фанови на седмата уметност покажете и кажете што се мислете за Кјубрик - повелете : ...

2001_A_Space_odyssey.gif


За овој филм би оделил време и посебен пост , очигледно е дека ми е омилен филм - со прекрасната музика на Ричард Штраус и одличниот Ѓорѓи Лугети , одличните визуелни ефекти за далечната 68- година , прекрасната визија за иднината и компјутеразицијата на општеството .

Филмот е поделен на три дела , секој дел представува епоха , сегмент од социјализацијата , еволуцијата .... од почетокот на филмот забележуваме мајмуни кои за прв пат размислуваат , за прв пат се ползува нешто различно од инстинкт - коската е алатка ( во конктерниот случај оружје ) - одличен преод - кога ја фрла коската во воздухот - монтажниот момент со вселенскиот брод е перфектен - на бродот зборуваат за некаква епидемија на земјата , човекот користи минимално од својот потенцијал - пенкалото .... „Монолитот“ представува супервизор ... Дејствието се префрла подоцна во времето после година и половина - значи некаде околу 2000 година - моментот е симболичен ( 2000 се предвидува Апокалипса ) неколку космонаути се во орбитата со компјутер - робот , кој има централен нервен систем , чувствува мисли ... Компјутерот сака да го уништи екипажот во интерес на мисијата , тогаш Дејв ( главниот херој ) саваќа дека подобро е да го ликвидира .... Во мигот кога Дејв го следи монолитот кон Јупитер ( имаме прекрасни визуелни ефекти ) , стасува во музеј од 17-18-ти век , таму се гледа стар , седнува да јаде има чаша со вино кој небежно ја крши - мигот со скршената чаша е можеби најсилниот филмски момент ( на сите времиња ) чашата е скршена , но виното е уште тука - во меѓувреме се забележа ембрион ....

ууууууууууууууу каква анализа само создал „Мајсторот“ .

Значи трите епохи се растот , развојот и крајот , подобро направено и анализирано нема моделирано никој . Меѓудругото сеуште е на топ листите по научно фантастични филмови а е создаден пред четири децении .
 
браво другар за Кјубрик знаеш дури и он шо не знае за него :) иначе утре ќе гоима на сител ``очи широко затворени`` ќе го гледам... позз
 
иначе утре ќе гоима на сител ``очи широко затворени`` ќе го гледам... позз

во четврток другар во четврток :) кој го нема гледано нека повели нема да зажали :) сепак е Кјубрик , не е заебанција :)
 
Од Кјубрик ми се гледани сите филмови освен Dr. Strangelove и Лолита...излишно ќе биде да коментирам за него , башка шо и веќе имам пишано за него на еден сличен топик на Кајгана во врска со неговото мајсторство...btw...незнам дали знаеш дека и таканареченото слетување на Нил Армстронг на Месечината во 1969 , е во режија на Кјубрик...снимано е негде во Невада ми се чини...хе хе хе
 
Од Кјубрик ми се гледани сите филмови освен Dr. Strangelove и Лолита...излишно ќе биде да коментирам за него , башка шо и веќе имам пишано за него на еден сличен топик на Кајгана во врска со неговото мајсторство...btw...незнам дали знаеш дека и таканареченото слетување на Нил Армстронг на Месечината во 1969 , е во режија на Кјубрик...снимано е негде во Невада ми се чини...хе хе хе

Замисли „2001-A Space Odyssey“ е направен некоја година пред тоа , Кјубрик бил дел од тимот што го создавал „слетувањето“ па и затоа заминал во Англија и никогаш не го напуштил Лондон . „The shining“ и „Eyes wide shut“ имаат кадреи од САД ама тие моменти ги снимала втората режисерска екипа ( асистентите ) - во првиот имаме кадри од : Невада , Колорадо и Орегон да можед да се долови тој клаустофобичен ефект ... на „Оверлук Хотел“ , а во вториот случај имаме кадри од Хју Јорк и Ментхетен ... Па што знам логично е + еден другар ( karan ) ми кажуваше гледал некаков документарец за слетувањто и за Стенли ... па донекаде ја потврдува „тезава“ :)
 
Страшно контроверзен (не заради шпекулациите со американското слетување на месечината), но токму затоа и толку ценет. Знае да разбуди жичка кај мене, и затоа го почитувам. Фантастичен во спојувањето на “кул“ моментите и сериозните поенти. Напнато уживање е секој негов филм... :kafe:
 
Страшно контроверзен (не заради шпекулациите со американското слетување на месечината), но токму затоа и толку ценет. Знае да разбуди жичка кај мене, и затоа го почитувам. Фантастичен во спојувањето на “кул“ моментите и сериозните поенти. Напнато уживање е секој негов филм... :kafe:

па сигурно дека не е контроверзен ( заради слетувањто на месечината ) :smir:
Кога станува збор за најконтроверзниот воедно и најталентираниот режисер на 20-тиот век - сигурно би асоцирало името на Стенли Кјубрик . Кјубрик својот раскошен талент го покажува и со тоа дека никогаш апсолутно никогаш не создал филм сличен еден на друг .


„Лолита“ „Lolita“ натаму ( Лолита е еден од најконтроверзните филмови на сите времиња ) ( за Лолита Стенли кажува дека ако бил свесен со што се треба да се соочи - никогаш немало да го создаде ) следат успесите на генијот . Со „Доктор Стрејнџлов“ „Dr. Strangelove“ - ја анализира ситуацијата на Студената Војна и тензиите на двете сили ( САД од едната и СССР на другата )

Одисеја во вселената 2001
„2001-А space odyssey“ - ( по раказ на Артур Кларк - „Стража“) според мене најголемиот филм на сите времиња - склоп на еволуцијата и револуцијата испонет со прекрасната музика и одличните ефекти за тоа време . „Пеколен портокал“ „А clockwork orange“- за овој филм на Кјубрик му лепат етикета - комунист : бидејки го гледа оној анархистички поглед на младите во англиското општество - филмов е преполн со ултра насилство , каење и „волкот го менува влакното но навиките не“ .
„Сјење“ - „The shining“- филмов е направен по дело на Стивен Кинг ( кој потоа кажува дека Стенли е генијален но премногу егоист - не бил задоволен ) макар што јас мислам дека Кјубрик направил прекрасно дел - Џек Николсон докажува дека е актер кој може да направи „совршено лудило„ - филмов е правен речиси целиот во Лондон освен почетокот - кадри од САД .
„Полна воена опрема“ - „Full metal jacket“ овој филм е еден од најдобрите воени филмови на сите времиња - проследена е урбаната војна - создаден во локации во Лондон и околу него , ни создава атмосфера на азиската длабочина темперамент и култура .

Лолита : дотогаш никој не се осмелил да вметне педофилија и нимфетамизам во филм , Др- Стејнџлав : Студентата Војна и параноиците , паранојата + Питер Селерс има три улоги во филмот , а ако не го знаеш тоа нема ни да го забележиш :) Одисеја во вселената 2001 и Пеколниот портокал се „А и Ш“ во творештвото на „Мајсторот“ ( кој ги гледал останал со отворена уста ) - Сјаење - еден од најморбидните хорори ( Генојот ) го открива и својот талент за хорори , филмов е на топ листите заедно до Хичког :) - макар што Стивен Кинг не бил задоволен - причината е јасна Кинг имал еден концепт , Стенли сосема друг аспект развил и нагласил :) Полна воена опрема - врв на воените , врв на филмовите кои го опфаќаат периодот на војната во Виетнам , тука тука со Апокалипса денес на Копола :) зборувам по развојот на ликовите и психолошките моменти :)
 
Потполно го разбирам Стивен Кинг зошто не бил задоволен од Shining на Кјубрик...одамна ми е читана книгата ( Сјаење ) и факт е дека не само шо многу работи се испуштени во филмот ( а во книгата ги има ) , туку и самиот крај на филмот е тотално различен од крајот на книгата...иначе шо се однесува до самиот филм , одлично е снимен а да не зборувам за неверојатната глума на Џеки ( here comes Johnny )...хе хе хе...како и да е и филмот и книгата се одлични но факт е дека во филмот има многу отстапувања од самата книга...за луѓе на кои не им е читана книгата воопшто нема да им смета крајот на филмот ( ниту па мене ми смета ) , но сепак крајот во книгата е различен од крајот на филмот
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831
Само што го догледав Очи широко затворени филмот не да е закон поззз алал да муе на режисерот
 
Само што го догледав Очи широко затворени филмот не да е закон поззз алал да муе на режисерот

Некаде непосредно пред смртта го направил „Очи широко затворени“ - создаден по фјордистот Артур Шницлер од раните 30-ти години , адаптиран за денешното општество .

иако е создадена новелата за раните триесетти на 20-тиот век приказната е совршено адаптирана - уууууууу само какви моменти ќе се сложите , одлична операторска работа , прекрасни планови и во ниту еден момент не паѓа задоволството ( последната негова работа :( ) .
направил одличен избор со двојката круз - кидман , иако станува збор за „деликатна“ тема ( оргии , „изневерувања“ , интриги за и оклу секојдневието ... ) брилјантна работа - актерски .
режисерски немам зборови - мајсторија одсекаде .

жансровски - психаналитичен сексуален трилер , со огромен акцент на дехуманизацијата на општеството ( слојот кој највеќе - би експонирал и би се скрил од сите вакви „срамни“ мигови ... )

расказот е линеен , не запознава со моралните вредности и личности ( водечките два лика ) „ги соблекува“ најинтимните места на човечкото битие : од љубовта до крајната граница на гордостта ...
 
Majstor za koristenje na muzika vo film.Desetina minuti samo muzika i kadri,a te drzi zakopan pred ekran.Eve sega taze ,,Eyes....,,,ama i site drugi ostvaruvanja negovi.Vo ,,Shining,, koga vozat nakaj hotelot na pocetokot...panoramski gi sledi kamerata,a muzikata vo pozadina te vovlekuva vo filmot i te drzi da ne trepnes.Ne znam,ama edinstveno Carpenter mu se ima priblizeno vo odnos na namenskata muzika,a Fincer vo dolovuvanjeto na atmosferata,za se ostanato e ,,high society,,.RIP
 
Kubrick е еден од најголемите имиња у историјата на кинематографијата. Clockwork orange е mastepiece, од глума,приказна, па до изборот на музика све е класика, Shining e исто закон филм, поим за хорор, џек николсон е феноменален , Лолита е ок филм, за времето сметан за табу , али сосома добар , Full metal Jacket воен филм шо само кјубрик знае да смисли нешто такво, хумор, трагедија,напнатост,драма, све у едно Dr.Strangelove - црн хумор од времето на студената војна, интересно смислен, реализација перфектна, и да не ги редам другите.. Ѓениј е
 
Значи кое ремек дело му е Очи широко затворени. Немам коментар типов ми е во топ 5 режисери.
 
Брилијантен режисер, брлијантни филмови, тешко е да се одбере наслов кој е значително послаб од најдобрите негови... исклучок е документарниот му филм Клокворк Оринџ или што и да се обидувал да направи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom