А бе ти свесен си дека твоите браќа направија граѓанска војна во Македонија ? Твоите браќа од 25% кои ги има во Македонија 15 или 20 се криминалци и работат повеќе за доброто на косово одолку за Македонија...ете тебе што ти е подраго, Македонија, Косово или АЛбанија ?
Биди бар реален вонекои работи, а не велам дека нема Албанци кои заслужуваат, има и секоја им чест!
Ајде вака, дека се правиш на тошо, па ме влечеш за јазик.
Моите браќа, се само 25%. Небитна бројка. Небитен фактор. Твоите 75%, мнозинство (како милувате да се викате) ја упропастија државата, ја продадоа. Да не почнам да набројувам со примери. Ги знаеш.
Од моите браќа, 25%....викаш 20% се криминалци. Луѓе кои што кога сакаа да учат, твоите 75% ги убиваа. Кога требаше да се интегрираат албанците во македонското општество после осамостојувањето, македонците ги игнорираа. Нешто кога игнорираш, а постои...лошо е.
Од моите 25%, викаш повеќе работат за доброто на Косово и Албанија. Можеби. Но...моите 25% работат за доброто на албанскиот народ. Твоите 75% го предадоа сопствениот народ. Почнаа бугарски пасоши да зимаат. Бугари се потпишуваат. Пљукаат на крвта на твоите претци, малтретирани од бугарска рака.
Моите 25% само сакаат шанса, да живеат во оваа земја. Твоите 75% сеуште ги третираат моите како вонземјани. Колку и да се најде некој исклучок, твоите 75% секогаш генерализираат, и тие исклучоците ги угнетуваат, обвинуваат, и напаѓаат. Тие исклучоците згаснуваат со тек на време. Така да, бројот на исклучоците никогаш не може да расте. Секогаш опаѓа. Причините се баш таквите како тебе. Кои што наместо да покажат со прст кон тоа што навистина е, еднаш да кажеш мамето да им го ебам на криминалците, секогаш викаат мамето да им го ебам на албанците. Дрскоста иде до таму што после се правдаат имам јас албанци другари. Иди на тој другарот твој и кажу му во лице, мамето албанско криминалистичко. Ама не...другарот твој не бил криминалец. Па од кај тогаш знаеш другите (сите) албанци какви се? Си се фатил за политичката тајфа, 4-5 албански семејства кои го контролираат подземјето и по автоматизам сите се такви??
Случајот со ЕВН погоре, не за џабе го спомнав. Арачиново, Дижонска, Гази Баба и Серава се проблематичните места со неплатени сметки. Тие се тие населби. Во тие населби не живеат само албанци, колку и да не ти се верува. Во тие населби има и македонци кои што не плаќаат. Ама ...опцуј по албанецот, дека македонецот нели...секогаш плаќа данок. Ма немој...
Случајот со партиските вработувања. Со години наназад партиски се вработувале македонците во нашата ни драга администрација. Со години. Почнувајќи од времето на Југославија. Кај мене на работа 20 души се во роднинска врска Македонци.... 10 албанци дали сме на број или не во никаква роднинска врска.
Кога македонците вработуваат по партиска линија, тоа тебе ти е нормално. Македонци вработиле. Кадарни се луѓето. Како тие џандарите што имале досие претходно, а работеле како полицајци. Еден кадар што да ти расправам.
Кога албанците почнаа да вработуваат по ист систем, одеднаш тоа не чини. Тоа било необразуван кадар.
Лицемерие немој те молам. Администрација е поим за партиско вработување. Без разлика на националност. Тоа да. Го прифаќам и се сложувам. Се друго...е мачкање очи и одбивање да се прифати реалноста дека и албанците почнаа да го прават истото што и македонците го правеа досега. Системот ни е таков. Системот кој што твоите 75% го владеат.
Live with it.
Батка, зошто не го гледаш тоа пропорционално. Од сите неплаќачи на сметки 70% се Албанци. Не е тоа по рамковен мислам...
Дали ти ќе го подржиш ЕВН кога ќе почнат да ги исклучуваат селата што не плаќаат и ќе ги осудиш тие кои за тоа ќе плачат дека е тоа репресија врз нив.
Да. Ќе ги подржам. Јас си ги чувам сметките од 90та па навака. Нека исклучат тие што не плаќаат. Ама јас, кој што плаќам, да ме исклучи поради комшијата???? Нема теоретски шанси тоа да го подржам.
без објаснување
арачиново, прва слободна економска зона и тест лабарот
пластичарска лас вегас
кондово змаево гнездо
сарај, свадба 24 часа
Арачиново Слободна економска зона?? Друже, што е Гевгелија, Крива Паланка? Кога затворија границата со Бугарија и не можеше веќе да се шверца ништо, кривопаланчанци умреа од глад.
Пластичарска лас вегас? Сите таму плаќаат данок. До последен. Гарантирам и можам да ти докажам. Уредени им се сите документи за фирма. Не веруваш, бујрум и тебе ќе ти докажам.
Кондово? Змаево гнездо? Ма дај. Самата твоја власт го брани Змејот.
Сарај? Што па ти пречи свадба? Не сакаш веселби?